07 Октомври, 2024
0.0382

ИНТЕРВЈУ Санел Волариќ: „Кроација Осигурување“ е најуспешната приватизациска приказна во регионот!

Објавено во: Економија 27 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Кроација Осигурување оваа година одбележува јубилејни 10 години од основањето, а оваа година истекуваат и првите полиси за животно осигурување на осигурениците кои пред 10 години својата доверба им ја дадоа токму на оваа компанија и останале лојални на неа во целиот овој период.

Со свечена програма и забава Кроација Осигурување–Живот“  во петокот заокружи 10 успешни години постоење на македонскиот пазар и во присуство на своите најблиски соработници, стратешки партнери, како и во присуство на осигурениците и вработените, компанијата го прослави јубилејот.

Претседателот на Управниот одбор на „Croatia Osiguranje“ Загреб, Г-дин Санел Волариќ ја честиташе десетгодишнината од постоењето на Компанијата и горд на постигнатиот успех вети дека работењето ќе продолжи во исто темпо.

Г-дин Санел Волариќ за Фактор говореше за успесите, приватизацијата, идните планови…

разговараше Ирена Ристовска

ФАКТОР: Како ја оценувате оваа ваша прва година работа после реструтуирањето и дали сте задоволни со она што досега го постигнавте:

ВолариќЗадоволни сме од оваа наша прва година која беше доста амбициозна, направивме  едно сеопфатно реструктуирање и оперативно и стратешко, ја реорганизиравме компанијата а истовремено направивме и големи промени на страната на продажбата, отварање на нови продажни канали, нови стратешки партнерства така што тој процес на реструктурирање  не смееше да влијае на планот на зголемување на продажбата и зголемување на стратешките пазарни удели.

Со доста труд , работа и вложувања на сите колеги во Друштвото успевме тие две цели да ги исполниме и да го завршиме првиот дел на реструктуирање а во исто време да растеме на пазарот.

ФАКТОР: Како работи Кроација Осигурување во Македонија?

Волариќ: Кроација во Македонија има две Друштва. Кроација Осигурување-Живот, Друштво за продажба на полиси за животно осигурување, кое веќе неколку години е лидер на пазарот на осигурување во регионот. Започна со работа во 2005 година и во период од седум години осигурителната премија за животно осигурување перманентно расте.

И Компанијата за неживотно осигурување – во која менаџментот во последните година дена работеше на стабилизирање на компанијата и свртување кон новите трендови така да и тие угледувајќи се на својата сестринска фирма за Животно осигрурување исто така целат кон остварување на голем успех на пазарот секако со наша поддршка .

ФАКТОР: Дали може да се каже Кроација Осигурување – Живот во Македонија е една од најуспешните ќерки на Кроација Осигурување ?

Волариќ: Да е. Веќе 10 години е лидер на пазарот што само по себе говори дека со успешна работа и труд тимот на чело со Генералниот директор Вилма Учета Дузлевска работеа многу напорно. Имаме над 50 % од бројот од полисите за осигурување и речиси 50 % согласно остварената бруто полисирана премија. Горди сме на успехот и ќе продолжиме да работиме со исто темпо.

ФАКТОР: Зад овие 10 години на Кроација Осигурување – Живот стои макотрпна работа, како гледате вие на тоа, дали ова ќе биде вовед во еден успешен бран на развој во таа цел?

Волариќ: Сигурно дека Кроација Осигурување Живот – е дел од позитивни работи и дава ветер во грб на животните осигурувања, тука се разива бренд, се развиваат нови врски со клиентите, се развива довербата, па според тоа сигурно дека Кроација Осигурување – Живот ќе успее во животните осигурувања и ќе даде значаен допринос и поддршка во развојот на животните осигуреници.

ФАКТОР: Стратешки развој понатаму … Кога ќе стартува здравственото осигурување?

Волариќ: Во Хрватска сме лидер во здравственото осигурување, па нема причина целото знаење да не го споделиме со нашата ќерка компанија овде во Македонија. Подготвени сме за исчекор во здравствените осигурувања на сите пазари и се зависи од тоа пазарот колку е развиен.

ФАКТОР: Колку хрватскиот пазар на животно осигурување е развиен во однос на македонскиот? Постојат ли некои показатели кои говорат дека Вас достојно ве следиме во поглед на развојот на свеста за потребата за животно осигурување?

Волариќ: Пазарот на животно осигурување во Хрватска е 20 пати поголем од Македонија, значи имаме двојно повеќе население и таа премија по жител е поголема. Развојот е константен тоа не може да се прескокне иако хрватскиот пазар е помал за разлика од развиените пазари во Европската Унија на која и се приклучи Хрватска пред две години.

Македонија е една позитивна средина, млада нација која се надевам ќе се развива и понатаму на пазарот на осигурување, тука е и нашата Компанија за животно осигурување и ние со оптимизам гледаме на развојот на пазарот во Македонија и ќе даваме поддршка на Друштвото за Животно осигурување овде да расте заедно со овој пазар и да ја чува својата лидерска позиција.

ФАКТОР: Размислувате ли за нови канали во поглед на развојот на свест за имотното осигурување, многу луѓе овде мислат дека тоа е скапо па која е вашата стратегија по ова прашање?

Волариќ: Од една страна државата и осигурувателите овде треба да ја имаат таа иницијатива. Во Хрватска нашето здружение има еден програм на финансиско присоединување. Овој проект го реализираме во соработка со низа образовни институции, факултети и луѓето во фазата на студирањето учат за важноста на финансиската писменост и значење на осигурувањето, а од друга страна преку продажбата на канали преку нашите финансиски советници, им пристапуваме изрично и им даваме совет за свеста и потребата за осигурувањето.

Секако тие финансиски советнци мора да имаат адекватни производи како би можеле да ја задоволат потребата на своите клиенти.

Значи, од една страна институционално ја јакнеме свеста, од друга преку продажбата на канали и преку маркетиншка активност.

ФАКТОР: Некоја нова инвестиција наскоро?

Волариќ: Како што знаете во Македонија создадовме едно друштво кое се етаблираше како лидер и стекна довреба кај граѓаните и кое успешно се развива така да тоа ни дава добра основа за развој во некои други сегменти на работа, нашите стручи служби и ние ги анализираме сите можности и за нашите одлуки ќе бидете благовремено информирани.

Веруваме во Друштвото и нашата Компанија овде и на луѓето им даваме безрезервна поддршка што се однесува за понатамошен равој.

ФАКТОР: Голем интерес пред извесно време, предизвика процесот на приватизација на Кроација Осигурување. Сметате ли дека Кроација Осигурување доби квалитетен стратешки партнер и сопственик?

Волариќ: Што се однесува до процесот на приватизација на Кроација Осигурување верувам дека тоа ќе биде најуспешната приватизациска приказна на пазарот но и во регионот. Добивме и стратешки пртнер кој има и капитална сила и кој е најголем инвеститор во нашата држава, вложи во разни проекти и соработки, успеа да влезе и да биде пазарен лидер, имаме капацитет да ги привлечеме најдобрите луѓе на пазарот на осигурување .

ФАКТОР: Планирате да станете регионален лидер ?

Волариќ: Тоа е едно сериозно ветување, кое така го сфаќаме и така и му пристапуваме.

Како прва фаза која не можеше да се прескокне беше реструктуирањето на постоечката состојба.

Кроација Осигурување беше една заспана убавица, една фирма 15 години во државна сопственост со која не е управувано домаќински и таа всушност заостануваше во развојот зад други компании.

Ние имавме една голема задача со која за релативно кратко време од година дена успевме да го направиме процесот на планот за управувачко и стратешко реструктуирање на компанијата и да го изведеме тоа до април и во тоа успеавме.

Другата фаза, беше фино постројување а паралелно стигнавме и до поголем сопственик кој ги следи состојбите на пазарот, ги следи можните аквизиции и она на што ние бевме подготвени кога ја добиеме довербата, а аквизицијата е доверба, таа доверба да ја искористиме во брзо интегрирање и да ја оствариме сингеријата која се очекува од акцизацијата.

ФАКТОР: Кои се вашите планови за ширење на Балканот:

Волариќ: Во фазата на реструктуирање успеавме во тоа да направиме синергија помеѓу компаниите.

Многу тешко е да се бориш против групациите кои веќе таа синегрија ја имаат, и уште една пофалба до нашите колеги од тимот кои во такви околности успеаја да ја заземат лидерската позиција на пазарот.

Во процесот на реструкуирање поминавме четири работи:

Производи, операции, развој на канали на продажба и корпоративно управување, и сега управувааме со целата корпорација како една целина, и кон она што засега тежнееме е органски раст и корпоративна специјалност, по прашање на раст на аквизиции ние адекватно се подготвуваме ако некогаш таква одлука биде донесена .

Ние тоа го сфаќаме сериозно и кога ќе се случи ќе го третираме на најефикасен начин.

Согласно официјалните податоци објавени од страна на Агенцијата за супервизија во осигурување и Националното биро за осигурување вкупната бруто полисирана премија за животно осигурување за 2014 година изнесува 14,439,539.96 евра, од кои 44% претставуваат БПП на друштвото со доминантен удел – Кроација Осигурување Живот.

Додека, пак вкупниот број на склучени договори за животно осигурување за 2014 год. изнесува 9255, од кои повеќе од 51% се договори издадени токму од Кроација Осигурување Живот.

Со годишен раст на премијата од 21,6% и зголемување на добивката од 15%, Друштвото ја заокружи 2014 како уште една значително успешна година.

Од „Кроација Осигурување“ порачаа дека и во наредните години сите напори ќе ги вложуваат во оправдување на довербата која им ја укажуваат нивните клиенти.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип