06 Мај, 2024
0.0253

Иван Дебарлиев, партнер во првото македонско Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески, Ќелешоска: ДДК – домаќин на Регоналниот натпревар Big Deal

Интервју Иван Дебарлиев: Студентите по право се жедни за учење преку практична работа

Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

“Овој натпревар е само еден од начините на кои адвокатурата може да се доближи повеќе до студентите и младите правници кои располагаат со високи теоретски познавања, но на кои во тој период им е потребна и дополнителна стручност и искуство во спроведувањето на правото”.

Предизвикот за младите правници - натпреварот Биг Дил, кој што се одржува во различни градови во Регионот каде што и се лоцирани адвокатските друштва членки на Регионалната мрежа ТЛА (Top Tier Legal Adriatic – TLA), оваа година ќе се одржи во Скопје. Најнапред, што претставува овој настан за студентите од правната сфера?

Проектот Big Deal е натпревар на студенти од правните факултети во регионот, кој веќе втора година се одржува на регионално ниво, во организација на регионалната мрежа на водечки адвокатски друштва, Top Tier Legal Adriatic (TLA).

Станува збор за предизвик кој овозможува практична едукација на студентите од страна на ментори, професори од Правните факултети и адвокати од адвокатските друштв - членки на ТЛА регионалната мрежа и ги подготвува за реални ситуации во сферата на адвокатурата, како и во деловниот свет. Студентите имаат можност да ги збогатат и да ги презентираат своите знаења на натпреварот од повеќе области на правото. Овој пат, тоа ќе биде преку изготвување на Legal Due Diligence Report - правна анализа, како и нацрт на Договор за пренос на удел (Draft Share Purchase Agreement). За таа цел се работи на симулација на анализа на документи и правни прашања кои треба да се одговорат, односно проблеми кои што треба да се решат пред да се случи преземањето на соодветното фиктивно трговско друштво

Студентите имаат можност за размена на искуство, како со своите колеги студенти од  регионот, така и со истакнати професори на Правните факлутети и адвокати од водечките адвокатски фирми во своите јурисдикции, имаат можност да остварат поблиска соработка и увид во трендовите  во образованието, како и вршењето на адвокатурата во странство.

Колку тимови ќе учествуваат годинава и од каде? со какви предизвици ќе се соочат во текот на компетитивниот дел на натпреварот?

Со оглед на регионалниот карактер на натпреварот, оваа година на натпреварот ќе учествуваат студенти од правните факултети од Скопје, и тоа од Правниот Факултет Јустинијан Први – Скопје и Универзитет Американ Колеџ Скопје, како и студенти од правните факултети од Белград, Крагујевац, Загреб и Љубљана.

На компетитивниот дел, секој од тимовите пред судиите ги презентираат изработените Legal Due Diligence Report и нацрт на Договорот за пренос на удел, а потоа судиите во улога на клиенти им поставуваат прашања на студентите кои се во улога на адвокати.По завршувањето на квалификациите, два од шесте тима одат во финалето, каде еден наспроти друг ги преговараат условите на Договорот за пренос на удел, а судиите ги оценуваат нивната инвентивност, снаодливост, креативност и преговарачки вештини.

Согласно Вашето и искуството на Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска - ДДК, кои се придобивки за студентите кои што учествуваат на еден ваков вид на натпревар?

Соработката помеѓу адвокатурата како претставник на практичниот дел на правото и правната едукација во примената на правото понудена од врвни адвокати, од една страна, и експертските теоретски знаења и вештини од правото дадени од страна на професорите од правните факултети, од друга страна, нудат голем степен на напредок во знаењето на еден млад правник.  Тоа најмногу се однесува и е видливо при неговото стручно усовршување кога тој својата теоретска подлога треба да ја примени низ призмата на реални секојдневни, но и невообичаени правни моменти. Низ самиот натпревар младиот правник учи како да биде борбен, уникатен и натпросечен во својата амбиција. Оттука, сметаме дека овој натпревар е само еден од начините на кои може адвокатурата да се доближи повеќе до студентите и младите правници кои располагаат со високи теоретски познавања, но на кои во тој период им е потребна и дополнителна стручност и искуство во спроведувањето на правото.

Вашето Адвокатско друштво ДДК е членка на Регионалната мрежа ТЛА и годинава вие сте и коорганизатор на настанот. Кои се Вашите очекувања како Адвокатското друштво од Биг Дил натпреварот? 

Очекуваме дека ќе имаме можност да запознаеме одлични студенти од правните факултети од регионот кои поседуваат врвни, односно натпросечни теоретски знаења. Секоја година, натпреварот е местото каде што ние адвокатите вистински сме фасцинирани од пасијата со која овие млади правници се поставуваат кон правото, односно адвокатурата. Ништо помалку не очекуваме ниту оваа година од Big Deal.

Морам да потенцирам тука дека можноста да се биде домаќин на ваков реномиран натпревар, односно да се доближи предизвикот и едукацијата до студентите од регионот, преставува особена чест за Адвокатското друштво Дебарлиев Дамески и Ќелешоска

Дали ваквиот тип на соработка помеѓу практиката - адвокатурата и едукацијата - правните факултети, резултира со успех? Што е она со што, всушност, ќе се сретне еден студент по право кога ќе ги напушти факултетските клупи и ќе се соочи со реалноста наспроти теоријата?

Образовниот процес проследен со вакви активности претставува одлична основа за влез во правната професија. Кога младиот правник од студентската клупа ќе излезе со добра теоретска основа, за него уште проголем предизвик ќе претставува стекнувањето со практично знаење во областите со кои што во иднина би сакал да се занимава. Несомнено, едукативните бенефити се енормно големи и значително придонесуваат на квалитетот на знаењето и самото настапување на правната сцена.

Вака вооспоставената содржина на натпреварот Big Deal и соработкапомеѓу нас – адвокатите, професорите и студентите веќе се докажаа како успешни и сметаме дека е неминовна за постигнување на врвни успеси. Сметаме дека спојот на теоретските знаења на професорите, практичното искуство на адвокатите и посветеноста и трудољубивоста на студентите, како и нивната жед за учење преку практична работа, неминовно водат кон успех.


Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“