06 Декември, 2025
0.0309

Иван Костиќ, генерален директор на Филип Морис ТКП

ИНТЕРВЈУ КОСТИЌ, „ФИЛИП МОРИС“: Науката и технологијата можат и мораат да бидат дел од решавање на проблемот со пушењето

Објавено во: Мои пари, Интервјуа 27 Јули, 2021 08:20

Добивај вести на Viber

Денешните „суперавтомобили“ се совршен спој на врвен дизајн, напредна технологија и применета наука. Но, брзините што не можеа да се замислат пред две децении, извонредноста и задоволството што тие ги носат со себе, не се евтини. Сепак, покрај автомобили со огромни цени, има и автомобили кои експертите ги препорачуваат како модели кои нудат 90 процентно исто искуство, но за помалку пари. Ако го преведеме ова на јазикот на тутунската индустрија, тогаш IQOS е електонски уред број 1 за загревање на тутун во светот, во чиј развој се вложени 15 години работа на повеќе од 400 научници и инженери и 8 милијарди долари. Но, факт е и тоа дека сето ова ја отвори вратата за цел нов сегмент слични производи кои им нудат на возрасните пушачи ширина и слобода на избор. Сега постои Lil SOLID 2.0, уред на јужнокорејската компанија KT&G кој е подостапен, но работи на истиот принцип како и IQOS, а во исто време има карактеристики што го прават различен, како што се компактноста и лесната употреба.

Вака Иван Костиќ, генерален директор на Филип Морис, го започна интервјуто со нас по повод појавувањето на новиот производ на македонскиот пазар.

Зошто Филип Морис реши да дистрибуира производ на друга компанија?

Постојано кажуваме дека сакаме иднина без чад од тутун, но дека не можеме да ја постигнеме сами. Од една страна, се надеваме на помош на носителите на одлуки, за да можеме да работиме заедно на овој вид намалување на штетноста од пушењето. Од друга страна сме подготвени да ги поддржуваме производите на други компании за кои веруваме дека имаат потенцијал да ни помогнат да ја постигнеме нашата амбициозна визија. Cметаме дека пушачите кои се подготвени за промена треба да имаат пристап до докажани уреди кои ќе бидат со поприфатлива цена. Затоа и дојде до договорот на Филип Морис со KT&G, реномирана компанија од Јужна Кореја, според кој ние го дистрибуираме нивниот Lil Solid 2.0 надвор од границите на Јужна Кореја. Тоа е електронски уред кој исто така не го согорува, туку го загрева тутунот. Напредните технички карактеристики, заедно со ригорозната контрола на научните докази што стојат зад овој уред, беа доволна причина да го ставиме името на нашиот бренди да обезбедиме иста, врвна поддршка за сите полнолетни пушачи кои ќе се одлучат да го купат.

Дали е тешко да се „убедат“ полнолетните пушачи дека има подобри алтернативи и кој е најголемиoт „камен на сопнување“?

Најтешкиот дел е промена на некои вкоренети мислења. Прашајте ги луѓето кој е главниот виновник за болести на пушење, повеќето ќе одговорат - никотинoт, иако тоа не е точно.Но тие информации се доминантни со децении и денес е многу тешко да се објасни дека никотинот предизвикува зависност, но согорувањето и резидуалите од истото се главните причинители за болестите врзани за пушењето. Елиминацијата на согорувањето беше клучот за создвање на помалку штетна алтернатива. И затоа сега се обидуваме да ги претставиме овие научно докажани факти и да ги потиснеме лажните верувања со точни информации кои се научно поткрепени.

И, дали јавноста верува во искрените намери на тутунската индустрија кога зборувате за науката, намалување на штетите и јавното здравје?

Сосема е нормално дека преку ноќ не е лесно да се убеди јавноста и да се добие безрезервна поддршка за нашите напори. Но, ако не отстапувате од целта, ќе дојде и до успех. Ако се води жестока битка помеѓу, од една страна, предрасудите и недовербата кон науката, а од друга страна имате стотици наши и десетици независни научни студии кои ги потврдуваат доказите дека нашите производи без чад иако не се без ризик, сепак се подобра алтернатива од продолжувањето со пушењето, тогаш нашите позиции во таа борба ќе бидат сè подобри. Минатата година, реномираната Американска агенција за храна и лекови (ФДА) донесе одлука во која меѓудругото наведува и дека целосен премин од цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи. Науката, фактите и иновациите остануваат двигатели на нашиот развој, и затоа очекуваме понатамошно забрзување и проширување на нашето сегашно портфолио на помалку штетни производи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј