20 Јануари, 2025
0.0356

ИНТЕРВЈУ Андреј Жерновски: Во центар сработивме повеќе отколку ВМРО ДПМНЕ за 13 години!

Објавено во: Мои пари 03 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Андреј Жерновски, новиот градоначалник на Центар по многу нешта беше и е во фокусот на вниманието на македонската јавност. На почетокот од оваа година во интервју за Фактор говори за предизвиците со кои се соочи по седнувањето во градоначалничката фотелја, за идните планови, за начините преку кои ќе ги реализира ветувањата, но и за критиките во јавноста дека се занимава премногу со политика, а не со својата работа. Жерновски и фрла ракавица на владеачката парија велејќи дека за 8 месеци, тој и неговата екипа сработеле повеќе во центар од ВМРО ДПМНЕ за 13 години. Фактор Најавивте отстранување на споменикот на цар Душан и неколку други кои преку ноќ “изникнаа“ на Мостот на цивилизациите. Комисијата што ја формиравте ад-хок, констатираше “вишок“ од девет споменици. Целиот случај подигна политичката тензија – од едната страна имаше чекани во рацете на функционери на ДУИ кои се обидоа да го урнат, а од другата полиција која сега деноноќно го чува, иако официјално никој од државните институции не застанува зад неговото поставување. Што ќе правите? Жерновски Во 2010 година со решение се избрани делата на неколку скулптори, меѓу нив и 7 скулптури на Валентина Стевановска , кои требале да изработат 29 скулптури за Мостот на цивилизацијата, или како што тогаш е наведен Пешачкиот мост. Се работи за скулптури за не толку знајни личности од дамнешното минато, некои и неколку века пред нашата ера. Од тие 29 договорени и нарачани, 5 ги нема на мостот, но затоа има нови споменици, за кои не се знае ниту кој ги нарачал, ниту кој ги поставил. Меѓу нив е и споменикот на Цар Душан. Комисијата ги испитува документите, и доколку се утврди дека се работи за дивоградби, се знае како со нив се постапува. Општина Центар, додека сум јас градоначалник, нема да дозволи незаконитост. Фактор Што е за Вас случајот “Душан“. Споменик поставен во погрешно време и на погрешно место или... парадигма за меѓунационални тензии во кои  – се собираат политички поени? Жерновски Ќе ве потсетам, неколку месеци пред изборите во 2011, имавме сличен настан, кој требаше  да ги подгреат меѓуетничките тензии и да го набилда рејтингот на двете владеачи партии, дека се заштитници и патриоти. Сега, министерката вели дека  не знае кој ја поставил скулптурата на Цар Душан. Па да прашам дали таа не е во добри односи со колешката Јанкуловска. Зошто Јанкуловска не и кажала дека била гостин на Конгрес на коалицискиот партнер Стоиљковиќ кој го најави поставувањето на скулптурата. И ако сакаат вистински да откријат, само треба да ги прегледаат снимките од видео-камерите, кои се поставени и на плоштадот и на ГТЦ и ќе утврдат кој тоа „се дрзнал“ да ја постави скулптурата на Цар Душан. Ова е чисто подигрување со националните чувства за собирање евтини политички поени. Но, што е значајно, сите сакаат да се амнестираат од криминалот во „Скопје 2014“. Фактор Ја објавивте ревизијата за “Скопје 2014“,со која ја обвинувате власта за криминал во милионски износ во евра. Власта ви одговори да поднесете кривични пријави. Ги поднесовте или уште го чекате Јавното обвинителство да реагира по извештајот што му го предадовте? Жерновски Во државава постојат надлежни институции. Обвинителството, освен по пријава, треба да постапува и по „допрен“ глас. Не е возможно да не чуле и виделе што откри ревизијата. Еве и ако не чуле, ние им го однесовме комплетниот извештај, во кои, веќе на сите им е јасно има елементи за постапување. За првиот извештај, кој им беше доставен во месец август, до сега немаме буквално никаков одговор или известување дали ќе преземат нешто. Фактор Во јавноста, најчесто од вашите опоненти, може да се чујат и мислења од типот “Жерновски само се занимава со Скопје 2014, а не прави ништо од доменот на неговите ингерециии  и секојдневни должности“. Како ќе одговорите на ваквите критики? Жерновски Со делата   и сработеното, кои секојдневно се видливи. Јас сум свесен дека што и да се направи, тие тоа ќе го омаловажуваат. Инаку, тоа што ме обвинуваат дека не сум сработил ништо, е навистина смешно, бидејќи  сите мои ветувања во изборната програма се реализираат според договорениот тајминг. Зарем она што сум го ветил за 4 годишниот градоначалнички мандат, некој може да го реализира за 2-3 или 7 месеци. Па тие уште во првиот месец го бараа училиштето  од мене. Зарем некој верува дека училиште  се гради за еден месец. Тоа што  тие со години го ветуваа и не го реализираа, јас треба да го завршам за еден месец?Па еве ќе им кажам, ова општинско раководство реализираше и направи за граѓаните повеќе од она што го направи ВМРО-ДПМНЕ за 13 години владеење со општината. Фактор Во предизборната кампања го ветивте новото училиште, но и гасификација на општината. До каде сте со овие капитални проекти? Жерновски Како што ветив и ќе го реализирам училиштето. Избрано е идејното решение. До крајот на мандатот учениците од Капиштец ќе имаат свое училиште. Јас на советниците им посочив, дека е подобро средствата од кредитот подигнат за нова катна гаража кај Нова Македонија во висина од 4 милиони евра, да се договориме и да се пренасочат за училиште. Мојата заложба и политика е изградба на училишта и градинки, нивната изградба на катни гаражи кои немаат никаква економска исплатливост. Празна стои и катната гаража кај судовите. Со буџетот за 2014 се предвидени средства за реализација на значајниот проект за гасификацијата Фактор Г-не Жерновски што е за Вас 2013 година. Дали првенствено ќе ја паметите по тоа што граѓаните на Центар мораа да гласаат три пати за избор на градоначалник во период од речиси месец и половина. Низ каква призма ја гледате воопшто годината што измина? Жерновски Ова беше исклучителна година. За мене таа е симбол дека вољата на граѓаните да казнува и наградува, не може никој да ја победи. Направија се, но центарци не го подржаа нивниот проект. Ова треба да биде и лекција како треба да се однесуваат и како да се носат одлуките од избраните од народот. По 4 години, ако сте работеле на нивна штета, стигнува заслужената казна, без разлика колкава сила ќе застане зад вас. Фактор Пролетва станавте градоначалник како кандидат на опозицијата предводена од СДСМ на чело со Црвенковски. Веднаш по изборите дојде до смена на водството на Бихаќка. Какви Ви се релациите со Заев и новото раководство на социјалдемократите. Дали и идната година ја продолжувате соработката со СДСМ? Жерновски Со новото водство на Бихаќка имам коректни односи и редовни контакти. Тоа се гледа и по единството и компактноста на советничката група и соработката и поддршката која ја имам со нив. Соработката продолжува, бидејќи имаме иста цел и во општината и на државно ниво. Фактор Каква ќе биде 2014 година – воопшто, на политички план и се разбира за Македонија? Жерновски Посакувам да биде година на расчистување на политичката магла  и освестување. Затоа што власта не може бесконечно да не задолжува и осиромашува. За секоја година велиме дека била турбулентна, оваа ќе биде одлучувачка за многу полиња. Фактор Се подготвувате за предвремени парламентарни избори – ги очекувате ли напролет... ? Жерновски Оваа одлука е исклучиво во рацете на власта и зависи од желбите на Груевски, и се разбира од неговите пресметки колку ќе добие. Но овој пат неговата желба треба да се совпадне со интересите на една од партиите на Албанците. Доколку успее сето ова да го „изменаџира“, ќе ја продолжиме праксата на предвремено купување на време и дополнителен период да си ги завршат сите зацртани работи. Ние како опозиција стоиме зад тоа дека сме подготвени за превремени избори, затоа што опозициското расположение и незадоволството од власта расте, но  нема да дозволиме Груевски да не навлече и на избори да излеземе без фер-плеј услови за чесни избори. З.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата