19 Декември, 2025
0.0322

Интервју-Дениз Абдула: Во ликот на Мете се препознавам многу малку, скоро па ич!

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2022 14:16

Добивај вести на Viber

,Куќен притвор“ е единствената домашна ТВ серија која се прикажува во моментов и барем на половина час измамува смеа кај гледачите. Токму секојдневието е инспирација за хуморот а тој е најдобро пренесен преку ликовите на Томе, Вера, Мете, Таки, Сузе, Звонко.

Дениз Абдула го игра веќе омилениот лик на многумина, љубовникот на Вера, Мете. Актерот вели дека немал потешкотии при снимањето на серијата, но сепак најтешко било да се добие Yes од mr.No и Ирена Ристиќ со неговиот парфем.

Секоја епизода носи нови изненадувања, нов хумор, неизвесност и го задржува вниманието на публиката.

Но, на македонската „сцена“ недостасува домашна продукција, потребно е да се држи ритам и континуитет вели Дениз, да се произведуваат нови серии барем на секои 2,3 месеци со што би направило споредба до каде сме и што сме, но за жал секогаш проблем се финансиите.

* Домашниот ТВ хумор продолжува со новата серија Куќен притвор. Дали и зошто би го препорачале Куќен притвор на македонскиот аудиториум?

Дениз: Затоа што во моментов и да сакаат да гледаат друга нова ТВ серија од Македонска продукција нема да можат да најдат. За жал ни фалат што повеќе серии, за да можеме да направиме компарација на работите и да видиме до каде сме.

Се разбира дека ќе ја препорачам. Вложивме многу труд и време, но сметам дека направивме нешто кое што ќе биде ново, поразлично, несекојдневно и досега никогаш поставено како концепт и идеја на наши простори. Така да сите пред ТВ на МРТ1 и Глеј секој ден од 20:15

* Што беше најтешко на снимањето на Куќен притвор?

Дениз: Да се добие Yes од mr.No и Ирена Ристиќ со мојот парфем(поздраФ).

Немаше потешкотии. Јас се чувствував убаво на сет, а кога е пријатна екипата и атмосферата ништо не е тешко.

* Раскажи ни најсмешна случка од снимањето?

Дениз: Кога mr.No ми кажа Yes, и кога публиката ќе почне да паѓа од телевизор од што ќе сме биле смешни.

Колку Дениз се препознава во улогата на Мете?

Дениз: Многу малку. 

* Ќе му се погоди ли на инспектор Томе новиот цимер Мете?

Дениз:Па ќе видиме. Сега ситуацијата е така поставена да мора да живеат сите тројца заедно. Можеби на Мете нема да му се погоди Томе како цимер. Сте размислиле за тоа?

* Ќе има ли многу изненадување во станот на Томе и Вера?

Дениз: Изненадувањата се случуваат во секоја епизода. Не би можел да ви откријам многу, но можам да ви кажам дека Мете после 25-та епизода ќе го прогласат за престолонаследник на Холандија, сите ќе се преселат таму и после тоа во 26-та епизода насловот на серијата ќе се промени во  ,,Van Dizonska naar Dutch”

…….Се шегувам. Нема такво нешто.

* Како е да се игра со Ирена Ристиќ и Горан Стојановски?

Дениз:Двајцата се едни од нашите најдобри македонски актери. Имаат зад себе огромно искуство. Ги познавам доста време, ги почитувам, не е прв проект на кој соработуваме така што уште кога го добив повикот за серијата и кога го дознав финалниот кастинг на сите ликови знаев дека ќе поминеме низ добар и квалитетен процес со целата екипа на серијата.

Дениз: Најверојатно причината  е начинот да се стигне до средствата за да може да се финансира една ТВ серија. Охо е единствената ТВ продукција која повеќе од 10 години работи на ТВ серии во континуитет. Нормално дека една продукција не може да го покрие целиот пазар. Би требало да имаме на секои 2/3 месеци  нова серија во етер и во таков случај имаме развиена ТВ продукција и држиме некаков ритам и континуитет. За почеток и две/три серии годишно би биле некаков прогрес. Се надевам дека за брзо ќе стигнеме и до тоа.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии