ИНТЕРАКТИВНА МАПА НА СКОПЈЕ: Информации за достава на храна и лекови во време на полициски час
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Април, 2020
Град Скопје во соработка со GDI Skopje изработи интерактивна мапа за достава на храна, намирници и лекови за време на полицискиот час на територијата на сите скопски општини.
На мапата ќе ги најдете сите дејности што ви стојат на располагање во вашата општина, и во согласност со вашите потреби може да направите онлајн или телефонска нарачка за достава. Исто така, важно е да се напомене дека оваа мапа постојано ќе се надополнува со нови информации и дејности. #СедиДома
Линк од мапата - http://gdi.mk/GradSkopjeDostava/