18 Декември, 2025
0.2963

Интел објавува приход во првиот квартал од 12,8 милијарди долари, Конзистентен со предвидувањата

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2015 12:05

Добивај вести на Viber

• Рамен приход од година во година: Намалување кај бизнисот со персонални компјутери, надоместен од растежот кај дата центрите, Интернетот на Нештата (IoT) и бизнисот со мемории

• Оперативен приход од 2,6 милијарди долари, зголемување за 4 проценти од година во година

• Приход на групацијата „Data Center Group“ од 3,7 милијарди долари, зголемување за 19 отсто од година во година; Приход на „Internet of Things Group“ од 533 милиони долари, зголемување за 11 проценти од година во година.

Корпорацијата Интел денес објави приход во првиот квартал од 12,8 милијарди долари, тековен приход од 2,6 милијарди долари, нето приход од 2,0 милијарди долари и заработувачка по акција од 41 центи. Компанијата заработила приближно 4,4 милијарди долари готовина од работење, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 750 милиони долари за повторно да купи 21 милиони акции на берзата.

„Приходите од година во година се рамни, со двоцифрен приход кај дата центрите, IoT и мемориите со што се надополнува намалувањето на приходите од бизнис десктоп персоналните компјутери“ изјави извршниот директор на Интел Брајан Крзанич. „Овие резултати ја истакнуваат важноста на нашата продолжена стратегија за раст.“

Клучни финансиски податоци и состојба на деловните единици за првиот квартал

•  „Client Computing Group“ оствари приход од 7,4 милијарди долари, намалување за 16% секвенцијално и намалување за 8 отсто од година во година.

•  „Data Center Group“ оствари приход од 3,7 милијарди долари, намалување за 10% секвенцијално и зголемување за 19 отсто од година во година.

•  „Internet of Things Group“ оствари приход од 533 милиони долари, намалување за 10 отсто секвенцијално и зголемување за 11 отсто од година во година.

•  „Software and Services“ оствари приход од 534 милиони долари, намалување за 4 отсто секвенцијално и намалување за 3 отсто од година во година.

finansiska sporedba finansiska sporedba 1

Деловна перспектива

Деловната перспектива на Интел не ги вклучува потенцијалните влијанија од какви било деловни комбинации, стекнување на средства, продажби или други инвестиции по 14-ти април.

Втор квартал 2014

• Приход: 13,2 милијарди долари, плус или минус 500 милиони долари.

• Процент на бруто маржа: 62%, плус или минус неколку процентни поени

• Потрошувачка за истражување и развој (R&D) заедно со здружувања и стекнувања (MG&A): приближно 4,9 милијарди долари.

• Реструктурирање и промени кај акциите: приближно 120 милиони долари.

• Aмортизација на нематеријалните средства поврзани со стекнување: приближно 60 милиони долари.

• Влијание на капитални инвестиции, камати и останато: приближно 60 милиони долари.

• Депрецијација: приближно 1,9 милијарди долари.

• Даночна стапка: приближно 20 проценти.

Годишно 2014

• Приход: приближно еднаков, непроменет од очекуваното.

• Процент на бруто маржа: 61%, плус или минус неколку процентни поени.

• Потрошувачка за истражување и развој (R&D) заедно со здружувања и стекнувања

(MG&A): приближно 19,7 милијарди долари, плус или минус 250 милиони долари.

• Aмортизација на нематеријалните средства поврзани со стекнување: приближно 250 милиони долари.

• Депрецијација: 8,0 милијарди долари, плус или минус 100 милиони долари.

• Даночна стапка: приближно 25 отсто за третиот и четрвртиот квартал.

• Капитална потрошувачка за целата година: 8,7 милијарди долари, плус или минус 500 милиони долари.

За дополнителни информации за деловната перспектива на Интел, погледнете го коментарот на Главниот финансиски директор на веб-страницата: www.intc.com/results.cfm.

Статус на деловната перспектива

Деловната перспектива на Интел може да се најде на intc.com и може да се повторува на јавни или приватни состаноци со инвеститори и други. Деловната перспектива ќе биде ефективна до завршувањето на деловното работење, 12-ти јуни освен ако не се ажурира порано; со исклучок на деловната перспектива за амортизацијата на нематеријални срества поврзани со стекнување, влијанието на капиталните инвестиции, камата и останато и даночната стапка, кои ќе бидат ефективни само до завршувањето на деловното работење на 21-ви април. Таканаречениот тивок период на Интел ќе започне на 12-ти јуни до објавувањето на заработувачката за третиот квартал, кое е закажано за 15-ти јули 2014 година. Во текот на тивкиот период, сите деловни перспективи и други изјави кои се однесуваат на иднината објавени во објавите за новинарите и финансиските извештаи треба да се сметаат за минати, од гледна точка пред тивкиот период и кои не се ажурирани од страна на компанијата.

Фактори на ризик

Горенаведените искази и сите други во овој документ кои се однесуваат на плановите и очекувањата за четвртиот квартал, за годината и во иднина се далекусежни изјави кои вклучуваат голем број на ризици и неизвесности. Зборови како што се “предвидува“, “очекува“, “има намера“, “планира“, “верува“, “има за цел“, “проценува“, “може“, “ќе“, “треба“ и нивните варијации се вбројуваат во далекусежни изјави. Извештаи кои се однесуваат или се базираат на проекции, неизвесни настани или претпоставки, исто така се идентификуваат како далекусежни извештаи. Многу фактори можат да влијаат на реалните резултати на Интел, и разлики од сегашните очекувања на Интел во врска со таквите фактори, можат да предизвикаат реалните резултати материјално да се разликуваат од оние изразени во овие делекусежни изјави. Според Интел следните фактори се важни и би можеле да предизвикаат резултатите материјално да се разликуваат од очекувањата на компанијата.

• Побарувачката може да биде различна од очекувањата на Интел поради фактори кои вклучуваат промени во деловните и економски услови, вклучувајки ограничувања во снабдувањето и други пореметувања кои влијаат врз потрошувачите; прифаќањето од страна на потрошувачите на производите на Интел и на конкуренцијата; промени во порачките кои вклучуваат откажувања; како и промени во залихите на потрошувачите. Несигурностите во глобалните економски и финансиски состојби претставуваат ризик при кој може да се случи потрошувачите да го одложат купувањето како одговор на негативните финансиски настани, кои би можеле негативно да влијаат врз побарувачката на производи и други поврзани случаи.

• Интел работи во поле на интензивно конкурентни индустрии се карактеризираат со висок процент на трошоци кои се фиксни или тешки за намалување на краток рок и побарувачка на производи која е варијабилна и тешка да се предвиди. Процентите на приход и бруто маржа се погодени од времето на пласирање на производите на Интел како и прифаќањето и побарувачката на пазарот, преземените дејства од страна на конкуренцијата на Интел, вклучувајки понуди и претставување на производи, маркетинг програми и ценовни притисоци и одговорот на Интел на таквите активности, како и способноста на Интел брзо да одговори на технолошкиот развој и да вклучи нови карактеристики во своите производи.

• Процентот на бруто маржата може значително да отскокнува од очекувањата во зависност од искорисутвањето на капацитетите; варијациите во вреднувањето на залихите, вклучувајќи варијации поврзани со времетраењето на квалификацијата на производите за продажба; промените во приходите; мешањето на сегментите на производите; времетраењето и изведбата на производствената линија и трошоците околу истата; почетни трошоци; одвишок или непотребни залихи; промени во цените на единиците; дефекти или прекини во обезбедувањето материјали или ресурси; квалитет во производството; и оштетување на долготрајни средства, вклучувајќи производствени, подвижните и нематеријални средства.

• Очекувањата за даночната стапка се базира на тековниот закон за даноци и тековната очекувана добивка. Врз даночната стапка може да влијае надлежниот орган кој одредува како ќе го оданочи профитот; промените во предвидувањата за кредитите; решавањето на проблеми кои настануваат со ревизијата на данокот од даночната служба кои вклучуваат плаќање на казни и камати; како и способноста на компанијата да ги добие одложените даночни средства.

• Добивките или загубите од капиталните хартии од вредност како и каматите можат да варираат од очекувањата во зависнот од добивките и загубите во продажбата, размената, промените во проценетата вредност или оштетувањето на долгот и капиталните инвестиции; билансот на состојба и промени во проценетата вредност на деривативните инструменти.

• Pезултатите на Интел би можеле да бидат погодени од лошите економски, социјални и физички/инфраструктурни околности во земји каде Интел, неговите клиенти или неговите добавувачи работат, вклучуваќи воен конфликт и други безбедносни ризици, природни катастрофи, нарушување на инфраструктурата, здравствени пречки и варирање на курсот на валутата.

• Трошоците, особено одредени трошоци околу маркетинг и компензации, како и реструктуирање и промени во оштетувањето на средствата, варираат во зависност од побарувачката за производите на Интел и нивото на приходи и добивка. Резултатите на Интел би можеле да бидат погодени од времето затворањето на стекнувањата и намалувањата. Резултатите на Интел би можеле да бидат погодени од несаканите ефекти поврзани со дефекти на производи и исправки (дeвијација од објавени спецификации) и парничење, или регулаторни прашања кои вклучуваат интелектуална сопственост, акционер, потрошувачи, недоверба и други прашања, како што се парничење и регулаторни прашања опишани во (SEC) финансиските извештаи на Интел. Неповолна судска одлука би можела да ги вклучи монетарните штети или забрана за прозиводство или продавање на еден или повеќе производи, спречувајќи одредени деловни практики, да влијае врз можноста на Интел да ги дизајнира сопствените производи, или други решенија како задолжително лиценцирање на интелектуалната сопственост.

Детална дискусија за овие и други фактори на ризик што би можеле да влијаат на резултатите на Интел се вклучени во финансиските извештаи, вклучувајќи ги најновите 10-Q и 10-K формулари.

Интернет пренос

Интел ќе одржи јавен интернет пренос денес, во 14 часот по дневно пацифичко време на својата веб страница за инвеститорите на: www.intc.com. Ќе има реприза на преносот, како и можност за преземање во MP3 формат.

           Интел ќе поднесе извештај за својата заработувачка од вториот квартал од 2015 година на 15-ти јули 2015. Веднаш по ивештајот, компанијата планира да објави коментар на Стејси Џ. Смит, постар потпретседател и главен финансиски директор на: www.intc.com/results.cfm. Јавен интернет пренос на конференцијата за заработувачката на Интел  ќе следува во 14 часот по дневно пацифичко време на www.intc.com.

Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!