05 Декември, 2025
0.1859

ИНТЕРВЈУ Николовски: Власта манипулира со маката на земјоделците, на тоа ќе му ставам крај!

Објавено во: Агробизнис 28 Ноември, 2015 09:02

Добивај вести на Viber

Во министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, согласно договорот од Пржино како дополнителен заменик-министер влезе Љупчо Николовски.Уште првиот ден кога ја доби  функцијата најави дека ќе побара извештаи за работата на сите сектори во земјоделството. Неодамна го обвини министерот за земјоделство Михаил Цветков дека доцни исплатата на субвенции. „Сведоци сме изминативе години на селективна распределба  на субвенциите и на нивна злоупотреба од луѓе блиски на власта. Имаат разработен систем, прво добиваат земја под концесија, а потоа и субвенции. При тоа, никој не води сметка дали тие површини воопшто и се обработуваат. Ова е една од причините за намаленото домашно производство и двојно зголемениот увоз на храна од 2006 година. Вистинските земјоделци не треба да се плашат. Тие од новата Влада на СДСМ ќе добиваат повеќе пари за субвенции и тоа навреме, тогаш кога им се најпотребни без разлика на партиската припадност“ вели Николовски во интервју за Фактор. Фактор:Пред две недели влеговте во министерсвтото за земјоделство,шумарство и водостопанство како дополнителен заменик-министер. Што прво направивте откако дојдовте на оваа функција? Николовски: Прво, влегов во сите канцеларии во министерството и разговарав со секој еден вработен. Од директорите и раководителите па до лицата вработени на пријавница и во бифе. Мора да ги запознаете луѓето со кои работите и соработувате за доброто на државата, на граѓаните. Но, во суштина за вака краток период превзедов низа на активности кои произлегуваат од законските надлежности. Поднесов над триесетина посебни и конкретни барања за доставување на извештаи и информации за работата на секторите во рамки на министерството, органите во состав, агенциите и јавните претпријатија. Сеуште ги чекаме одговорите. Вработените имаат законска обврска да постапат по овие барања. Моментално го екипирам мојот тим по што со засилено темпо и работа ќе продолжиме да ја остваруваме нашата законска улога во интерес на граѓаните, земјоделците. Се со цел да ги заштитиме пред се земјоделците од манипулации, притисок и уцени и да ја вратиме контролата кај граѓаните. Фактор:Каква е соработката со министерот за земјоделство Михаил Цветков, односно дали односите помеѓу вас двајца може да влијаат врз политиите за земјоделство? Николовски: Законот предвидува јасно дефинирани надлежности и одговорности. Мојата улога е контролна и заштитничка во функција на граѓаните и во овој случај земјоделците. Да ги оневозможиме злоупотребите на институциите, изборните манипулации и изборната корупција од страна на високите владини функционери констатирани во сите меѓународни извештаи и потврдени во огромен број на разговори, што во рамките на проектот Вистината за Македонија ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Да ги нормализираме институциите и да обезбедиме фер и слободни избори. Фактор: Каде се може да употребувате врзан потпис, на пример дали ќе го искористите тој потпис ако забележите неправилна распределба на субвенции, земјиште или друго ? Николовски: Законот е јасен. Актите што се однесуваат на правни, кадровски и финансиски прашања поврзани со организација на изборите имаат правно дејство ако се потпишани и од министерот и од дополнителниот заменик министер. Фактор:Како заменик министер какви ингеренции имате во клучните области во министерството, како што се распределбата на субвенциите и на земјоделското земјиште? Николовски: Ќе ги искористам сите ингеренции што ми ги дава законот.  ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИМЕ СУБВЕНЦИИТЕ Фактор: Она што предизвика реакции во јавноста и ве обвинија дека ќе ги намалите субвенциите, какви чекори ќе превземете? Николовски: Напротив. Ние во нашата програма предвидуваме зголемување на износот на годишни субвенции на 160 милиони евра. Гарантираме дека земјоделците ќе ги добиваат навремено и тогаш кога им се најпотребни. Актуелната власт манипулира со маката на земјоделците. Затоа повикав исплатата на субвенциите за 2015 година согласно законот, програмата и календарот за исплата да започне веднаш. Крајните пропишани рокови за исплата на голем дел од субвенциите за 2015 година се поминати а власта нема исплатено ниту еден денар на ниту еден земјоделец. Тоа го потврди и министерот.Тој нема што да каже бидејќи нема аргументи па мораше да потврди дека со пари и буџет од 2015 се исплаќани субвенции за 2014 година. Да потсетам, ниту еден денар субвенција за 2015 година не е исплатен за ниту една култура, а голем дел на земјоделци се уште чекаат на субвенции за 2014, 2013 и 2012 година. Тоа е тој виртуелен свет на Никола Груевски. Земјоделците го полнат буџетот на државата а тоа што со закон им следува го добиваат после повеќе од година или две. Тоа ние ќе го промениме. Фактор: Дали ќе понудите предлози и какви,  во подготовката на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за следната година? Николовски: Следната програма за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе биде реализирана од новата Влада на СДСМ, предводена од Зоран Заев. Тоа пред се значи зголемување на износот на субвенциите на 160 милиони евра и нивно навремено исплаќање токму тогаш кога на земјоделците им се најпотребни. Вистинските земјоделци ќе добиваат поголем износ на субвенции од идната Влада на СДСМ. Уште повеќе затоа што ние нема да трошиме на споменици, скулптури, луксузни мерцедеси, нешто на што оваа Влада потроши над 630 милиони евра народни пари и ги задолжи идните генерации.  РЕВИЗИЈА НА МАНИПУЛАЦИИТЕ СО ПАРИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Фактор: Планирате ли да направите ревизија во досегашната распределба на субвенциите? Николовски: Секако, сведоци сме изминативе години на селективна распределба  на субвенциите и на нивна злоупотреба од луѓе блиски на власта. Имаат разработен систем, прво добиваат земја под концесија, а потоа и субвенции. При тоа, никој не води сметка дали тие површини воопшто и се обработуваат. Ова е една од причините за намаленото домашно производство и двојно зголемениот увоз на храна од 2006 година. Вистинските земјоделци не треба да се плашат. Тие од новата Влада на СДСМ ќе добиваат повеќе пари за субвенции и тоа навреме, тогаш кога им се најпотребни без разлика на партиската припадност. Фактор: Она што е сега актуелно, е откупот на тутунот, тутунарите бараат да почне порано, дали ќе им излезете во престет? Николовски: Владата постојано манипулира и со оваа многубројна категорија на граѓани кои се занимаат со тешкото производство на тутун и на кои ова им е основна егзистенција. Нема предвремен откуп а веќе доаѓа редовниот и законски откуп. Но она што сакам да го порачам е дека одблиску и постојано со голема заинтересираност и од терен ќе го следам откупот. Производителте на тутун треба да знаат дека ќе ја имаат мојата безрезервна поддршка во текот на откупот. Веќе од утре ќе бидам на средби со нив, ќе разговараме и во рамки на моите надлежности ќе се борам за нивните права. Р.Ф

Утре на Фактор: Интервју со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?