21 Јануари, 2025
0.0388

ИНТЕРВЈУ БАБАНОВСКИ: Власта свесно ја води Македонија во опасна дестабилизација и изолација

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонија влегува во многу опасна и непредвидлива кризна фаза на дестабилизација  и целосна меѓународна изолација со несогледливи последици. Изборните процеси сеуште се во свесно создадената хаотична политичка состојба и нестабилност од страна на владејачките структури на ВМРО-ДПМНЕ  врз која битно влијаат неодговорните, антидемократски и антицивилизациски вербални истапи и акти на фингирани терористички закани по суверенитетот и територијалниот интегритет на РМ- вели за Фактор, универзитетскиот професор Иван Бабановски, долгогодишен прв човек на Управата за Државна Безбедност.

Земјата според него влегува во политичка нестабилност која ја загрозува вкупната евроатланска интеграција и ориентација за пристапување во НАТО И ЕУ и ја загрозува жестоко безбедносно-политичката состојба и сите демократски човекови права и слободи.

Лично сметам дека наскоро ќе ескалира до употреба на средства и методи од арсеналот на фашистичките општества.Изборите поминаа само привидно мирно. Но под површината се извршуваа сите криминални акции, употреба на разни методи на изборни кражби, фалсификати, закани. Кога ЕУ и САД  преку своите дипломатски и конзуларни претставништва  се обидоа да дадат тон на демократско одбивање на изборниот процес, врвот на ДПМНЕ истапи непријателски, заканувачки и негаторски против амбасадорите и медијаторите од меѓународниот елемент што помагаа Македонија да излезе од општествената, економската, политичката и безбедносната криза.За нивните добри намери и ангажмани,  Никола Груевски се определи како апсолутен господар на државата и партијата бидејќи резултатите од изборите не им одеа од интерес  и се обиде да ги дерогира сите државни институции”-потенцира професорот Бабановски.

За оваа наелектризирана и пред се непредвидлива  состојба вели главен виновник е  владејачката елита која креира  конфликтни и кризни состојби и која како што вели е до гуша во криминал и злосторства,  па затоа свесно поттикнува немири и тензии.

 Евидентен и нормален е интересот на странските дипломатски и конзуларни претставништва  акредитирани во земјава да помогнат во следењето и разрешувањето на кризата. Најгласни на овој план на субверзивно-психолошко делување и застрашување најдалеку отидоа членовите на Извршниот комитет на чело со Груевски, зад него Влатко Ѓорчев, Антонио Милошоски, Филип Петровски, Валентина Божиновска и неколкуте лајачи од Гебелсовата кујна. Окупираноста на државата ја покажува фактот што за ужасните закани по живот и безбедноста на странските амбасадори не се огласи МВР, Јавното обвинителство, МАНУ, МПЦ”- додава Бабановски.

Изборните процеси вели сеуште се во свесно создадена хаотична политичка состојба и нестабилност врз која битно влијаат неодговорните, антидемократски и антицивилизациски вербални истапи и акти на фингирани терористички закани по суверенитетот и територијалниот интегритет на РМ.

“Власта им е препуштена на онанистите од антимакедонската и антиалбанската криминализирана структура на Демократската Унија на Албанците  кои глумат заштитник на човековите права и слободи на Албанците во земјава, а всушност се кучето чувар на историски незабележан облик на грабежот и растурањето на државното ткиво од страна на криминализираниот и корупционерскиот елемент на антимакедонската преродбеничка партија ДПМНЕ чија елита ја сочинува семејно-клановски елемент  покриен со плаштот на најцрниот национализам. Неспособноста на елитата на партиската коалиција да ја менаџира корпоративната држава бара излез од тешката економско-социјална состојба и се поголемото осиромашување на граѓаните во фингирањето на одредени современи ризици и закани по безбедносно-политичката состојба  какви што се тероризмот, бегалската криза, меѓуетничките конфликтии историските реликти”- нагласува  поранешниот прв човек на Службата за Државна безбедност.

Најголеми ризици и закани за стабилноста на државата и нејзиниот суверенитет и територијалниот интегритет според Бабановски  доаѓаат од блокирањето на сите системи во функционирањето на државата од страна на партиската коалиција на власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

“Безбедносно-полицискиот апарат веќе една деценија се уништува, депрофесионализира што е случај и со одбранбените сили наречени АРМ кои повеќе служат за потребите на НАТО во Авганистан, Ирак, утре во Сирија, отколку како гарант на суверенитетот и територијалниот интегритет. За сметка на таквото злосторничко однесување кон еден од четирите столбови на државата односно наместо одбранбено безбедносниот, јакне коруптивниот елемент  и организираниот криминал до невидени размери. Истиот се менаџира од врвовите на власта и партиите во коалицијата. Социјалниот елемент е пред експлозија и тој ќе биде и понатаму најдестабилизирачки фактор и најголем нарушувач и загрозувач на политичката и безбедносната состојба. Тоа мора веднаш да престане!”- дециден е поранешниот разузнавач.

Излезот од креираната и насочувана општествена, економска, политичка и безбедносна криза вели професорот по безбедност, последниве неколку години  менаџментот  на власта го гледа во подгрејување на постојните реални состојби и  закани и загрозување на вкупните општествени односи во образованието, науката, спортот, социјалната политика и особено во меѓународните односи во мултиетничка и мултиконфесионалната држава.

Криминалот, корупцијата и терористичкото делување на врхушката на власт се подзаскриваше зад паролите на определеност за ЕУ, НАТО, демократските реформи, транзицијата и човековите права и слободи. Се глумеа реформи но состојбите на сите полиња во државата назадуваа и пропаѓаа во јад и беда. Естаблишментот на чело со Владата и претседателот на државата ја ставија своја криминална функција дејноста на парламентот и отпочнаа офанзива на елиминирање на последниот елемент на системот на функционирање- целосно партизирање на правосудниот систем во што успеаа сто отсто.За  одбрана на ова што во нормално општество не може да се брани Владата почна да бара меѓународна подршка меѓу десните европски народни партии и се инсталираше токму во крајно десните фашисоидни партиии влади. Меѓутоа трикот на заблуда не успеа. Опозиционите сили и граѓанството почнаа да се будат и консолидираат се до степен кога излегоа и преку улична демократија се заканија на отуѓената власт и нејзните узурпирани центри на моќ и владеење со државата и масите”- објаснува професор Бабановски.  

Изборниот пораз на власта според него е видлив и неминовен, а  работата на Специјалното јавно обвинителство кое треба како што вели  да стави крај на бруталната корупција, организираниот криминал и тероризмот е најиритирачкиот елемент кој ја поведе владејачката партија  во бес и непресметливо однесување кое сега вели сеуште е на ниво на непристојна реторика. Агресивната реторика на партијата на Груевски според универзитетскиот професор  го доведува во прашање опстојувањето на земјава како државно-правен субјект на меѓународната сцена. За оние кои ја водат државата во таков хаос вели мора да постои морална, политичка и кривична одговорност.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

OTKAKO ЈАВНОСТА ДОЗНА ДЕКА УМЕТНИК ОД ПРИЛЕП ЖИВЕЕ БЕЗ СТРУЈА: Ги прашаме граѓаните дали ја ценат уметноста и дали купуваат слики?

OTKAKO ЈАВНОСТА ДОЗНА ДЕКА УМЕТНИК ОД ПРИЛЕП ЖИВЕЕ БЕЗ СТРУЈА: Ги прашаме граѓаните дали ја ценат уметноста и дали купуваат слики?

ЕВЕ ОД КАДЕ И СО КОГО МИЦКОСКИ ЈА СЛЕДЕШЕ ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП: Беше во ложа

ЕВЕ ОД КАДЕ И СО КОГО МИЦКОСКИ ЈА СЛЕДЕШЕ ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП: Беше во ложа

ПРОСЛАВА ШТО ОБЕДИНУВА: Таравари со видео на фејсбук од инаугурацијата на Трамп

ПРОСЛАВА ШТО ОБЕДИНУВА: Таравари со видео на фејсбук од инаугурацијата на Трамп

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома