20 Декември, 2025
0.0431

Интелигентен омекнувач на вода поврзан со мобилен телефон за попријатно туширање

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2015 15:33

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком со интернационалниот натпревар Business Wall of Fame на сите развивачи на М2М решенија од доменот Интернет на нештата („IoT”) им овозможува да го направат своето бизнис решение славно и да добијат медиумска кампања вредна 30.000 евра

Во тек е фазата на гласање за учесниците на интернационалниот натпревар Business Wall of Fame, кои ги пријавија своите М2М бизнис решенија во доменот „Интернет на нештата“. Едно од пријавените решенија е и интелигентниот омекнувач на вода, чијаосновна функција е да ја омекне водата и да ги отстрани дамките од бигор на чашите, наслагите на греачите и цевките, да го подобри перењето и да го направи туширањето попријатно.

Поставениотмикрокомпјутервоомекнувачотја прати функционалноста на истиот и интерактивно комуницира со Cloudсервер.На серверот се зачувува историјат на настани и грешкии од таму се овозможува комуникација со корисникот преку паметен телефон. Од телефонот клиентот е известенизвестувазаразличнитепроблемипрекупоп-аппораки. Доколку корисникот не е во можност да реагира на пораките, системот ја известува сервиснатаслужбазанастанататаситуација и корисникотдобива повик од оператор заприродатанапроблемот, за што ќе му се дадат насоки за неговонадминување и понатамошно непреченотофункционирањенаомекнувачот.

„Денес технологијата ни овозможува континуирана интеракција со пријателите и нештата.

Дојде време на поврзаност и подобра комуникација со апаратите и уредите, а конкретно нашето решение го поедноставува користењето на апаратот за омекнување на водата. Интеракцијата со него е овозможена преку сервисите на Т-Home, а неговата работа може да се следи на паметен телефон или на таблет“ - изјави Сашо Пандилов од „Б-П Филтри“ секторот во Бентен-Пан, креатор на ова решение.

Апликацијата нуди поврзување и со останатиуредикако други филтри или апарати, бојлер, греење, ладење, осветлување, аларменсистем, видеонадзор илимотороддворнакапија, како во домаќинството така и во индустријата.Концептот кој е развиен од страна на Бентен-Пан, со своите партнери е флексибилен, универзален и применлив во секоја индустрија. Така поврзани нашиот живот станува поедноставен и побезгрижен, а времето покорисно.

„Ние веруваме во иновативноста на македонските компании.И не само што веруваме, туку и навистина, и паметниот омекнувач и останатите досега пријавени решенија од Македонија, може да бидат применливи и на локалниот пазар, но и на интернационално ниво. Решенијата на сите учесници, без разлика на кое место ќе бидат пласирани, ќе можат да се најдат на интернационалната страница на BWoF, каде ќе можат да ги разгледаат и други деловни корисници од другите земји. Ова е убава можност учесниците да ги прослават своите решенија, да ги направат познати на меѓународно нивоземјии да допрат до потенцијални 10,8милионибизнис корисници“ - изјави Слободанка Јакимовска Јосифовиќ, Директор на сектор за развој на деловни и ИКТ услуги и решенија.

Македонски Телеком  е драјвер на технологијата во Македонија со креирањето на  производи и услуги во телекомуникацискиот сегменткој имовозможува на корисницитедополнителна вредност што не е од доменот на телекомуникациите, како  мобилното плаќање, дигиталната телевизија, клауд услугите или новиотLOOPдигителен албум.

Некои од имплеметнираниМ2М („IoT“) решенија во нашата блиска околина се решението за паметен рудник во Бугарија, кое ја зголеми продуктивноста во изнаоѓањето на златна руда  и имплементација на „Смарт сити“ во Дубровник со кој градот штеди трошоци за струја и комунална хигиена поради централизираното управување.

„Овие нешта кои се чинат технолошки далеку, но деловните и приватните корисници брзо го прифаќаат овој глобален концепт поради големите придобивки што со себе ги носи. Македонски Телеком како сервис провајдер е во ситуација да го поддржи понатамошниот развој на овие решенија, за што сме особено среќни и горди“ - дадава Слободанка Јакимовска Јосифовиќ.

За повеќе информации околу ова („IoT“) решение, посетете ја страницата

https://www.wallofbusiness.com/mk/macedonia/solution/inteligenten-omeknuvach

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии