06 Октомври, 2024
0.0278

ИНТЕРВЈУ Петрески: Политичката партија која ќе воведе прогресивен данок ја сече гранката на која седи!

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Било која политичка партија која ќе вети враќање на прогресивното оданочување ќе си ја пресече гранката на која што седи. Елитата не само што е во спрега со политичките партии, туку го сочинува јадрото на политичките партии, без разлика на нивната провиниенција, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески за Фактор во разговор за даночната политика на земјата. Но, исто така Петрески додава дека релевантно квантитативно истражување кое покажало дали рамниот данок дал поголеми позитивни од негативни ефекти – нема. Има само паушални оценки или неподдржани мислења дека исходите биле позитивни или негативни. [button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2015/06/28/intervju-jovanovik-makedonija-treba-shto-pobrzo-da-vovede-progresivno-odanochuvane/" ]ДЕБАТА: Прогресивно одначочување ДА или НЕ?[/button] Фактор: Дали Македонија треба да размислува за прогресивно одданочување, односно богатите да се одданочуваат со повисока стапка, а сиромашните со пониска стапка? Марјан Петрески: Македонија треба да размислува за тоа како да креира буџет кој ќе биде во функција на сиромашните. Тоа директно може да се направи ако пасивните мерки на пазарот на труд повеќе место отстапат на активните мерки, односно што повеќе пари се трошат на мерки за поттикнување самовработување, социјална помош врзана со остварување доход, социјална помош врзана со остварување општествено-корисен исход (на пример, одење на училиште). Индиреткно тоа може да се направи преку насочување на инвестициите во добра од кои поголема корист имаат сиромашните, како што се локални патишта, водоводи, друга инфраструктура, домување и слично. Ако се овозможи буџетот да биде во фунција на сиромашните, повеќе од она што е сега, тогаш прогресивно оданочување не е потребно. Без ефикасност на алокативната функција на буџетот, прогресивните даноци ќе ги казнат побогатите, но нема да ги наградат посиромашните. Тоа е особено важно во ситуација кога оние што заработуваат повеќе се истовремено и попродуктивните индивидуи во општеството, пришто нивната продуктивност може да биде инхибирана. Фактор: Дали, прогресивното одданочување ќе донесе повеќе пари во буџетот, но и од друга страна колку е важна понатамошната распределба на парите за да се постигнат посакуваните ефекти? Марјан Петрески: Дали и колку повеќе пари во буџетот ќе донесе прогресивното оданочување зависи од стапките кои би се наметнале и од даночните граници измеѓу различните нивоа  доход. Но, повторно да нагласам дека важно е како тие пари ќе се потрошат. Фактор: Какви би биле ефектите што би се постигнале со прогресивното одданочување? Марјан Петрески: Прогресивното оданочување е една од политиките што може да се користи за намалување на нееднаквоста, во генерална смисла на зборот. Меѓутоа, дали нееднаквота во Македонија треба да ја лечиме со прогресивни даноци – не сум сигурен. Од причина што најпрво треба да погледнеме што е главната причина за порастот на нееднаквоста. Да ги потсетам читателите дека главниот удар на нееднаквоста беше зададен во 90-тите со процесот на приватизација кога од релативно еднакво општество што го наследивме од поранешна Југославија, станавме одеднаш нееднакво општество со тоа што овозможивме капиталот да се концентрира во рацете на општествените директори кои станаа новите капиталисти. Подоцна други политики или практики, како што се пристапите кон распределба на тендерите, па и некои прозивки за корупција, овозможија овој тренд на нееднаквоста да се зголемува. Рамниот данок само благо придонесува кон тоа, меѓутоа не би рекол дека е главната причина. Ако најфрапанетен е растот на доходот кај најбогатите 1% од Македонците, тогаш никој нема да биде убеден дека тие се збогатиле затоа што биле оданочувани со 10% наместо со 20 или 30%. Причините треба да се бараат на други места. Фактор: Дали со прогресивното одданочување би останале повеќе пари кај сиромашната категорија граѓани, а со тоа би се влијаело на подобрување на нивниот стандард? Марјан Петрески:Постојат некои докази во литературата дека сиромашните може повеќе да го поттикнат растот, од причина што нивната маргинална склоност кон потрошувачка е поголема од таа на богатите. Богатите пак главно штедат, односно не трошат, што секако не придонесува за растот преку потрошувачката, но може да биде важно за финансирање на инвестициите во економијата. Секако, нема дилема дека ако сиромашните имаат повисок доход, дека ќе трошат повеќе, а со тоа ќе се зголемат нивните шанси за излегување од сиромаштија. Сепак, не сметам дека најдобриот начин тоа да се направи е преку доделување т.н. незаработен доход, туку преку мерки за нивна активација, односно за нивно вклучување на пазарот на труд со поддршка од државата во извесен временски перод во кој тие би станале способни сами да генерираат доход и самоодржливост. Фактор: Дали било која Влада има политички капацитет да посегне по прогресивно одданочување со оглед дека тоа би значело свртување на револтот на богатата елита кон себе, а токму таа елита пак од друга страна е постојано во спрега со владејачките гарнитури? Марјан Петрески: Сметам дека било која партија која ќе вети враќање на прогресивното оданочување ќе си ја пресече гранката на која што седи. Елитата не само што е во спрега со политичките партии, туку го сочинува јадрото на политичките партии, без разлика на нивната провиниенција. Ако таа политичка партија сака да наметне прогресивен данок, тоа ќе значи казнување на самата себе. Тоа ќе оди тешко. Забележете дека неодамна кога владејачката партија наметна придонеси на хонорарни заработки, од тоа ги иззеде функционерите, претпоставувам затоа што се соочила со силен внатрешен притисок. Фактор: Како ги оценувате ефектите од воведувањето на рамниот данок во земјава? (И ако велиме дека нема релевантни подаоци врз основа на кои може да се даде одговор на ова прашање, тогаш се наметнува, следно ппрашање, зошто нема, дали тие релавантни податоци отсуствуваат за да не може да се направи проценка за оправданоста од воведувањето на рамниот данок во земјава?) Марјан Петрески:Прво, не би рекол дека податоци нема. Податоци има, но, колку што знам  јас, релевантно квантитативно истражување кое покажало дали рамниот данок дал поголеми позитивни од негативни ефекти – нема. Има само паушални оценки или неподдржани мислења дека исходите биле позитивни или негативни. Јас сакам да избегнам таква неподдржана дебата, но ако направам квантитативна анализа, ќе ја споделам со јавноста. Но, можам да ви кажам зошто таквите мислења, во основа, се без вредност. Затоа што, за да го оцениме ефектот од рамниот данок, ние треба да ја знаеме т.н. counterfactualсостојба, односно, каков раст, распределба, сиромаштија и сл. ќе сме имале ако наместо рамен данок сме имале друг даночен систем. Тоа не можеме да го знаеме директно, бидејќи економијата не може да биде истовремено во две системски состојби. Можеме да споредиме со состојбата пред рамниот данок, пришто треба да имаме предвид дека се работи за два комплетно различни временски периоди (експанзија наспрои криза), како и различности во поглед на преструктуирањето на економијата во меѓувреме. Може да споредиме и со други земји кои имале друг тип на даночен систем, контролирајќи за различностите на двете земји, во поглед на политиките, економската структура и сл. Значи, двата пристапи се легитимни, меѓутоа досега таква анализа не сум видел. Секако, предизвик е да се направи. Фактор: Со оглед дека се повеќе се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните, што според Вас треба да се направи за да се намали таа нееднаквост? Марјан Петрески: Мислам дека фокусот главно треба да се стави врз политики кои ќе ја зголемат веројатноста дете што се родило сиромашно (во сиромашно семејство) да има поголема веројатност да не живее во сиромаштија кога ќе стане возрасен. Ова е литература во појава и се сврзува со т.н. интергенерациска социјална мобилност. Тука спаѓаат фамилијарните политики – на пример, лесен пристап до градинки, можности за родителите да користат отсуства за одгледување деца; образовните политики – основата на овој пристап е квалитетното образование; политики за негување таленти, политики кои промовираат еднакви можности во најширока смисла на зборот, и сл. Дури и на подоцнежна возраст може да се дејствува преку политики како што ги спомнав од почетоткот: додавање социјална помош на одреден заработен доход (наспроти сегашниот случај кога помошта се скратува ако лицето остварува доход), потоа условени парични трансфери, со кои може да се зголеми свесноста за образование, здравство и сл.  

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта