29 Ноември, 2024
0.0307

ИНТЕРВЈУ Даниел Воиновски, „Еуроимпекс“: Продажбата на половни возила, го задуши бизнисот со нови автомобили

Објавено во: Економија 05 Август, 2013

Добивај вести на Viber

„Годинава ќе биде поразителна за компаниите од автомобилскиот бизнис – се очекува продажба на само 4 000 нови возила, што е тројно помалку од годишниот просек. Увозот на половни возила силно удри по импортерите на нови. Владата треба да најде начин, па дури и со субвенции, да му помогне и на импортерскиот бизнис. Продажбата на половни автомобили го загуши домашниот пазар“ ова во ексклузивно интервју за “Фактор“ го вели Даниел Воиновски, прв човек на „Еуроимпекс“ генерален застапник на “Пежо“, една од водечките автомобилски компании во земјава. ФАКТОР: Кризата во европа, која се прелеа и во македонија не го заобиколи ниту автомобилскиот бизнис. како ја оценувате состојбата во овој сектор во земјава?  ВОИНОВСКИ: Автобраншата во Македонија за жал е на најниско ниво од своето постоење и во моето 23 годишно искуство во овој бизнис. Економската криза направи промени на меѓународниот пазар кои се мерат во неколку проценти, но кај нас тоа се мери во десетици проценти пад. Поточно, годинава има намалување во бизнисот од скоро 80% во однос на 2008 та – година кога се забележаа најдобрите резултати. Статистиката е конкретна наука и ги дава следниве параметри: Во најлошите години вкупниот пазар на нови возила во Македонија изнесуваше 6 000, во најдобрите продажбата беше околу 18 000 годишно, додека просекот се движел помегу 10 000 до 12 000 возила. Но оваа година, според очекувањата и пресметките, продажбата ке изнесува само околу 4 000 автомобили. Главната причина е огромниот увоз на половни возила кои го загушија пазарот на нови. ФАКТОР: Како кризата се одрази врз работата компаниите – увознички на возила. каква е состојбата со понудата и побарувачката на автомобили? ВОИНОВСКИ: Побарувачката е драстично намалена, а согласно тоа и понудата. Некои увозници и дилери на возила  веке ставија клуч на своите фирми, дел се во фаза на затворање а останатите преживуваат со драстични мерки за намалување на трошоците за работа и бројот на вработени. ФАКТОР: Каква е побарувачката за полуксузни возила ? Дали се зголемува бројот на граѓани со поголема куповна моќ кои можат да си дозволат престиж ?  ВОИНОВСКИ: Побарувачката за полуксузни возила не го прати трендот на вкупното намалување што е регистрирано кај останатите возила. Се добива впечаток дека тие што можеле порано да си дозволат луксуз можат и понатаму, додека останатите не. Нашиот бренд учествува во сегментите на ниска и средна категорија, условно кажан, додека во супер – луксузниот сегмент немаме производ. Генерално, не би рекол дека се зголемува куповната моќ на граѓаните, но не се ни намалува. Во време на криза, светските аналитичари велат :”Тие што немале пред тоа, ќе немаат уште повеќе. а тие што имале дека ке имаат – уште повеке” ФАКТОР: Кои автомобили се најатрактивни и најбарани од клиентите ?  ВОИНОВСКИ: Ако прашувате од која категорија, во  вкупниот пазар во Македонија или околу 70% историски гледано најголем удел имаат најниската и ниска класа на автомобили. Или, со јазикот на луѓето од овој бизнис,  тоа се категориите Б и Ц, одосно моделите како Пежо 208 и  Пежо 308, додека сите останати сегменти ги сочинуваат оние престанати  30% кои се однесуваат на  мини, средно-високата класа, високата класа, “СУВ“, комбинираните возила и товарната програма или популарно наречените комерцијални возила. Денес за жал,  се изгубени тие 70% од пазарот на нови возила, затоа што поголем дел од  купувачите или апстинираат од промена или пак се одлучуваат за половни возила. ФАКТОР: Вашата компанија е импортер на позната марка на автомобил кои по дефиниција ги има вградено сите високи стандарди. Сепак, за што најмногу се интересира и прашува купувачот во вашите салони – за цената или за предностите на возилото ?  ВОИНОВСКИ:  Цената е секогаш предмет на интерес и одлучувачки фактор при набавката. Исто така, удел во одлуката се повеќе има и препознавањето на квалитетот, зашто купувачите се многу посвесни за предностите во однос на минатото. Но за жал, некои купувачи сеуште не ја познаваат главната равенка која потврдува колку чини еден автомобил. Таа равенка гласи вака: Цената на купопродажба плус Цената на одржување минус Половната цена ја дава цената колку Вас навистина ве чини автомобилот! Граѓаните кои се одлучуваат за ефтини автомобили, потоа се соочуваат со скапо одржуванје и уште поефтина продажба на половниот пазар, пред се поради непостоење на имџот на брендот или пак неквалитет на производот. ФАКТОР: Владата најави повеќе странски инвестиции во автомобилскиот сектор во земјава.  Дали тие на било каков начин би влијаеле врз автомобилскиот бизнис во Македонија ?  ВОИНОВСКИ: Не би можеле да влијаат директно, затоа што производството на компоненти за авто – браншата нема директна поврзаност со вкупната продажба, но затоа има индиректна, преку вкупните економски движења, вработувањата и приходите на граѓаните, односно зголемување на Бруто Домашниот Производ. Во секој случај, за поздравување се таквите мерки на Владата околу привлекување на странски инвеститори и производители на компоненти во автомобилската индустрија. ФАКТОР : Една од водечките автомобилски индустрии – германската, покажа пад во производството за 4,7%. Како овие трендови во моќните економии влијаат врз бизнисот дома ?  ВОИНОВСКИ: Повеќето економии во светот бележат падови и секако тоа влијае и на домашниот пазар, но тоа што за Европа се вика драстичен пад а изнесува само неколку проценти – кај нас се брои со две цифри. Ние се навикнавме на падови од 20-30% на годишно ниво во импортерскиот бизнис со автомобили. ФАКТОР : Во мај беше регистрирана намалена побарувачка за автомобили на ниво на европската унија. Се проценува дека годинава може да биде една од најлошите во последните 30 години за продажба на автомобили во западна европа. Какви состојби се очекуваат во втората половина од годинава во земјава? Колку состојбата во Европа директно го засега и домашниот автомобилски бизнис? ВОИНОВСКИ: Како што реков, тешки моменти допрва престојат во повеќето земји во ЕУ и според мене не се ниту навестува заминување на економската криза од Европа. Очекувам пад и во втората половина од годинава, исто како и следната година и таа по неа. Но она што повеќе ме загрижува е домашниот пазар за чие закрепнување мора да се превземат итни мерки за стимулација на продажбата на нови возила. Моментално се стимулира увозот на половни возила, што сметам дека не е во ред, затоа што ниедна економија не добила бенефит од тоа, туку напротив сите гледаат да се ослободат од баластот на половните возила и ги извезуваат што е можно подалеку од себе. Тоа е така поради повеќе причини како што се загадувањето, безбедноста која е загрозена и трошоците за лекување и осигурување кои се во директна корелација со годините на старост поради зголемениот број на сообраќајни несреќи. Согласно мометалните закони, половните возила немаат акциза (оние со вредност до 4 000 ЕУР) и мора да го исполнуваат ЕУРО2 стандардот, кој е премногу стар стандард и е првото ниво од кога почнало да се мери загадувањето, односно ЕУРО1 (кој во суштина не бил стандард, туку само почетна точка). За разлика од тоа за новите возила се плаќа акциза, а мора да ги исполнуваат ЕУРО 5 нормите. Другиот проблем е во вршењето на промет со половните автомобили, односно трговците кои увезуваат половни возила на име на физицко лице и потоа го продаваат во готово со едноставен пренос и нотарски договор, без притоа да пријават промет. Само мал дел од прометот го извршуваат преку регистрирани фирми за тоа, додека другите се јавуваат како консигнациони продавачи и го кријат прометот и обврските кои произлегуваат од него, односно тука веке се работи за сива економија преку фирми односно грагански лица од типот “Ташна и Машна”. Ако се врши промет, според законите, треба да се платат сите давачки и треба да постои некаква гаранција за производот. Многу граѓани се измамени и купуваат возила со поминати 400 000 до 500 000 километри а на бројчаникот им пишува 100 до 120.000 изминати километри. ФАКТОР: Како се регулирани овие “малверзации“ во Европа? ВОИНОВСКИ: Во Европа постои закон околу враќање на километражата назад и се оди во затвор поради тоа. Просекот на поминати километри се движи од 50 000 до 80.000 километри годишно, во зависност од земјата и намената на возилото. Ова значи дека автомобил стар само од 5 до 8 години е веке на крајот на животниот век од аспект на механиката, но однадвор изгледа одлично поради “малкуте” години но и европската култура на одржување. За разлика од овие европски искуства, возаќите кај нас не поминуваат повеке од 10 000 километри годишно и затоа купуваќите не можат да поверуваат дека толку “млад” автомобил на лик може да има повеке километри од прикажаното?!? ФАКТОР: Кој е најновиот модел на автомобил што се нуди на продажба во вашите салони?  ВОИНОВСКИ: Моментално е во тек промоција на новиот “ Пежо 2008“ , автомобил од новата категорија наречена CROSSOVER, односно возило помеѓу “SUV“ и “Monospace” сегментот. Тоа е модел со извореден дизајн и квалитет, наменет за луѓе со авантуристички дух, љубители на поголем простор во кабината и зголемени возни својства во и надвор од градот т.е. урбан CROSSOVER. Секако дека и во време на општа криза компанијата продолжи со квалитетна понуда за клиентите, со специјални пакети на понуда од аспект на опрема, атрактивни цени, како и попривлечни услови на финансирање. Основниот мотив е да ја прилагодиме понуда согласно пазарните услови. Но она во што одсекогаш најмногу сме внимавале е постпродажбата. Денес автомобилите се со многу сличен квалитет и она што ја прави разликата во очите на клиентите е одржувањето. Еуроимпекс поседува квалитетна дилерска и сервисна мрежа низ земјата, опремена по сите фабрички стандарди и редовно вршиме дообуки на сервисниот кадар во Пежо – тренинг центарот кој се наога во Загреб. Располагаме со големи залихи на резервни делови и потребната електронска опрема за дијагностицирање. Поради тоа, и во вакви услови опстојуваме како бренд со одличен имиџ, односно Пежо е еден од најпосакуваните брендови на нашиот пазар. Довербата која ни ја дале преку 15 000 купувачи мораме да ја оправдаме со квалитетна работа и постпродажни услуги. ФАКТОР : “Пежо“ е еден од водечките автомобилски брендови. Дали и на кој начин планирате јакнење или проширување на бизнисот во земјава?  ВОИНОВСКИ: Се додека не се променат општите услови на стопанисување, односно Владата не превземе директни мерки за стимулирање на продажбата на нови автомобили, за жал не сме во можност да превземеме било какви мерки освен оние за преживување. Доколку целта на мерката за слободен увоз на половни возила беше во функција да се задоволат социјалните потреби на одредена група граѓани, мислам дека веќе е време тој увоз да се ограничи (но не и забрани) на минимум ЕУРО 4 стандардот. Исто така, сметам дека треба да постои регулатива околу контролирање на трговијата со половни возила односно изедначување на пазарните услови помеѓу трговците, (гаранцијата, упатствата за употреба, сервисните книшки, тековното одрзување итн), се она што увозниците на нови возила го имааат како обрвска а оние на половни – го немаат. Спорде мене треба најстрого да се санкционира мешетарењето на одредени физички лица во својство на “трговци-поединци” пред се во интерес и заштита на самите граѓани. ФАКТОР: Како сега го оценувате пазарот ?  ВОИНОВСКИ: Македонија имаше возен парк од околу 300 000 возила, додека за само 4 години се увезени околу 150 000 половни возила?! Ова би значело дека возниот парк се зголемил енормно во бројка но и во старост, со зголемено загадување кое не треба да не чуди, осбено во главниот град. Состојбата во земјава сега изгледа вака. Пазарот е загушен од огромната понуда на половни возила, “старите” половните возила изгубија вредност и сопствениците не можат да ги продадат за да купат нови.Која е разликата за граѓанинот денес? Некогаш возел Голф 3 со 80 000 километри, а сега вози Голф 4 но со 350 000 поминати километри. Не гледам некаква посебна разлика, освен во трошоците за одржување кои допрва ќе следат! Многу често првата поправка на тие “бест-буѕ” половни автомобили чини колку самиот автомобил, но купувачите не се свесни за тоа кога го купуваат. Исто така еден обичен сервис на луксузен половен автомобил чини неколку пати повеке од цената на одржување на возило од ниската и средната класа, што значи дека на крајот купувате најскап автомобил, само што “цехот” го плакате на рати. Познавам многу измамени граѓани кои после првите поминати километри се покајале што ги дале парите за таков автомобил. ФАКТОР: Каде го гледате решението?  ВОИНОВСКИ: Апелирам Владата да ги согледа лошите пазарни услови и под итно да се превземат мерки за промена на условите на стопанисување во автомобилскиот импортерски бизнис во земјава, исто како тоа што го прави во другите стопански гранки и да не дозволи да станеме авто- депонија на Балканот со просечна старост од 20 години. Логистиката од државата ќе придонесе да се задржат луѓето во една гранка која брои околу 4 000 вработени, да се намали загадувањето, потрошувачката на гориво и здраствените трошоците, а ќе се зголеми безбедноста и ќе се устоличат стандардите. Ако државата инвестира во нова патна инфраструктура, тогаш треба да се возат безбедни, економични и еколошки прифатливи автомобили, а тоа можат да бидат само новите автомобили! Кога го прашале Хенри Форд кој е најдобриот автомибил на светот, тој само кратко рекол: НОВИОТ АВТОМОБИЛ!! И јас го делам неговото мислење. А.Д.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични