20 Април, 2024
0.0282

Интервју со Јане Плавевски и Катерина Попова од Vip

Интервју Плавевски и Попова, Vip Go Social: комуникација во време на онлајн експерти и вертикални Инстаграм сторис

Објавено во: Мои пари, Интервјуа 17 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Неодамна лансираната кампања на телекомуникациската компанија Вип насловена како “Живеам вертикално” , на прва ја освои публиката, а особено помладите, односно оние корисници кои веќе не можат да си го замислат секојдневието без интернет конекција и тоа во секое време на било кое место. “Неспорен е фактот дека социјалните медиуми направија огромна промена на начинот на кој комуницираат и како го минуваат своето секојдневие. Откако интернетот стана потреба во секој дом или канцеларија , мнозинството кое е online го минува своето време на социјалните медиуми па оттука и нашите производи и услуги стануваат се повеќе дигитални , а истото се однесува и на начинот на пласирање на информациите “, велат Јане Плавевски, маркетинг експерт за резидентни корисници и Катерина Попова од одделот за маркетинг комуникации во Вип, со кои разговаравме за предизвиците на модерното – дигитално време и за начинот на кој компанијата се позиционира на телекомуникацискиот пазар.

Фактор: Дигиталното време несомнено донесе нов начин на функционирање во секојдневието. Работиме, се дружиме, споделуваме со нашите телефонски уреди преку социјалните мрежи и мобилни апликации. Кампањата на Вип поврзана со најновата промоција на компанијата - “Живеам вертикално” ја потврдува токму оваа слика. Дали ја постигнавте целта? 


Јане: Моменталниот начин на живеење, изразување, комуницирање па дури и водење на бизниси се повеќе е поврзано со социјалните мрежи. “Вертикалното” живеење е начин како може секој да ги сподели своите авантури, идеи и ставови со широка популација, а притоа да биде слушнат. Дигиталното општество ни овозможува да сме поврзани и да имаме можност како да се изразиме на свој начин. Нашата идеја е да овозможиме комуникација без прекин, да ги ослободиме корисниците од ловење wifi за да можат опуштено да сурфаат, да ги споделуваат своите ставови и да се изразуваат и според реакциите од нашите корисници можам да кажам дека целта е секако постигната.

Фактор: Една од работите по кои Вип се издвојува од повеќето компании во Македонија, е токму начинот на кој комуницира со своите корисници: силен, конзистентен, визуелно богат и храбар начин на рекламирање. Кој е комуникацискиот пристап кој оваа компанија го практикува на социјалните медиуми? Со какви предизвици се среќавате?

Катерина: Предизвик е навистина мал збор кога зборуваме за овој комуникациски канал во телекомуникациската индустрија. Од спојувањето на трите бренда во еден, назад во 2016 па сѐ до денес, толку многу работи се променијa: динамиката сокоја се споделуваат новости и нивната релевантност, содржините кои се актуелни, форматот на пренесување на тие содржини, вклучително и начинот на комуницирање со корисниците. На пример: ние сме првата компанија чии вработени, нашите херои- колеги од Одделот за онлајн корисничка поддршка, секојдневно за секој еден корисник (без разлика дали е јавна комуникација или во приватни пораки) се потпишуваат лично со своето име кога комуницираат со корисници. Секако, на почеток беше потребно време за да се стекне навиката и формира идејата дека зад секој напишан збор стои вработен во Вип кој навистина, на хуман и пријателски начин се грижи за корисниците, но малку помалку се разви свеста за истото. Исто така, меѓу првите почнавме да изработуваме серијали и други видови специјално креирани содржини за Social, бевме први кои изработија 3D постови за продукти...

Фактор: Велите дека при креирањето нови понуди и промоции се потпирате на детални анализи на пазарот и навиките на корисниците. За што се користи најмногу мобилен интернет?

Јане: Секоја понуда на Вип е базирана на реалните потреби на корисниците, како во моментов така и во иднината. При процесот креирањето, најпрво ги прашуваме оние за кои се наменети понудите - нашите корисници, а потоа се потпираме на целосните анализи и трендови на пазарот.  Па така, последните статистички податоци велат дека во моментов најмногу мобилен интернет се користи на социјалните мрежи како и на гледањето видеа.Facebook е апликацијата која генерира најголем сообраќај преку мобилната мрежа, по неа следи YouTube, а сообраќајот постојано се зголемува на популарниот Instragram. Овој тренд го постави и правецот во креирањето на нашата најнова промоција. Сигурни сме дека корисниците се повеќе од задоволни.

Фактор:  Зошто Вип се одлучи да креира понуда со која ќе овозможи неограничен интернет за социјалните мрежи?

Јане: Социјалните мрежи се места каде корисниците поминуваат голем дел од нивното време и компаниите кои се сопственици на овие платформи константно вложуваат во подобрување на квалитетот, но истото со себе носи и поголема потрошувачка на интернет за самите корисници. Дополнително, мобилните мрежи и уреди стануваат се понапредни/помоќни и овозможуваат содржините на интернет да бидат консумирани со највисок можен квалитет. Сето ова доведува до брзо трошење на мобилниот интернет кој им е на располагање на корисниците. Понудата на Вип со неограничен интернет за омилените и најчесто користените социјални мрежи (Facebook, Instagram, Snapchat, Messenger и WhatsApp) ќе им овозможи на нашите корисници да се опуштат и целосно да уживаат додека “скролаат” вертикално, четуваат и споделуваат, а притоа вклучениот мобилен интернет од тарифниот модел да го користат за останати содржини.

Фактор: Велат дека “content is the name of the game” во овие динамични времиња. Како Вип го следи тој тренд? Кој е процесот за изработка на содржина во една голема компанија како Вип? 


Катерина: Апсолутно се согласувам дека содржината е носечки столб во овие времиња во кои буквално едно прелистување надолу ве дели од комплетен онлајн заборав. Ќе се обидам да бидам колку што е можно попластична во описот: гледајте го тој процес како една инка низ која се слева секоја информација вредна за споделување, која потоа е предмет на приоритизација и соодветна доработка. Тука влегуваатсодржини за продукти и услуги специјално изработени по формат, содржина и тоналитет за Social: одделно изработени адаптации на кампањи, како и  посебно креирана комуникација за овој канал. Исто така, редовно практикуваме транспарентна комуникација на компаниски новости во соработка со колегите од Корпоративни комуникации и Човечки ресурси…Секако, за сето ова неопходна е одлична работна синергија, без разлика што работниот ден некогаш трае и преку 12 часа.

Содржините кои ги продуцираме (хипер-продуцираме, како што некогаш знаеме да се шегуваме), се трудиме да се постојано актуелни и секогаш, без исклучок , еден чекор понапред од  претходно продуцираниот материјал, без разлика дали се работи за оскаровско видео со Миланка Рашиќ, супер соработка со македонски популарни бендови, или (едно од моите најдраги видеа) соработката со Јутјуберите Дебелиот крај.

Колку пати сте виделе голема компанија во Македонија јавно да ги прифати критиките од останатите, па дури и да ги награди за критицизмот? Со бенефитот од  Vip Go Social, директно го поттикнуваме слободното мислење и критичкото изразување. Не можеме да зборуваме за ставови во кампањи, а да се засолнуваме зад разно-разни паравани. Тука сме, внимателно слушаме и гледаме, и го цениме секој контакт со секој корисник.

Фактор: Кои се следните големи предизвици за Вип, за овие комуникациски канали?

Катерина: Пред сѐ, важно е да напоменеме дека за нас веќе одамна е завршена дебатата “традиционални наспроти дигитални медиуми”, и овие канали стануваат значителен дел од медиа- миксот при изработка на една кампања.  Освен секојдневните предизвици при изработка на содржини и претстојниот Косплеј на тема “Game Of Thrones” чија активација и комуникација оди исклучиво на социјалните медиуми, пред нас стои највозбудливиот проект на кој работимесо полн капацитет, а кој се вика “Вип станува А1 до крајот на годината”.  Што подготвуваме? Бидете така (се смее). 


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга