Добивај вести на Viber
Компанијата „Интернешнал хотелс“ АД Скопје, која го поседува хотелот Континентал во Скопје, 2012 година ја заврши со три пати поголема добивка споредено со претходната година.
Според консолидираниот финансиски извештај објавен на Македонска берза, хотелската групација 2012 година ја завршила со вкупна добивка од 205 илјади евра или 12,5 милиони денари што е тројно повеќе споредено со добивката од 67 илјади евра остварена во 2011 година.
При тоа вкупните оперативни приходи на компанијата лани пораснале за 9% на 102,8 милиони денари или 1,6 милиони евра, а оперативните расходи останале на исто ниво како и претходната година на вкупно 85,4 милиони денари или 1,3 милиони евра.