ИНТЕРВЈУ Самуел Бон, Swisscontact: Македонија има огромен потенцијал за органско производство
Објавено во: Агробизнис 26 Април, 2016 08:25
Но конкурентноста не е нешто што расте во празен простор - конкурентната средина зависи од горенаведените услови како и од иновативен, флексибилен, еколошки свесен и добро организиран приватен сектор.
Целта на Свисконтакт е да се обезбеди економски раст преку развој на пазарните системи во земјите во кои работи. Може да го споделите вашето досегашно искуство во однос на можностите за развој на македонската економија?
Во Македонија ја спроведување Програмата за зголемување на пазарната вработливост која е финансирана од швајцарската Агенција за развој и соработка. Оваа програма е најголема програма за економски развој во земјата. Ја спроведуваме во соработка со нашиот локален партнер Преда Плус. Програмата се спроведува во три сектори – туризам и угостителство, креативни индустрии и зелена економија. Овие сектори се избрани по спроведената детална анализа на пазарот. Во нив гледаме најголем потенцијал за младите жени и мажи да влезат на пазарот за вработување. Ја започнавме програмата пред повеќе од една година и веќе забележуваме значителен напредок.
Можам да кажам дека потенцијалот на овие три сектори во економијата е огромен. Сепак, огромни се и предизвиците со кои ние и македонските компании, институции и организации се соочуваме. Но и чувството на задоволство по секој успех е затоа уште поголем. Овие три сектори нудат огромни можности за вработување и раст на секторот и убеден сум дека работиме во вистинска насока. Се фокусираме на подобрување на квалитетот на производите и услугите кои се нудат во овие три сектори, проширување на нивниот удел во пазарот и подобрување на конкурентноста на нивните компании. Она што Свисконтакт го прави поразличен од другите организации е фактот што ние отсекогаш тесно соработуваме со приватниот сектор. Од самото основање пред околу 50 години, нашата филозофија е да создаваме вработувања и приход преку одржлив раст воден од иновативен приватен сектор
На кој начин Свисконтакт ќе обезбеди одржливи системски промени кои ќе овозможат полесен пристап до пазарите, ќе генерираат приходи и ќе овозможат вработувања на краток и долг рок?
Неопходно е позитивните промени да продолжат и откако Свисконтакт ќе заврши со спроведување на проектот. Затоа, Свисконтакт не се гледа како дел од пазарниот систем, туку како олеснувач на промени за ограничен период на време. За ова е потребно да се има цврста основа во локалната средина, долгорочна перспектива и темелно разбирање на економската средина. Ние им помагаме на локалните партнери со нашето искуство и знаење, со цел да ги поддржиме потребните промени кои се надевам дека ќе траат долго по нашиот ангажман во овој сектор.
Македонија е мала земја со добра локација и голем потенцијал за развој на туризмот. Сепак, засега туризмот не е еден од клучните сектори во економијата. Каде грешиме и што треба да направиме за секторот да стане интересен и за да можат малите и средните компании во овој сектор да растат и да се развиваат?
Програмата за зголемување на пазарната вработливост која што ја спроведуваме работи во три дестинации во Македонија – Охрид, Маврово и Крушево. Ја користиме методологијата на Универзитетот Ст. Гален за управување со дестинации, подобрени услуги и збогатена туристичка понуда. Тоа е најнова методологија која сѐ почесто се користи за развој на дестинациите и во Швајцарија. Со неа се менува фокусот од производот на клиентот. Работиме напорно да ги обучиме вработените и менаџерите во угостителството да ја направат таа промена кон овој нов пристап. Основно во него е блиската соработка и координација помеѓу сите чинители. За тоа е потребна промена во размислувањето и културата на работење.
Уште едно важно прашање е и заштитата на животната средина. Отпадот може многу бргу да ја промени перцепцијата на туристот и на најубавата околина. Странските туристи се сѐ повеќе критични и чувствителни во однос на чистата и заштитена животна средина. „Зелениот туризам“ е во подем. Животната средина е најголема предност на туристичките дестинации – доколку не се одржуваат правилно, туристите нема да се вратат. Туристичката индустрија и владата мора да се посветат на решавање на критичните прашања како што се управувањето со отпадот, емисиите на јаглерод, заштита на биодиверзитетот и снабдувањето со вода. Се надевам дека наскоро ќе може и ние да се вклучивме во решавање на овој проблем и да дадеме наш придонес.
Креативните индустрии го водат економскиот раст во развиените економии. Каде е Македонија во таа област и дали тоа што сме мала економија претставува пречка за развојот на овој сектор?
Развој на софтвер и дизајн на производи се потсектори на креативните индустрии во кои ние ги спроведуваме нашите активности. Тие се важни столбови на модерните економии засновани на знаење, технологии и услуги. Овој сектор го раководиме со Преда Плус, партнерска организација од Македонија. Едно од клучните ограничувања во Македонија е ограничениот пристап до квалификувана работна сила за македонските ИТ компании. Ние работиме овие компании да имаат полесен и побрз пристап до квалификувана работна сила. Во потсекторот на дизајн на производи, постои јасна побарувачка за функции за развој на производи. Македонија има потреба од интегрирани процеси на производство и иновативни дизајни со цел да се развијат нови производи кои ќе ги следат трендовите на пазарот. Ние во моментов работиме со Македонската асоцијација на преработувачи и со Асоцијацијата на метална и електро индустрија за воведување на модерни функции и процеси на дизајнирање меѓу своите членки.
Од гледиште на Свисконтакт, што може да се направи и кој е потенцијалот на зелената економија во Македонија?
„Зелена економија“ е широк термин. Тоа претставува визија за одржлива економија – а одржливост во овој контекст значи економија која не штети туку ја заштитува животната средина, додека во исто време работи профитабилно. За таа визија е потребен голем заеднички напор. Но, доколку ги погледнеме предизвиците во животната средина, немаме друг избор. Мора да се концентрираме кон повеќе „зелени“ работни места и „зелени бизниси“. Гледам јасна можност раст на овој сектор во Македонија. Потенцијалот е очигледен. Органското производство е нешто во што бевме пионери во Швајцарија и за што можеме да пренесеме големо знаење.
Никој во Европа, освен Данците, не купува толку органска храна како Швајцарците. Преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост работиме на повеќе нивоа за да имаме пошироко влијание. Ги промовираме постојните можности за финансирање, ги поврзуваме компаниите кои се подготвени за извоз со домашните програми за извоз и меѓународните програми за промоција на увозот. Исто така ги подобруваме капацитетите на фармерите за управување со фармите и диверзификација на производите преку обуки за органско производство, преработка и трговија. Органското земјоделство е поттикнато од јавната свест и нашите напори исто така се во насока на зголемување на знаењето за придобивките на органското производство. Засега успеавме да имаме зголемување од 10 % на знаењето за тоа што е органско производство. Органското производство е животен стил и за него е потребна промена на размислувањето.
Од оваа година, започнавме и со активности во секторот одржливо градежништво. Спроведовме и темелна анализа на секторот која ни помогна да ги согледаме ограничувањата во него. Сега почнуваме да спроведуваме активности кои ќе ни овозможат да го подобриме растот на секторот и да обезбедиме нови можности за вработување. Според ова истражување, секторот во моментов вработува 10 000 работници на возраст над 60 година. Очекуваме дека можеме да креираме до 5 000 нови работни места само за имплементација на енергетски ефикасни мерки во градежништвото.
Кои се идните планови за регионот? Што во иднина ќе биде во фокусот на Свисконтакт?
Планираме да продолжиме со работа во овој регион. Сметам дека сега е совршено време за дополнителен економски раст. Стапките на невработеност, особено кај младите луѓе, сè уште се високи, но висок е и потенцијалот за економски раст. Навистина ќе биде штета да не го искористиме тоа. Посветени сме да дадеме наш придонес, макар и скромен, во создавањето на можности за младите луѓе – тие се иднината на овој регион.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





