03 Декември, 2024
0.0250

Интервју Јован Дабевски, Здравје Радово: Кризата може да се победи само со раст на производството!

Објавено во: Агробизнис 09 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Во период на економска криза и недостиг на суровина, мал дел од домашните млекарници успеја да го одржат во нормала млекотпроизводството. Но за дел од нив токму кризата е предизвик за нови визии и инвестиции. Најголемата  македонска млекарница “Здравје Радово”, кризата одлучи да ја победи со константно вложување во нови технологии и објекти, зголемување на асортиманот и квалитетот на своите производи. Во  2002 година млекарницата почна со дневен откуп на 2000 литри, сега дневно откупува 100.000 литри млеко, бројка што ја прави најголема млекарница, а втори по ред во продажбата. Годишно 25 отсто од производите на “Здравје Радово” се извезуваат во земјите од регионот. Млекарницата работи со 2.000 кооперанти, односно со нбајголемите фарми како ЗИК Пелагонија, ЗК Струмица и друго.  Ние сме лидери во производство на сирење, ќе продолжиме со зголемување на производството на јогурти, млека и нови производи, тоа што прогнозираме како годишен раст го остваруваме- вели во интервјуто за Фактор генералниот директор на “Здравје Радово”, Јован Дабевски. Фактор Како ја оценувате бизнис климата во агросекторот, конкретно во млекопроизводството? Дабевски Тоа е гранка на која што јас гледам оптимистички, затоа што иако има повремени падови и застои, сепак генерално бележи раст. Доказ за тоа се познатите светски брендови кои што функционираат со директно производство во Македонија, аспирации на нови брендови, растот на нови македонските брендови, како што сме ние кои опстојуваме 11 години на пазарот со околу 100.000 литри дневен откуп на млеко со сериозен извоз во регионот. Гледано од краткорочни периоди, 2011 и 2012 година имаше голема суша како во земјава така и во целиот свет, се појави недостиг и поскапување на добиточната храна, оттука и фармерското производство стана понепрофитабилно. Тоа доведе намалување на  количествата на млеко.  Од друга страна е стандардот на граѓаните на Македонија,кој не дозволува цените на финалните производи да бидат толку колку што пораснале цените на суровините. Затоа се појави мал застој во производство во овие две години, што ние како производители се тоа го стававме на терет на профитабилноста, т.е истата ја намалувавме. Големо влијание за подбрување на целокупната состојба во млекарството ќе има окрупнувањето, однсно функционирањето на земјоделските задруги, бидејќи така е секаде во светот. Фактор Како работеше и работи “Здравје Радово” во овој кризен период, со оглед на тоа дека голем дел од млекарниците се соочија со недостиг на сурово млеко ? Дабевски Ние не се правдавме со кризата, напротив  во тој период се насочивме кон нови инвестиции, со верба дека ќе се излезе од кризата. Работевме многу повеќе, а помалку заработувавме, но затоа растеше нашиот бренд и позициите на пазарот. Точно е дека има недостиг од сурово млеко, но Македонија секогаш имала недостиг, матичното производство на сурово млеко од секогаш било помало во однос на побарувачката, и секогашп сме биле увозно завсини. Факт е дека недостасуваат количини, но факт е дека ние и во тие услови од година во година растевме за над 20 отсто со дневниот односно годишниот откупот на млеко. Секако дека и ние не сме имуни на состојбата, сакавме 50 отсто да пораснеме во откупените количини, но продажбата не го трпеше тоа, и пораснавме 20 отсто. Да имаше повеќе млеко ќе беше поевтино, ние ќе работевме попрофитабилно. Далеку од тоа дека немавме воопшто проблеми, но и во такви услови ние растевме. Така беше и лани кога сите се жалеа дека им недостига млеко, ние пораснавме за 20 отсто со откупените количини, затоа што за сите овие години воспоставуваме реален и партнерски однос со сточарите, им помагавме во совете, делење на опрема, стелни јуници, наврме плаќавме. Нашите фармери не сакаат торбуленции, играње топло- ладно, сакаат синхронизирана линија на дејствување и тука е нашата предност, а тие тоа го препознаа. Фактор Колку со новата Стратегија за развој на мелкопроизводството, навистина ќе се развие оваа гранка, па еден ден и нема да бидеме увозно зависни од млеко и млеко и млечни производи? Дабевски Државата дава сериозни субвенции кои како износи се добри, 3,5 денари за литар млеко е  добра помош, дополнително има за јуници, грло добиток, молзни крави и хектар површина, и тоа го стимулира фармерот да биде поголем, да има нови фармери. Во старата стратегија, млекото се плаќаше по литар, сега  ќе се плаќа по квалитет.Тоа значи дека некој со екстра квалитет ќе добие пет денари за литар, тој со понизок квалитет три денари за литар, а некој и воошто нема да добие субвенција. Таа варијанта е подобра, оти не треба само квантитетот да се стимулира туку треба и квалитетот. Тогаш директно се стимулира и поголем квалитет, иако таа е потешка за спорведуваме, но на крајот дава пореални резулатите. Така е секаде во регионот и во светот. Ние досега имавме само откуп, лани ја купивме фармата од поранешниот агрокомбинат “Џумајлија”, чекаме да заврши процесот со тендерите за доделување земјиште, па во текот на годинава планираме да влеземе во матично производство на млеко.Ќе го анализираме бизнисот, ќе направиме испитување, воведување стандарди, ако теоретскиот и практичниот дел односно бизнис плановите се покажат дека е профитаблно производството, тогаш тоа ќе биде показна мерка за фармерите, бидејќи 100 фамери да го пресликаат тоа, а ние ќе им го дадеме, за нас значи дуплирање на млекото и зголемување на количините. Тогаш би оделе и во поголема инвестиција, односно и самите еден дел од количините да ги произведуваме. Ако така постапат повеќе млекарници и фармери кај нас, тогаш  нема да има потреба од увоз. Секако дека тоа нема да се случи за брзо време, треба да одреден период. Фактор Како се носите со  конкуренцијата на пазарот, со оглед на тоа што во македонското млекопроизводство наскоро ќе влезе уште еден светски бренд, турски “Суташ”? Дабевски Пет години една од големите европหки млекарници е присутна кај нас тоа е француски “Лакталис”, потоа “Данубе фудс”, го имавме “Свед милк”, сега “Суташ”, но кога се работи за големи светски брендови секогаш ги поддржувам. Ако гледаме историски, имаше страв кај нас, но коцептот на Здравје радово е да се она што е прави во странство да се пренесува тука и да се прилагодува на вкусовите на потрошувачите. Кога дојдоа странските компании, тие внесоа новини, ние ги прифативме, но нашата блискост со фармерите и познавањето на пазарот го искористивме. За кратко време се виде дека стравот ни е неоснован и дека подобро се носиме со големи компании, отколку со мали кои прават проблеми на пазарот. Ако земеме во предвид дека 25 отсто од нашето производството оди во странство, каде што се среќваме со многу поголеми брендови и со нив сериозно се носиме. Затоа на конкуренцијата и поскаувам добредојде Генерално гледано на сите типови производи и присуство на нашите производи, ни не чувствуваме пад, туку раст во присуството. Нашите производи добро се борат со странските млечни производи. СТРАНСКИОТ ПАЗАР ЌЕ СЕ ОСВОЈУВА И СО ОВОШНИ СИРУПИ Фактор Освен производството на млеко и млечни производи, од минатата започнавте и со производство на овошни сирупи. Што ве натера да влезете во овој бизнис? Дабевски Самата опрема која ја купивме е слична со млекарската. Јас лично се внесов, истражував, анализирав и дојдов на идеја да направам патент за сирупи. Бев испровоциран од фактот дека сирупите не се веќе во мода  и дека се купуваат.  Но дојдов до некои бројки од кои се виде дека во модерните европски земји сирупите се доста барани и се консумираат. На пример во  Словенија и во Хрватска има голема побарувачка, но тоа не е случај со Србија. Исто така се покажа дека квалитетот на оддлени сирупи на рафтовите се причина да ги оттргнуваат потрошувачите од нив, па затоа влеговме малку подлабоко во технологијата на поизводство, и успеавме да направиме еден патент, да се направи сируп без конзерванси и со многу повеќе овошје, односно сличен на соковите. Фактор Како сте задоволни од досегашната продажба на само на домашниот туку и настранскиот пазар? Дабевски Самиот патент не дозволува шишиња туку тетрапак пакување .Тоа  пакување направи на почетокот забуна кај потрошувачите, мислеа дека е обичен сок, затоа се насочивме кон силни маркетингшки реклами. Во Македонија одлично се продава, нашата идеја беше во цел свет да продаваме, бев и во Африка и на други континенти, имавме и имаме побарувачка, нашите увозници беа презадоволни кога ќе им ја раскажаме приказната, но кога ќе се постави на полиците во маркетите имавме проблем, што не го очекувавме дека ќе биде толку голем. Купувачите се препознаваат, но со тек на време ќе се се среди и тоа. Сега одиме со акцент на продажбата во  Македонија и регионот, и за да го направиме профитабилен  целиот проект, ќе почнеме и со производство на други видови сокови. Извезуваме во регионот, има дел што оди и во Европа, но го прекинавме извозот бидејќи како што кажав се соочивме со препознавање на производот, што во Македонија веќе не проблем потрошувачите веќа знаат каков производ станува збор. Кај другите пазари ќе треба да помине време, но ние не се откажуваме, ќе одиме понатаму. Ј.С

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.