ИНСТИТУТОТ ЗА ТБЦ ЈА ИСПРАТИ ПОСЛЕДНАТА ПАЦИЕНТКА ХОСПИТАЛИЗИРАНА ПОРАДИ КОВИД: Директорот Сеад Зејнел ексклузивно за Фактор
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2021 15:33
Ковид-центрите на територијата на цела
Македонија се празнат секојдневно, а приемите на пациенти поради компликации од
корона вирусот се сведени на минимум. Според последните податоци од Министерството
за здравство бројот на пациенти на кои им е потребно болничко лекување веќе е
под 100, односно имаме само 96. Во Скопје остануваат само 30 пациенти и тоа 12
во ГОБ „8 Септември“ и 18 на Клиниката за инфективни болести. Институтот за
ТБЦ, пак денеска го испрати последниот пациент кој таму се третираше поради
Ковид-19. Директорот на Институтот, д-р Сеад Зејнел во разговор за Фактор
посочува дека зголемувањето на стапката на вакцинацијата, спречувањето на трансмисијата
на вирусот, како и развојот на нови терапиии преку размена на знаења и податоци
ни дава реална надеж дека ќе го видиме крајот на актуелната пандемија.
-Чуствуваме исполнетост и гордост што во време на најголемата глобална здравствена криза, коронавирусната пандемија, служевме на нашиот народ во првите редови како еден од ковид центрите во нашата земја. Од друга страна, среќни сме што го поминавме овој тежок период без поголеми проблеми по однос на нашето здравје и функционирањето на работниот процес, од кој излегуваме со поголемо искуство и подготвеност за периодот што следи. Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Скопје, се стави во служба како ковид центар на 1ви Ноември 2020 година, кога вториот бран земаше замав, како во светски рамки така и кај нас. Во текот на целиот овој седум месечен период служеше со капацитет од 56 кревети, кој во пиковите на вториот и третиот бран беше со недели исполнет до максимум. Во секој момент имаше доволно болнички кревети за згрижување на сите пациенти, со оглед на тоа што веднаш после нашето ставање во функција како ковид центар, непосредно се пренаменија и другите клиники од интернистичкиот блок. Како што соодветниот бран земаше замав секогаш имаше спремна клиника да го прифати евентуалниот број на хоспитализации, иако бевме под притисок, немаше кризни моменти. Во постојана и интензивна комуникација со Министерството за здравство и директорите на сите ковид центри во земјата, како и службата за итна медицинска помош, секој пациент беше навремено и непречено згрижен, вели д-р Зејнел.
Директорот Зејнел истовремено посочува дека темпото и товарот на работата биле навистина големи, но дека дефинитивно тимски успеале да се изборат со сите предизвици.
-Лекарите, сестрите и болничарите, сплотени како еден функционален тим беа на висина на задачата против сите предизвици наметнатати од ковид19. Таа сплотеност беше неопходна како никогаш порано, а јас како директор понудив блиска и отворена комуникација и непосредна достапност за мојот персонал, како би можеле на крајот од денот да овозможиме максимална грижа на нашите пациенти, појаснува д-р Зејнел.
Во однос на неговите предвидувања за состојбата од есен, дали е можен сличен налет на вирусот каков што беше пролетва д-р Зејнел е реален оптимист во однос на периодот што следи, посочувајќи дека вакцините против-корона вирусот, нивната ефикаснот, даваат надеж дека наскоро може да го видиме крајот на епидемијата на Ковид-19.
-Со оглед на тоа што вакцините покажаа висока ефикасност, сите идни траектории на состојбата во врска со ковид19 ќе зависат од стапката на вакцинираните адулти. Појавата на новите варијанти на коронавирусот претставува фактор кој треба да се земе во предвид кога станува збор за предвидувањата, но пак ќе повторам дека сега ги имаме вакцините, кои со нивната ефикасност придонесуваат во спласнување на пандемијата. Зголемувањето на стапката на вакцинацијата, спречувањето на трансмисијата на вирусот, како и развојот на нови терапиии преку размена на знаења и податоци ни дава реална надеж дека ќе го видиме крајот на актуелната пандемија, заклучува д-р Зејнел во разговорот за Фактор.
Анита Буховски* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“





