19 Декември, 2025
0.1818

ИНТЕРВЈУ ПАПАДАКИС: Потезите на Ципрас се надвор од здравиот разум!

Објавено во: Балкан 07 Јули, 2015 08:34

Добивај вести на Viber

Грчкиот аналитичар  и новинар Јоргос Пападакис за Фактор оценува дека последиците од  кризата  во неговата земја ќе бидат  големи. Според него, грчките граѓани  не беа толку против мерките за штедење колку што се револтирани од однос на Европа  кон  нивната земја. Би било крајно не сериозно  за грчката кризата да ја обвинуваме Европа.                                                                                                         „Меѓународните кредитори не можат да се амнестираат од одговорност,  затоа што до последен момент  и веруваа на владата во Атина   во  нереалните ветувања  кои ги даваше“  посочува Пападакис. Проценките на  нашиот соговорник се дека Атина нема друг избор освен да преговара  со  меѓународните кредитори,  но потенцира дека   разговорите ќе  бидат долги  и  исцрпувачки.                                                 „Земајќи го  во предвид  случајот со спорот околу името и начинот на кој Атина преговара со Скопје не очекувам да имаме суштински разговори .  Мислам дека и Европјаните  полека го губат трпението и не исклучувам да кренат  раце од Грција и да ја остават  сама да се справував  со  проблемите  кои сама си ги создаде“ , потенцира Јоргос Пападакис .  Разговараше Горазд Чомовски Фактор:  Како го оценувате ставот на грчкиот  премиер  Алексис Ципрас   кој референдумот го оцени како историски,  иако   проценките се дека  последиците од банкротот  ќе се зголемат како резултат  на отсуството на програма за економски спас на земјата?      Пападакис:  Потезите  на  грчкиот премиер  Алексис Ципрас  се надвор од здравиот разум и тешко се  остварливи. Тој речиси пет месеци  нема  јасен став за ниту едно прашање  и не знам  зошто сега граѓаните би требало да му веруваат. Празен вербализам е неговиот  најголем адут. Фактор: Дали негативниот одговор на Грците на референдумот значи и „не“ за еврото. Претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц  изјави дека по негативното изјаснување на граѓаните , ќе мора да воведе некоја друга валута, затоа што еврото како платежно средство не стои на располагање? Пападакис:  Европската и македонската јавност треба да разбере  дека „НЕ“ на Грците не беше толку против мерките за штедење туку против Европа.  Но исто така, грчките граѓани  мора да разберат дека не можат да добијат се’  што ќе посакаат.  Треба да им биде јасно дека доколку одлучиле  да бидат против Европа и еврото дека таквиот став може  и негативно да се одрази врз  нивниот живот. Фактор: Дали проблемот со неможноста на Грција да ги враќа долговите  е проблем само на јужниот сосед  или  проблемот е и кај оние кои и дозволувале  на оваа земја со години да се задолжува и да троши туѓи пари? Пападакис:  Грција е првата земја  членка на ЕУ која не ги почитува  тие идеали како што е тоа  счучај  и со однос кој го има кон Македонија со оспорувањето на уставното име. Така да малку е иронично  вината  за  грчкиот економски колапс да ги обвинуваме Европјаните . Но  меѓународните кредитори не можат да се амнестираат од одговорност , затоа што до последен момент  и веруваа на владата во Атина   во  нереалните ветувања  кои ги даваше. Сега   цената  од оваа криза нема да ја  плати само Грција туку и многу други земји. Последиците   од оваа криза ќе бидат големи, а цената   која ќе ја платат не само  грежчките граѓани туку и пошироко  ќе биде многу  висока. Сите оние кои поигруваат со  судбината на грчките  граѓани мора  д а понесат  одговорност. Фактор: Формално, референдумот немаше  никакво значење, зашто граѓаните се изјаснуваа околу компромисниот предлог на доверителите, кој по истекот на втората програма за финансиска помош на крајот на јуни воопшто веќе не е на маса. Но за владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас завчерашното  гласање е рамно на победа што во истовреме се толкува и како голем пораз за Европа .   Дали и натаму ќе се преговара ? Пападакис: Грчката влада нема избор освен да преговара  со Европа. Меѓутоа, имајќи го во предвид  случајот со спорот околу името и начинот  на која Атина преговара  со Скопје не очекувам да имаме суштински  преговори. Мислам дека и  Европјаните полека го губат трпението  и  не исклучувам да кренат  раце од Грција и да ја остават  сама да се справував како знае и умее со  проблемите  кои сами си ги создаде. Фактор: Како ги оценувате  оставките на  лидерот на Нова демокартија Андонис Самарас  и на  министерот за финансии Варуфакис ? Пападакис:  Андонис Самарас  требаше уште  во јануари  да  се повлече , меѓутоа имајќи во предвид дека се работи за  крајно себична личност  кој сака  да биде постојано на врвот,  правеше максимални напори да одржи  на чело на  партијата што подолг период. Меѓутоа  се покажа дека неговата политика повеќе не наидува на поддршка  кај грчките граѓани. Што се однесува до  сега веќе поранешниот грчки министер за финансии  Варуфакис. Станува збор  за нарцисоидна личност  без визија,  но е одличен демагог.  Добро е  што  релативно кратко време ја извршуваше  оваа функција .  

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен