Интерес кај земјоделците за субвенции за млеко и осигурување на културите
Објавено во: Агробизнис 17 Април, 2013 11:20
Од почетокот на овој месец започна пријавувањето на сточарите за субвенции по литар продадени млеко, кое ќе трае до крајот на овој месец, а за литар млеко сточарите ќе добијат по 3,5 денари.
- Барањата се поднесуваат во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделското производство во Кочани, а потоа од таму ќе бидат обработени во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и вдоостопанство, изјави Влатко Минов, раководител на Подрачната единица во Кочани.
Според него, се очекува 500 сточари да поднесат барање за субвенции по литар продадено млеко. - Се работи за продадено млеко во текот на месеците октомври, ноември и декември, во рамките на проектот Прва фаза за млекопроизводство 2013, истакна Минов.
Истовремено во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани трае и пријавувањето од страна на земјоделците за осигурување на земјоделските култури, за кој интересот годинава е мошне голем, во споредба со предходните неколку години.
Ова, истакнува Минов е од едноставна причина што земјоделците поучени од елементарните непогоди кои го зафатија подрачјето започнаа да ги осигуруваат земјоделските култури.
- Државата субвенционира 60 проценти од парите за осигурување. Земјоделците најпрвин доаѓаат во просторите на Подрачната единица по соодветната потврда па потоа одат во осигурителните компании каде што прават полиса и повторно се враќаат кај нас и поднесуваат барање за субвенционирање, појасни Минов.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





