20 Декември, 2025
0.1628

Интел и ФК„Барселона“ склучуваат договор за партнерство

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2013 20:04

Добивај вести на Viber

Корпорацијата Интел и фудбалскиот клуб „Барселона“ денес го објавија потпишувањето на договор за партнерство кој ги соединува двата брендови кои имаат заеднички вредности кога станува збор за иновација и перформанс, како и поддршка на заедниците на кои им служат низ целиот свет.

„Ова е повеќе од спонзорство за Интел,“ изјави ДебраКонрад, главен директор за маркетинг во Интел. „Технологијата која ќе ја воведеме и програмите на кои работиме заедно се дизајнирани да го издигнат ФК Барселона во еден од технолошки најнапредните фудбалски клубови во светот, како и за да воведат нови амбиции за образовни иницијативи.“

Партнерството ќе биде претставено на новите дресови на ФК Барселона, на кои ќе се најде логото на Интел. Ова е прв случај каде лого на партнер ќе се најде на дресовите на овој клуб. Новите дресови беа претставени денес во просториите за тренинзи од страна на ДебраКонрад како претставник на Инте, Сандро Росел, претседателот на ФК Барселона и играчите Жерар Пике и КарлесПујол. Новиот дрес ќе се носи на натпреварот против „Вилареал“ на 14 декември.

„На наше огромно задоволство, ФК Барселонаги здружува силите и ги споделува вредностите на иновација и тимска работа со светски признаена компанија како што е Интел,“ изјави Росвел. „Секој поставува нови трендови во своето поле на работа и сигурен сум дека соработката која ја започнуваме ќе биде од голема важност и ќе значи повеќе од само финансиско спонзорство.“

Иницијативите кои беа претставени денес се:

  • Обезбедување на производи со Интел технологија на студентите на познатата академија „ЛаМасија“ со цел да се негува креативноста.

  • Обезбедување најнови 2 во 1 уреди базирани на Интел за играчите и тренерите на ФК Барселона, како и соработка со клубот за подобрување на истражувањето, тренинзите и играта со помош на најнови технологии.

  • Соработка за подобрување на искуството на обожавателите со помош на нова технологија на Камп Ноу.

  • Обезбедување најнова технологија на образовната мрежа која ФК Барселона ја има развиено низ целиот свет.

За Интел

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com.

За ФК Барселона

ФК Барселона е основан на 29 ноември 1899 година по иницијатива на Швајцарецот ХансМаксимилијанГампер, попознат како ЖоанГампер. Тој, заедно со мала група соработници го основале клубот како гест кон Каталонија, во која се чувствувале добредојдени. Откако е основан, клубот имал 39 различни претседатели. Од Волтер Вајлд до Сандро Росел, Барса прерасна во огромен општествен феномен кој ги надминува границите на спортот. Клубот расте, исто како и градот во кој се наоѓа и ги претставува Барселона и Каталонија низ целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии