26 Април, 2024
0.0281

ИНТЕРВЈУ ХАЏИДИНЕВ: Дојде моментот УНИБанка да исплати дивиденда - една нова страница во нашата историја

Објавено во: Финансии 22 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Силна, модерна и просперитетна банка, која на сите свои клиенти се повеќе им докажува дека станува збор за стабилен и доверлив партнер. УНИБанка неодамна ја издаде и својата втора перпетуална обврзница, со што обезбеди дополнителен капитал и зголемена сигурност за постигнување на стратешките цели. Големиот интерес на инвеститорите говори дека УНИБанка дополнително ја зацврсти својата лидерска позиција на пазарот, откако успешно помина и првиот ваков инструмент, издаден во 2019 година. За таа цел разговараме со Владислав Хаџидинев, извршен директор и член на Управниот одбор на УНИБанка. Со првиот човек на банката зборувавме и за дивидендата која УНИБанка ја дели за прв пат во 20 години, но и за резултатите и плановите на банката за наредниот период...

Господине Хаџидинев, неодамна беше објавена информација дека УНИБанка  ја издаде втората перпетуална обврзница на вкупна сума од 2,5 милиони евра. Со ова, УНИБанка  покажува дека е лидер на пазарот во овој дел, со издавање на еден ваков хибриден финансиски инструмент. Какво значење има ова за банката?

Хаџидинев: Од практичен аспект, со издавањето на новата перпетуална обврзница, УНИБанка си обезбеди дополнителен капитал и зголемена сигурност за постигнување на стратешките цели. Макроекономската околина на глобално и на локално ниво е несигурна - имаме зголемена инфлација и веројатност од забавување на економската активност. Трендот на намалување на каматните стапки се променува. Во таков ризичен момент, за да продолжи континуираниот раст на активата и добивката на банката, важно е да имаме максимално ниво на резерви во капиталот, коишто би нé заштитиле од различни непредвидливи ризици. Сметам дека во моментот УНИБанка е подготвена да се справи со сите пазарни предизвици и да продолжи како сигурен партнер за своите клиенти.

За новата перпетуална обврзница имаше голем интерес од инвеститорите и тоа помогна реализацијата да се случи брзо. Имајќи предвид дека тој финансиски продукт е вториот на пазарот од ваков тип и дека бевме пионери при успешното издавање на првата емисија во 2019 година, мислам дека УНИБанка ја зацрствува лидерската позиција на локалниот финансиски пазар. За нас е клучно да продолжиме да градиме доверба во брендот УНИБанка и да бидеме активни на инвестицискиот пазар, со нови финансиски решенија.

Кои се оние институции или граѓани кои главно запишуваат перпетуални обврзници и кои се нивните мотиви, односно исплатливоста од едно такво вложување?

Хаџидинев: Инвеститорите се физички и правни лица, познати клиенти на УНИБанка, кои располагаат со искуство во областа на капитални инвестиции. Главните мотиви им се да инвестираат во инструменти каде наоѓаат баланс меѓу очекуваниот придонес и ризиците поврзани со емисијата. Перпетуалната обврзница како инструмент е хибрид којшто комбинира дел од карактеристиките на класична обврзница и обичните акции. Од таа причина, еден таков инструмент може да помогне на нашите инвеститори да ја подобрат диверсификацијата на нивните инвестиции. Дополнително, обврзницата се тргува слободно на Македонската берза и тоа ја гарантира ликвидноста на инвестицијата.

Во јануари 2019 година УНИБанка  ја издаде првата перпетуална обврзница на износ од пет милиони евра. Можете ли да ни кажете какво е досегашното искуство на банката со тој инструмент?

Хаџидинев: Од стратешкит аспект, издавањето на перпетуалната обврзница во 2019 година беше клучен момент во историјата на УНИБанка. Докапитализацијата благодарение на тој инструмент и помогна на УНИБанка да ги постигне своите најдобри перформанси и да го промени квалитетот на услугите што ги нудиме на пазарот. Во секторот на население го зголемивме пазарниот удел и во конкретни делови, како на пример потрошувачкото кредитирање, се вклучивме во најдобрите банки во Македонија. Профитабилноста на УНИБанка во периодот 2019 - 2020 година значително се подобри и успешно го поминавме периодот на ковид кризата. Сметам дека целите што си ги поставивме во 2019 година, кога го планиравме издавањето на првата емисија, не само што ги постигнавме, туку дури и ги надминавме.

УНИБанка  ја оправда довербата на инвеститорите што ги вложија своите средства во првиот финански инструмент од ваков тип. Обврзницата беше издадена по пат на приватна понуда и поголемиот дел од првичните инвеститори не сакаат да продаваат, што е сигнал дека сме направиле атрактивен финансиски продукт. Успехот и на новата перпетуална обврзница се должи на искуството од 2019 година. И како што кажав - планираме да продолжиме во тој дух.

УНИБанка за прв пат во својата историја во Македонија објави дека ќе подели дивиденда на своите акционери, во вкупен износ од два милиони евра, или по 220 денари бруто по акција, потег кој е за поздравување од целата инвеститорска јавност. Што ова говори за банката и какви беа реакциите на акционерите?

Хаџидинев: Силните резултати на УНИБанка  од последните години и особено зголеменото ниво на резерви во капиталот, создадоа можност акционерите на банката да донесат решение за првото исплаќање на дивиденда за последните 20 години. Мислам дека оваа е клучен индикатор за успешниот модел на банката од последните години и резултат од континуираниот развој на нашата стратегија. Задачите на менаџментот на УНИБанка секогаш се фокусирани да постигнат оптимални резултати за нашите клиенти и за нашите акционери. Убеден сум дека долгорочно ќе продолжиме да се движиме по тој пат, независно од предизвиците којшто ќе треба да ги надминеме.

Реакциите на акционерите беа позитивни и тоа беше очекувано. Во изминатите години УНИБанка  ја реинвестираше својата годишна добивка пред сé за да може да го гарантира капиталот нужен за постигнување  на нашите стратешки цели. Бевме главно фокусирани да ги зголемиме нашите активи и нето добивката. Во 2022 година дојде моментот, кога УНИБанка  има доволно активи и капитал за да продолжи да расте, но и да исплати дивиденда на своите акционери. Сигурен сум дека тоа е нов клучен момент за нас и отвара една нова страна во нашата историја.

Како најавата за исплата на дивиденда од УНИБанка се одрази на вредноста на акцијата на банката на Берзата и дали тоа беше еден позитивен поттик за купување на акции од банката од страна на инвеститорската јавност?

Хаџидинев: Со најавата за исплата на дивиденда цената на акцијата на УНИБанка порасна за 20 отсто. Меѓутоа не сметам дека краткорочните ефекти на финансиските пазари се важен индикатор, независно дали се позитивни или негативни. Меродавни се цените на финансиските инструменти на долгорочен план. Затоа сум убеден дека УНИБанка не треба да се води од промени во цените на своите акции на краток рок, туку да се фокусира да продолжи да постигнува добри перформанси долгорочно.

Банката продолжува и оваа година со успешно работење и зголемување на добивката и во првите шест месеци од годинава. Како успевате тоа да го постигнете и во време на криза?

Хаџидинев: Во бизнис сегментите во 2022 година продолживме со иновативни продукти за нашите клиентите. Бевме првата банка во Македонија што нуди инвестициско злато. Интересот за овој продукт брзо ги надмина нашите очекувања и се покажа како одлична алтернатива на класичните банкарски продукти. Се трудиме да го подобруваме квалитетот на мрежата на експозитури преку континуирани обуки на вработените и реновирање на нашите локации. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат