07 Октомври, 2024
0.0247

ИНТЕРВЈУ ДАНЕ КУЗМАНОВСКИ: Видеолотариските игри ги следат желбите и потребите на македонските граѓани!

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Срдечен и непосреден. Менаџер кој е подготвен отворено да комуницира, како внатре во својата компанија со вработените, така и надвор, со јавноста, во случајов претставена од нашите новинари. Според него, секој проблем има решение, само треба да ја примените вистинската формула. Неговите претходни бизнис искуства зборуваат за неговиот претприемачки дух и желбата да се прилагоди на пазарните барања. Работел и работи и во приватниот и во јавниот сектор. Многумина го знаат како сопственик на култното кафуле „Интермецо“, како човекот што и го даде новиот лик на скопската Зоолошка градина, но не е непознато дека беше и директор на Државна Лотарија на Македонија. Дане Кузмановски денес е извршен директор на „Државна Видеолотарија на Република Македонија“, компанијата која треба да го регулира пазарот на интернет-игрите на среќа за играчите од земјава. Обичните граѓани не ретко грешат кога зборуваат за Државна Лотарија и Државна Видео Лотарија, поистоветувајќи ги двете компании, а всушност иако станува збор за сроден бизнис, мора да се напомене дека тоа се две сосема различни фирми, кои се обраќаат на различна публика. Во интервју за „Фактор“ Кузмановски ги објаснува позициите на фирмата со која раководи, потребите на македонскиот пазар, начинот на кој планира да ја шири „Државна Видеолотарија“, но зборува и за своите претходни бизнис искуства, за начинот на работа во приватна компанија во споредба со јавниот сектор. Разговараше Ирена Ристовска ФАКТОР: Државна видеолотарија на РМ ја креираше првата Македонска веб страна за интернет игри на среќа. Дали вашата понуда ги задоволи барањата на играчите на овој вид игри на среќа? Кузмановски: На ова прашање би требало да одговорат нашите корисници на услугите односно играчите, а од наш аспект, од моја гледна точка никогаш во животот за ништо не сметам дека сум постигнал комплетен ефект заради тоа што, на свој начин секоја работа е жива материја и постојано бара подобрување. Сметам дека во моментов нашата веб страна е прилично добра, нормално,  секогаш може подобро. Сепак, важно е да спомнеме дека ова е прва веб страна во Македонија  за интернет игри на среќа, и засега сме задоволни како оди проектот, но не застануваме тука, ќе ја унапредуваме постојано, со цел да се приближиме до Западноевропските организатори на ваков вид на игри на среќа. 11311765_10205627332796183_2075802865_n ФАКТОР: Досега, голем дел од играчите на интернет игри на среќа, својата среќа ја бараа на странските интернет обложувалници. На кој начин ќе се решите од конкуренцијата надвор од границите на РМ? Кузмановски: Постојат неколку начини, меѓутоа самото регулирање на тој пазар веќе почнува да се регулира во рамките на Европска унија, поточно во Европската асоцијација на организатори на ваков вид игри на среќа. Според насоките на Европската асоцијација, организаторите треба да се задржат во рамките на своите држави, доколку има регулатива на домашниот пазар да се задржат на тие регулативи. Кај нас од минатата година, тој пазар е регулиран така што првите две години ексклузивното право за организирање на ваков вид игри на среќа  го има Државна видеолотарија на РМкомпанија која ја формира државата заедно со странскиот партнер, а по истекот на тие две години, пазарот ќе биде отворен, но тоа отворен не значи дека странските провајдери ќе може да зрачат овде и да организираат ваков вид игри на среќа туку да се лиценцираат, да добијат одредени лиценци преку кои практично ќе се донесат поголеми придобивки за играчите, повеќе отколку за државата. Лиценцата која ја има Државна видеолотарија на РМ во таа насока е екслузивност  на оваа фирма, а би требало времено да трае две години. Целта е да се  осознае овој бизнис и врз база на тие сознанија, потоа да се направат позитивни и  навремени мерки за регулација  на пазарот. Не само од аспект на прибирање на средства за државата во форма на даноци или одредени лиценци, туку и заради тоа што  еве сега на пример, во моментов вие се регистрирате на некој надворешен сајт, па доколку парите ви бидат земени, како ќе се заштитите? Каква е сигурноста на играчите дека парите кои ќе ги уплатат за обложување ќе ги добијат – значи нема никаква регулатива. Доколку по тие две години странските сајтови и интеренет обложувалници бидат регистрирани во нашата држава, а се појави било какво незадоволство или нерегуларности од нашите играчи, тоа да може да се регулира според нашите закони. Тие сајтови сега практично работат на црно во Македонија. Голем дел од тие страни веќе не примаат играчи од Македонија да вршат уплата кај нив, не заради тоа што ги следат нашите законски регулативи, туку затоа што ги следат насоките на Европската асоцијација. Практично сите сериозни сајтови веќе не дозволуваат не само за Македонија,  туку и за сите странски државјани каде што не се регулирани, во смисла на дозволи, одредени лиценци … ФАКТОР: Дел од играчите шпекулираа дека ќе блокирате интернет страни? Има ли вистина во тоа? Кузмановски: Нашиот регулатор, во моментов тоа е Министерството за финансии, и ние одлучивме тие сајтови да ги опоменеме на културен начин, со дописи дека не смеат да регистрираат играчи од Македонија, бидејќи не е законски и не е во согласност со регулативите на Европската насока и верувајте сите сериозни компании кои се занимаваат со овој бизнис веќе го имаат блокирано регистрирањето на македонските играчи, бидејќи на тој начин тие сакаат да се заштитат самите себе од нелојалната, фантомска конкуренција која што е регистрирана на сомнителни места. По  овие две години кои веќе ги образложивме, странските компании ќе можат да се регистрираат, да си добијат одредени лиценци и да функционираат на пазарот во Македонија. 2win.мк е првата  платформа за интернет игри на среќа во Република Македонија. Сегашната понуда вклучува спортско обложување и казино игри. ФАКТОР: Во моментов, на вашата страна не може да се игра од мобилен телефон или таблет. Не размислувате за таа опција? Кузмановски: Не само што размислуваме, туку веќе сме во завршна фаза, што значи дека до крајот на јуни ќе стане реалност. Нашата мобилна апликација ќе може да се употребува преку сите андроид, ајфон телефони и таблети, со што ќе им биде достапна за играње на нашите граѓани. 11535300_10205627344516476_118587406_o ФАКТОР: Дали може да играат играчи од странство? Кузмановски: Како што напомнавме, ги следиме насоките на европската асоцијација. Во овој момент може да играат само странски државјани,  каде не е регулиран пазарот, таму каде што не се бараат лиценци, морате да бидете лиценцирани, а бидејќи ние не сме лиценцирани во тие држави, не дозволуваме. ГИ СЛЕДИМЕ ЖЕЛБИТЕ И ПОТРЕБИТЕ НА ПАЗАРОТ  ФАКТОР: Во моментов на вашата страна нема опција за играње на игри на среќа како Лото, Бинго, грепки. Не сте размислиле за таа понуда или можеби не сакате да и конкурирате на вашата мајка фирма- Државна лотарија на Македонија? Кузмановски: Не се работи за конкуренција од две причини: Прво, старите традиционални лотариски игри офлајн- како што би нарекле, ги практикуваат повозрасните граѓани, додека пак сето она што е опфатено со онлајн играњето на среќа е за релативно помладата или посредната генерација. Не може преку ноќ се да биде достапно на пазарот. Во првите три месеци, го имплементиравме она што го побараа играчите според нашите анализи. Сакавме да ги задоволиме првично тој вид на корисници на услуги. Нивните барања за игри на среќа беа во најголем процентот за обложување и казино игри, па токму затоа дадовме акцент на тоа . Во втората фаза, како таргет на нашиот план е подготовка на мобилната апликација, која до крајот јуни треба да биде завршена, а веднаш потоа веќе се во завршни фази и постепено ќе се имплементираат и останати видови на игри, меѓу кои што се и производите кои ги нуди Државната лотарија. ФАКТОР: Зошто во моментов нема опција обложување во живо, посебно затоа што тоа се смета за најатрактивен начин за интернет игрите на среќа, ако судиме по реакциите на играчите? Кузмановски:Во јуни ќе се имплементира и обложувањето во живо, а бидејќи во летните периоди фудбалските и сите тие спортски натпревари се во вид на мирување, па поради тоа дадовме предност на мобилната апликација и веднаш потоа одиме со обложувањето во живо и сите оние останати игри. До септември планираме да имаме комплетно портфолио на игри. ФАКТОР: Дали некогаш сте играле вакви игри на среќа? Кузмановски: Да. БАРАМ БРЗИНА И ПРЕЦИЗНОСТ ВО ОДЛУКИТЕ ФАКТОР: Вие сте извршен директор на Државна видеолотарија на РМ. Овој бизнис не ви е непознат. Претходно, пред 10-тина години, бевте партнер во обложувалницата Бундест Спорт. Што како искуство од таму, применувате во оваа компанија? Кузмановски: Најмногу што ми користи е познавањето на менталитетот на корисниците на услугите. Потоа голема школа е тоа дека треба да се следат постојано желбите и потребите на корисниците на услугите. Ова е вид професија која е многу компатибилна со психологијата и психијатријата. Морате да влезете длабоко во психата на овие луѓе, за да знаете како да им пријдете и на кој начин да ги исполните нивните потреби. 11638725_10205627344236469_33742583_o Моето претходно искуство ми користи во детерминирање на пазарот, што во моментов е тренд, кои се размислувањата на играчите во смисла на редоследот на имплементација на игрите и ред други работи кои што ги ползувам како искуство од претходниот бизнис. ФАКТОР: Полесно ли е да се управува приватна или државна компанија? Кузмановски: Има нијанси по кои се разликуваат. Има работи кои што се полесни при менаџирањето на државната компанија, а има доста работи од друга страна кои се полесни во водењето на приватните компании. Што е најважно во приватна, а што е потешко во државна?  Во приватна компанија инвестирате свој капитал, одлуките ги носите самостојно и може да ги донесете многу побрзо. Ако резултатот од таа одлука е негативен, самите ги сносите последиците односно ќе претрпите финансиска загуба, а од друга страна кога е државна компанија бидејќи управувате со средства кои не се ваши, инвестицијата не е ваша лична и процедурите за донесување на одлуки се побавни во корелација со тоа дека не одлучувате со ваш капитал, има согласности кои треба да се добијат од надзорни, управни одбори, од основачите, од државата или странските партнери. Брзината на одлуките во менаџирањето во денешното модерно време е една од клучните работи. ФАКТОР: Кои одлики според вас, треба да ги поседува еден менаџер за да стане успешен? Кузмановски: Пред се треба да има добар бизнис план, добра стратегија во водењето на бизнисот, да има зацртана цел и да не дозволи ништо да го попречи по тој пат во склад со позитивните законски прописи и во склад со законот. МАЛОЛЕТНИЦИТЕ СЕ ИСКЛУЧЕНИ ОД ВАКОВ ВИД НА ИГРИ ФАКТОР: Во моментов во светот, особено внимание се посветува на заштитата на малолетниците од обложувачка зависност. Во светот постои огромен процент на малолетни зависници. Каква е вашата политика во тој поглед? Кузмановски: Сите оние законски рамки кои бараат од нас во смисла на тоа да биде јавно објавено дека нашите игри не смеат да се нудат на деца под 18 годишна возраст, сето тоа го применуваме согласно законот и сметам дека со нашиот тип на работење ние никогаш нема да го прекршиме законот. Зошто? Заради тоа што не само ние, туку и другите странски компании кои ќе дојдат да функционираат на нашиот пазар во овој бизнис е многу полесно да се контролираат околу таа заштита. Знаете, самата регистрацијата на нашата страна од вас бара податоци од лична карта, матичен број и трансакциска сметка. Со самото тоа што го давате матичниот број таму веднаш системот ве одбива, нема човечко одлучување туку е софтверско решение. Единствена условно кажана варијанта каде што ние можеме да згрешиме, а притоа да се заобиколи таа законска одлука, е во случај  кога малолетникот ја украде личната карта од родителите. Но, во тој контекст ние немаме одговорност, бидејќи не можеме да знаеме преку интернет конекцијата кој ги внесува податоците. Но, морам да потенцирам дека  обезбедувањето малолетници да не можат да ги користат нашите игри на среќа е максимално. ФАКТОР: Покрај интернет понудата на игри на среќа, на пазарот сте присутни и со видеолотариски игри. Кои игри, според вашите предвидувања се поатрактивни за македонските во моментов, тие на интернет или видеолотариските? Кузмановски: Во моментов мислам дека преовладува заинтересираноста кон видеолотариските игри, меѓутоа онлајнот кај нас е во голем подем и како ќе поминува времето онлајн игрите ќе го преземат приматот на заинтересираност од учесниците на нашите игри на среќа. 11173435_10205627332836184_661040050_n ФАКТОР: Постои ли суштинска разлика помеѓу овие два вида на игри, освен начинот на кој се играат, едните од дома, другите на определено место? Кузмановски: Суштинска разлика не постои, меѓутоа можноста би била во местото на учеството во играта . На пример на лице место каде што се играат, на нашите среќни места, работното време е до 22-23ч, а потоа се нуди можност на заинтересираните кои сакаат да продолжат да учествуваат во таа игра дома на компјутер да играат и после 23 ч. Од друг аспект, некој може да има одредена работа и обврска која бара негово седење дома, а сака да учествува во тој момент во одредена игра, па тоа може да го направи од дома. ФАКТОР: Во вашата стратегиска определба, барем според информациите на вашиот сајт, стои дека сте општествено одговорна компанија. Кои ќе бидат вашите залагања во тој поглед? Кузмановски: По правило, ние мора да бидеме општествено одговорна компанија.  Со самото тоа што државата е мнозински акционер во оваа компанија со 51%, ние имама обврска да бидеме општествено одговорни. Во самиот закон за игрите на среќа пишува дека таму каде што државата е сопственик мора да се одвојуваат пари за одредени области како што се образованието, спортот, науката, здравството. 11639427_10205627342396423_648307722_o Уште на почетокот со странскиот партнер во делот на маркетинг планот се одлучивме за подобро да не запознаат граѓаните на пазарот кон инвестирање во промоција на порталите и во одредени радија, додека во понатамошниот дел во претставувањето на нашата компанија размислувавме за реклами на телевизија, клубови, промотивни настани по уплатните места, меѓутоа по консултација со двајцата главни партнери, државата и странците го сменивме планот одлучивме да го потпомагаме сестрано оној дел од нашето општество кое има потреба од тоа, пред се во образованието , спортот, науката.. Но, ова се уште се само планови бидејќи постоиме како компанија од 2013, а комерцијално функционираме од 1.01.2015 и се уште не сме во можност да го направиме тоа со големи чекори и големи финансиски средства, меѓутоа за почеток скромно, но за нас значајно. ФАКТОР: Дали можеби ќе инвестирате во млади, талентирани спортисти? Кузмановски: Нормално, пред се ќе го помагаме образованието, и сите оние млади кадри кои што имаат потреба да бидат потпомогнати, а како ќе се движат работите и доколку бидеме финансиски успешни, ќе го помагаме здравството во насока на детската здравствена политика, образованието и спортистите. ФАКТОР: За крај, се чини дека Зоолошката градина во Скопје и покрај сите обврски, Ви е слаба точка, од која не се откажувате. Зошто? Кузмановски: Најверојатно, затоа што тоа ми е прва, детска љубов. Интересно е тоа што кога станав директор на Зоолошка градина, многумина мислеа дека тука ќе се задржам 3-4 години. Многумина сметаат, а и јас се согласувам, дека одредена личност почнува да се гуши  со својата неинвентивност кога долго ќе се задржи  на една позиција. Мислев, ќе се задржам одредено време, а потоа ќе помогнам со својот ангажман  на некој друг кој ќе дојде на мојата позиција и  ќе го продолжи она што сум го започнал, но вработените ми рекоа, оној што влегол во зоолошка со ангажман и сака животни тука ќе остане до старост, никогаш не се откажува. И јас бев зачуден, ама ете тоа се исполнува. Не се откажувам бидејќи сакам животни, сакам мали деца, и сакам нашите деца да имаат убаво катче каде ќе се забавуваат и едуцираат во исто време.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип