20 Мај, 2024
0.0300

Владимир Пуклавец, основач на семејната винарија Пуклавец, Словенија

Интервју Пуклавец: Нашите вина се „прифатлив луксуз“

Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Семејните вина Пуклавец се произведуваат во срцето на Љутомер-Ормож, винска област во регионот на Подравје, во североисточниот дел на Словенија. Оваа област обезбедува совршени микроклиматски услови за одгледување грозје.

Резултатот се елегантни вина, направени со бескомпромисно и страсно внимание на деталите, убаво избалансирани и експресивни како пејзаж на нашите лозја.


Љубовта за виното на семејството Пуклавец датира од 1934 година во Словенија, кога Мартин Пуклавец имал визија да ги направи најдобрите вина во секоја смисла. Оваа филозофија продолжува да резонира преку виното што го произведува семејството денес.Семејните вина Пуклавец се водени од основните вредности на страста, напорната работа и посветеноста на квалитетот.

Владимир Пуклавец и неговото семејство, заедно со искусните локални лозари, и со решеност да продолжат со семејната потрага, ги обновуваат лозјата и винарската визба во 2009 година. Владимир тогаш решава да остане достоен на семејната уметност и да продолжи со татковската мисија, да произведува вина од таканаречениот Стар Светски вински регион со амбиции од Новиот Свет.


Фактор: Семејната винарија Пуклавец создаде импресивни бројки во Словенија, а од неодамна е присутна и во нашата земја. Што е посебно за Пуклавец и кои се карактеристиките што ја прават оваа винарија посебна?

Пуклавец: Нашата винарија во Словенија се наоѓа во еден од петте проценти од најдобрите региони за бело вино во светот. Поради фактот што Панонскиот океан бил тука пред милиони години, вината се минерални со освежувачка киселост. Ние ја модернизиравме винарската визба целосно по преземањето во 2009 година со обезбедување на најновите технологии за заштита на нашето грозје и буквално ставање чиста природа во стаклени шишиња. Произведуваме модерни и свежи вина што пазарите ги ценат. Зад овој успех е поддршката од нашиот амбициозен и мотивиран тим, почнувајќи од луѓето во лозовите насади, па се до вработените во продажниот сектор, кои се заслужни за нашата широка застапеност на многубројни пазари.

Фактор: Првенствено основан во 1934 година, што ве оддалечи од овој извонреден бизнис по смртта на татко ви во 1969 година, па се до обновата на лозовите насади и винаријата во 2009 година?

Пуклавец: За време на социјалистичкиот систем, генерално во сите индустрии фокусот беше повеќе на квантитетот отколку на квалитетот, што за нас овој пристап не беше привлечен. Кога ги презедовме акциите на компанијата во 2009 година, нашата идеја беше и се уште е да произведуваме премиум вина.


Фактор: Кој е концептот на семејната винарија Пуклавец? Која е визијата за брендот, кои се клучните компетенции?

Пуклавец: Ние сме компанија фокусирана на пазарот, со совршени услови на животната средина во која се наоѓа винаријата и лозовите насади и произведуваме вина кои го претставуваат нашиот тероар со иновативен и освежувачки пристап. Постојано правиме сé што можеме за да ги изненадиме нашите клиенти и нашите потрошувачи.

Фактор: Наградите се безбројни ... И кој би се обидел да направи анализа на истите би згрешил, доколку не ве праша за вашите омилени лично?

Пуклавец: Јас лично бев многу среќен за Платинум медалот од Декантер (Decanter) за нашиот Фурминт од 2015 година. Фурминтот е секогаш третиран како вино за масовно производство, но со овој Платинум медал, докажавме дека ние, исто така, можеме да создадеме елегантни и богати Фурминти на високо ниво.


Фактор: Кој е главниот специјалист и експерт, како ги правите вашите вина толку посебни и посакувани?

Пуклавец: Имаме мотивиран тим под раководство на Митја Херга и Дане Јованов. Тие постојано се залагаат за најдобрите можни резултати кај нашите вина. Нашиот успех е добра мешавина на производство, маркетинг и продажба.

Фактор: Како би ја опишале вашата винарија на просечен потрошувач на вино? Или се насочувате само кон исклучителни потрошувачи.


Пуклавец: Отсекогаш сме сметале дека нашите вина се "прифатлив луксуз". Нашата цел е дека, без оглед на тоа кое вино ќе го одберете од нашето портфолио, секогаш ќе уживате во одличен сооднос цена и квалитет. Се стремиме да го надминеме секое ниво на посакуван квалитет.


Фактор: Зошто сега Северна Македонија? Кои се очекувањата од работата на винаријата во Северна Македонија, и како квалитетот на локалното грозје ќе влијае на меѓународниот пазарен успех на вината Пуклавец?

Пуклавец: Веќе работиме во Македонија некое време. Нашата цел е да пронајдеме црвени вина кои ќе го придружуваат нашето портфолио на бели вина. Овде го најдовме најдоброто можно поднебје за да го гарантираме нашиот успех. Исто така, сакаме да го контролираме целото производство, од лозовите насади до финалното вино во шишето. Убедени сме дека овде имаме најдобри еколошки услови за производство на премиум и супер премиум вина за да го комплетираме нашето портфолио за сите пазари.


Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи