19 Декември, 2025
0.0578

Интервентна радиологија во „Аџибадем Систина“: Нов пристап во третманот на мозочни удари, канцер и метастази

Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2023 11:55

Добивај вести на Viber

Со минимално инвазивни процедури, односно без хируршка интервенција и со пократок период на заздравување, во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ се третираат различни видови васкуларни и неваскуларни заболувања. Со инвестициите во опрема и во кадар, Одделот за радиологија во оваа установа прерасна во еден од најдобрите во регионот. Интервентната радиологија како понова гранка во медицината, во „Аџибадем Систина“, функционира на ниво како и во сите модерни светски здравствени установи. На ваков начин, единствено и првпат се изведуваат сложени неинвазивни операции на заболувања меѓу кои третман на мозочен удар, мозочни и висцерални аневризми, таргетиран третман на тумори и метастази и интервенции на проширувања и стенози на крвните садови.

Доц. д-р Александар Ѓорески, специјалист по радиологија, интервентен радиолог и шеф на Одделот за радиологија, објаснува дека од областа на интервентната радиологија се изведуваат стентирања и дилатации на крвни садови во телото и мозокот, но и најразлични видови емболизации кај малигни тумори од типот на хемоемболизации, пред сè, на црниот дроб.

„Се изведуваат и најразлични видови емболизации на други здравствени состојби како што се: миоми на матка, варикоцела, бенигна хиперплазија на простата, третман на хемороидална болест со емболизација, пелвичен конгестивен синдром, емболизации на најразлични видови крвавења, ТИПС, но и интервенции на вените“, вели доц. д-р Ѓорески.

Според него, особено значаен е делот на интервентната онкологија, а вакви процедури се изведуваат ексклузивно во „Аџибадем Систина“. Станува збор за модерен, минимално инвазивен третман на најразлични видови тумори во организмот по минимално инвазивен пат, третман што е таргетиран на мала површина на местото на туморот или на метастазите.

Од друга страна, со поставување на интервентната радиологија на ова ниво, болницата станува единствен сеопфатен центар за третман на акутен исхемичен мозочен удар. Третманот вклучува брза и навремена дијагностика, интравенска тромболиза, механичка тромбектомија, интензивна нега.

Инаку, во болницата веќе е инсталиран еден од најсофистицираните ангиографски апарати во државата со сите потребни дополнителни алатки, што, како што вели доц. д-р Ѓорески, ќе овозможат изведување на комплексни васкуларни интервенции. Ангиографот има врвен квалитет на слика, кој овозможува прецизно снимање и безбедно изведување и на најкомплексните процедури со намалено зрачење. И при овие третмани се применува мултидисциплинарниот пристап во кој лекари од повеќе специјалности се вклучени во комплетната грижа, што е вистинска додадена вредност за здравјето на пациентите.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии