25 Ноември, 2024
0.0297

ИНТЕРВЈУ Андреевски: И покрај кризата, инвеститорите не повлекуваа пари од ВФП фондот, приносите се високи

Објавено во: Економија, Интервјуа 10 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

И покрај кризата една од најтешките досега, инвеститорите на  ВФП Фонд Менаџмент не повлекувале од своите средства, напротив, дополнително ги зголемувале уплатите во фондот. Петар Андреевски главен извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент во разговор за Фактор вели дека од почетокот на кризата на пазарите на капитал, до сега во сите фондови под нивно управување и преку услугата управување со индивидуални портфолија купиле хартии од вредност во вкупен износ од 10 милиони евра. Андреевски вели дека моментално инвестираат во јаки компании како Novo Nordisk, Microsoft,  Philip Morris,  Mastercard Inc, Facebook. Компанијата пред 6 месеци, меѓу првите во Македонија почна да ја нуди и услугата водење на индивидуални портфолија за високоимотни индивидуи.

Открива дека нивниот бренд од тука, односно од Македонија отвори три ќерки компании во Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.


Во услови на пандемија на Ковид-19 и во време на значајна економска криза, кои се предизвиците со кои се соочуваат финансиските институции?

Андреевски: Главни предизвици со кои би се очекувало да се соочат Asset Management компании во вакви кризи се поголем број повлекување на средства од страна на инвеститорите предизивикани од паника, како и со потешкотии во прилагодување на работа од дома, односно намалување на продуктивноста на вработените. Ние како Друштво сме посебно задоволни што не се соочивме со проблеми во надминување на овие предизвици. Во изминатиот период не само што немавме зголемување на бројот на повлекувања на средства, туку забележавме значајно зголемување на бројот на доплати од страна на инвеститорите, како и на бројот на нови инвеститори. Ваквиот резултат веруваме дека се должи на добро презентирање во минатото на производите пред инвеститорите, со што тие беа свесни дека во одреден период за време на инвестицискиот хоризонт ќе има позначаен пад на берзите и дека во тој момент не само што не треба да повлекуваат средства, туку е погодно и да се инвестираат дополнителни износи, бидејќи истите компании во тој период инвеститорите имаат можност да ги купат на поефтина цена од пред започнување на криза, се разбира ова го кажувам од аспект на инвестирање на долг рок во квалитетни компании. Посебно сме задоволни од колегите во продажната мрежа на нашата компанија, како и од нашата администрација која неверојатно брзо и квалитетно се прилагоди на новите услови, односно на работа од дома. Применувајќи ги новите трендови како користење на Zoom апликацијата, лесно и брзо се поврзувавме со постоечките како и со новите потенцијални инвеститори, а дополнително оваа ситуација ни овозможи и да увидиме нови можности за попродуктивно работење во одредени сфери. Во текот на овој период дури и продолживме со едукацијата која ВФП континуирано ја спроведува на колегите од продажниот тим со цел тој постојано да биде во тек со најновите случувања на пазарите на капитал и со услугите на компанијата. Беспрекорната соработка меѓу вработените и добрата атмосфера која владее во компанијата, дополнително помогна за продолжување на одличната комуникација и тек на информациите во рамки на компанијата, иако секој работеше изолирано од другите. Целиот овој период го доживеавме како изненаден тест за компанијата, на кој мора да признаам дека имавме исклучително добри резултати.


Кон што се фокусирате вие во моментов? Какви продукти нудите?

Андреевски: Ние во моментов имаме најширока палета на инвестициски фондови на пазарот кои се со различна инвестициска политика, со цел да можеме да ги задоволиме потребите на сите типови на инвеститори. Имаме под управување акциски фонд ВФП Премиум Инвест кој инвестира во големи мултинационални компании како Nestle, Roche Holding, Allianz Se, Apple и 130 други компании, Обврзнички фонд ВФП 100% Бонд кој инвестира во обврзници во држави во развој, кој во голем дел вклучува и македонски обврзници, како и во високоприносни корпоративни обврзници, дополнително управуваме и со паричен фонд ВФП Кеш Депозит кој е многу корисен за управување со ликвидност пред се на правните лица, но е корисен и за физичките лица кои имаат намера да ги користат средствата за пократок период, имајќи во предвид дека има значајно повисок принос од тоа што може да се добие од депозитите по видување во моментов на пазарот.

Пред 6 месеци, меѓу првите во Македонија почнавме да ја нудиме и услугата водење на индивидуални портфолија за високоимотни индивидуи. Оваа услуга вклучува евалуација на ризичниот профил на инвеститорот и согласно со тоа креирање на персонализирано портфолио составено од странски акции, обврзници, ЕТФ-ови со цел да одговара на карактерот и потребите на инвеститорот, односно на апетитот за ризик на инвеститорот, неговиот капацитет да преземе ризик, хоризонт на вложување, искуство во инвестирање и очекуван принос. Дополнително по креирање на портфолиото секојдневно се следат перформансите и информациите за хартиите од вредност во портфолијата.


Кои акции во моментов се најинтересни?

Андреевски: Кога купуваме акции за ВФП Премиум Инвест фондот и кога ги препорачуваме во одредено индивидуално портфолио најголем акцент ставаме на квалитетот на компаниите, а потоа водиме сметка да не ги преплатиме, за последниот чекор да ни биде да чекаме да ги видиме плодовите од инвестицијата, ги следиме компаниите, но не ги продаваме, освен во исклучителни ситуации. Односно се фокусираме тие да имаат добар поврат на инвестиран капитал, да имаат нето инвестиции, да вложуваат значајни износи во истражување и развој, да остваруваат стабилен кеш од оперативни активности низ годините, без проблем да ги покриваат своите долгови, да имаат висока бруто маргина и/или обрт на средства. Притоа водиме сметка на нивните моментални пазарни показатели со цел да не ги преплатиме. Како таков тип на компании, во минатиот период како Друштво ги препознавме: Novo Nordisk A/S,Microsoft Corporation, Philip Morris International Inc, Mastercard Inc, Facebook Inc, Roche Holding AG, Apple Inc, Allianz SE, Unilever NV и други.

Што купувате и колку?

Андреевски: Како Друштво забележивме зголемени уплати и заинтересираност кај инвеститорите и за акции и за обврзници.

Овој период во нашите акциски портфолија бевме повеќе фокусирани на дефанзивни сектори и на информатичка технологија. Од почетокот на кризата на пазарите на капитал, односно од 19 февруари 2020 до сега во сите фондови под наше управување и преку услугата управување со индивидуални портфолија имаме купено хартии од вредност во вкупен износ од 10 милиони евра.

Овој период го искористивме да купиме и државни и корпоративни обврзници со одлични приноси во евра и долари кои на инвеститорите во обврзничкиот фонд и на тие со обврзници во своите индивидуални портфолија ќе им донесат одлични приноси за ризикот кој го преземаат. Така овој период успеавме за инвеститорите да купуваме државни обврзници од Јужна Африка со 4,9 проценти принос во евра, турска обврзница со 6,7 отсто принос во евра, како и дел од македонската обврзница која ја издаде владата на принос од 3,95 проценти која пак за македонските инвеститори е со исклучително интересен принос. Приносот до доспевање на обврзниците на нашиот обврзнички фонд ВФП 100 проценти Бонд заклучно со 03.06.2020 е 4,2 проценти што е навистина интересно ако се спореди со 5 годишни депозити со девизна клаузула во државава кај кои каматата изнесуваат просечно 0.5 отсто на годишно ниво односно 8 пати повеќе.


Какви се показателите за работата годинава и каква ви е стратегијата за раст, особено во услови на ниски камати на депозитите во банка?

Андреевски: Како што кажав и претходно, одлично се справуваме до овој момент во работнава година, во моментов имаме најмногу средства под управување од било кога претходно. Нашата стратегија за следниот период останува фокусирана на развој на нашите кадри, а преку тоа се подразбира фокусот е секогаш да нудиме што е можно подобра услуга на нашите инвеститори. Сакаме на нашите инвеститори да им понудиме персонализирана услуга со македонската непосредност проткаена со австриската традиција, стабилност и прецизност. Нашиот бренд веќе е препознаен од македонските инвеститори што пак ни даде за право да почнеме да градиме сериозен регионален бренд со отворање токму од тука, од Македонија на три ќерки компании во Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.


WVP е своевиден лидер на продажба на осигурителни и финансиски производи во повеќе земји. Какви се искуствата од надвор споредено со земјава.

Андреевски: Тоа што ВФП Групацијата од Грац, Австрија има 35 години искуство во бизнисот со брокерство во осигурувањето ни даде можност да ја направиме можеби и најголемата иновација на македонскиот пазар на животно осигурување во минатите години со промовирање на најатрактивниот продукт за животно осигурување во Европа – Unit linkedосигурување, односно животно осигурување поврзано со нашите фондови. Практично пред 4 и пол години со Винер Лајф АД Скопје дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG) која има 200 годишно искуство со осигурување во Австрија и повеќе од 50 милијарди евра под управување склучивме договор за промовирање на првиот таков производ за животно осигурување во Македонија, како и во овој дел од Балканов. До овој момент се продадени повеќе од 8.000 Unit Linked животни осигурувања поврзани со нашите фондови на нашиот пазар, што практично ја диктира новата динамика на развојот на пазарот. Во тој бизнис денес можеме да кажеме дека сме Друштво за управување со инвестициски фондови кое има Договор за соработка со уште неколку европски брендови во бизнисот со животно осигурување и тоа Граве Осигурување АД Скопје, Кроација Осигурување – живот АД Скопје и Уника Лајф АД Скопје. Македонското искуство и соработка со unit linked продуктите го пренесовме и на нашата ќерка компанија во Србија каде што имаме одлична соработка со Wiener Städtische osiguranje AD Beograd исто така дел од VIG и полека, но сигурно напредуваме и на српскиот пазар. Кредибилноста на нашиот бренд за unit linked продукти веруваме дека ќе се потврди и во Албанија и Босна и Херцеговина со лансирање на такви продукти во најскоро време.

Александра Томиќ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОНЕЧНО И МЕДИУМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И МЕДИУМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите