ИНТЕРВЈУ СО Д-Р. ВИКТОР ИСЈАНОВСКИ: Стравот од Ковид-19 е корисен се додека не прерасне во паника
Објавено во: Македонија, Интервјуа, Корона Вирус 28 Април, 2020
Субспецијалист по социјална психијатрија. До 2018 година раководи со ЈЗУ„ Психијатриска болница Скопје “, а од август 2019 година е прв човек на Здравствен дом Скопје. Д-р. Виктор Исјановски, заедно со тимот што сега го предводи, се на првата линија во борбата со пандемијата на корона-вирусот. Како член на Комисијата за заразни болести, во денешното интервју за Фактор вели дека до сега земјава успешно се справува со вирусот, а преземените мерки не дозволија заболувањето да се разгоре. Како субспецијалист по социјална психијатрија појаснува дека стравот кај луѓето е сосема нормална емоција, но тоа не смее да премине во паника.
Здравствен дом Скопје е на првата „борбена“ линија за време на пандемијата на корона вирусот, Ковид-19, вашите капацитети се целосно ставени на располагање, во оваа насока располагате ли со доволно кадар и опрема?
ЈЗУ Здравствен Дом Скопје е најголема јавна здравствена установа во Република Северна Македонија која дава примарна, превентивна, специјалистичка и 24-часовна здравствена заштита на целата територија на град Скопје и околните населени места.
Домот располага со 60 здравствени објекти, 11 поголеми поликлиники и останатите амбуланти и здравствени станици кои се поставени во 7 градски и 10 приградски општини.
Здравствен Дом Скопје во сите служби ,односно во сите свои работни единици тековно се доекипира и мобилизира според потребите кои тековно налагаат во услови на пандемија во која се наоѓаме, и максимално се залагаме секој пациент да ја добие потребната здравствена услуга.
Располагаме со доволно кадар и опрема во Домот, работат сите служби со редовно работно време и ги даваме сите здравствени услуги во нашите поликлиники.
На почетокот на април, потврдивте дека четворица вработени во Поликлиниката Чаир, телефонистка, возач на Итната медицинска помош и две медицински сестри се заразени со вирусот, каква е сега состојбата таму, дали Поликлиниката функционира безпречено? ( не се сите од една поликлиника )
Да,засега се потврдени позитивни 4 вработени од Здравствен дом Скопје, телефонистка од Поликлиника Чаир, возач од Итна медицинска помош, медицинска .сестра од Поликлиника Ченто и медицинска сестра од домашна посета во склоп на Итната помош.
Сите се изолирани и добри, на домашно лекување. Службите во кои работат тие вработени функционираат непречено ,без никакви проблеми.
Дали има други медицински работници во останатите установи на Здравствен дом позитивни на Ковид-19
Освен , матичниот лекар од Поликлиника Чаир кој е под концесија односно ординацијата се наоѓа во Здравствен Дом Скопје кој од пред десетина дена е со позитивен наод, други лица кои се вработени во Здравствен Дом Скопје засега нема.
Како функционираат пунктовите за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирусуот. Дали се уште се упатуваат граѓаните по истиот алгоритам, односно по истата епидемиолошка анкета, која беше востановена од самиот почеток?
Во Здравствен Дом Скопје се отворени 4 пункта за земање брисеви ,во Поликлиниките Јане Сандански,Чаир,Ченто и Идадија . Во Идадија просторот го користи лабораторијата Авицена , а во другите три поликлиники работат екипи од Центарот за јавно здравје.
Го користат нашиот простор ,кој во целост е одвоен од другиот дел, со посебен влез , без никакво мешање со другиот дел во поликлиниките каде се лекуваат пациенти. Пунктовите работат од 8 часот до 14 часот. Пациентите се закажуваат на креирани термини на 10 минути, дневно се тестираат околу 20 лица.
Креирањето на термини за брисеви се врши од страна на Центарот за јавно здравје , а закажувањето оди преку матичните лекари кои постапуваат по алгоритмите кои им се дадени од МЗ, односно по соодветна епидемиолошка анкета. Колку повеќе пунктови имаме , тоа е подобро. Се намалува чекањето за закажување на термин.
Секое лица кое има било каков симптом за ковид 19 , задолжително мора да контактира матичниот лекар, кој е должен да ја следи состојбата на пациентот и навремено да му организира, покрај закажување за тест и соодветно лекување .
Со колку мобилни тимови располага Здравствениот дом Скопје, и која е нивната примарна задача?
Бројот на екипи кои се на терен во Службата за Итна медицинска помош е варијабилен и зависи од бројот на интервенциите.
Во моментов екипите -теренци се 7-8 екипи (доктор, медицинска сестра и возач) во смена, 7 екипи (доктор,мед.сестра и возач) единицата за домашна посета распределени во две смени и 7 екипи (доктор, медицинска сестра) во ординациите за трета смена, недели и празници односно ноќните дежурни пунктови при поликлиниките на Здравствен дом Скопје.
Во три поликлиники Јане Сандански, Бит Пазар и Ѓорче Петров функционира итна стоматолошка дежурна служба ,24 часа. за потребите на граѓаните на територија на град Скопје и околните населени места. Поликлиниките работат секој работен ден со вообичаените смени и во Поликлиниката Букурешт секоја сабота има дежурства на сите специјалистички служби од 7,30 до 14 часот. за итни пациенти. Нашата примарна и основна задача е давање на здравствени услуги од примарно,превентивно и секундарно ниво за нашите пациенти .
Како член на Комисијата за заразни болести, дали сметате дека нема потреба да се прави тестирање на оние кои поминале во изолација 14 дена, кои немаат симптоми, а на кои според сегашните протоколи им се продолжува карантинот уште за 14 дена?
Во однос на ова прашање , главниот збор го имаат Институтот и Центарот за јавно здравје , односно епидемиолозите. Нашата улога во целата ситуација околу карантините е да по насока на Министерството за здравство и Владата на РСМ,сите оние лица кои влегуваат во нашата земја , одат во државни карантини односно хотели кои ги отстапија за овие лица.Медицинскиот надзор, прием и испис на лицата е под наша одговорност, односно ние се грижиме за лекарска заштита. Дежураат специјалисти од Здравствен дом Скопје , кои 24 часа се достапни за лицата .
Во моментов има државни карантини во 6 хотели, дежурствата се по 8 часа од страна на лекарите, во тек на 24 часа.
И претходно, но и сега кога живееме многу поинаку поради пандемијата, една од големите болки на медонското здравство е Итната медицинска помош, голем број граѓани реагираат дека не се ефикасни во својата работа, практично ги молат да дојдат. На што се должи ваков однос?
Службата за итна медицинска помош овозможува 24 часовна здравствена заштита во делот на вонболнична ургентна медицина и претставува прва линија за давање на здравствени услуги. Во изминатите неколку месеци службата е зајакната со кадар , а во соработка со Министерството за здравство и со нови амбулантни возила. Во периодов се соочуваме со кризна состојба , во која ние како установа сме активно вклучени ,работиме максимално во интерес на пациентите и медицинскиот персонал. Брзата помош не само што е потребна за итните здравствени проблеми на граѓаните туку е и повеќе од неопходна во вакви случаи на вонредни состојби, масовни несреќи и за медицински транспорт во земјата и надвор од неа.
Со почетокот на епидемијата/пандемијата целиот кадар од Здравствен дом Скопје е комплетно мобилизиран. Итната медицинска помош со домашно лекување во моментов располага со околу 260 вработени. Сите лекари кои се на специјализација се повлечени во службата за итна медицинска помош и плус дополнета е со уште 20 здравствени работници од другите работни единици во Домот. И секако активно сме вклучени на примарно ниво во системот , односно покрај редовните интервенции за сообраќајки, градни болки,мозочни удари и други животно -загрозувачки состојби. Со прогласувањето на епидемијата/пандемијата наша задача е и транспорт на суспектни или позитивни лица на ковид 19 , по претходна дојава односно координација со епидемиолог или инфектолог .
Со добра дисциплина, со почитување на протоколите за постапување, заштита и лекување на ковид 19 , Здравствен Дом Скопје односно Службата за итна медицинска помош ќе продолжи со континуирана 24 часовна работа, тековно ќе се доекипира и мобилизира , и максимално ќе се залага за секој да ја добие потребната здравствена услуга со надминување на сите проблеми .
Каков е протоколот за починат пациент од Ковид-19. Слушнавме потресни приказни дека семејствата молат за последен пат да го видат својот близок, но строгата процедура тоа не го дозволува? Постои ли опасност вирусот да биде пренесен од починат пациент?
Протоколот за превенција
од инфекција и контрола за безбедно управување со мртво тело од covid 19 и
процедури за постапување со тела на починати пациенти во болнички услови сомнителни или потврдени, процедури за постапување со тело на починати лица во домашни
услови кои се сомнителни или потврдени ги
добивме од Министерството за здравство .
Во сите тие протоколи и процедури , се запазени сите постапки од обезбедување на персоналот, информации за потребна опрема за процедури при управување со лице починато од COVID-19 и мерки кои треба да се применуваат при спроведување на погребот. ЈЗУ Здравствен дом Скопје, нема ингеренции во тој дел. Доколку дојде до смрт на лице со потврден COVID 19 или суспектен, службата за итна медицинска помош констатира само смрт.
Пред да преминеме и на тоа што е ваш посебен фах, прво да ни кажете дали има зголемен број на повици на СОС-телефонската линија за психо-социјална поддршка? ( Во ЗД Скопје има бесплатна линија за прашања во врска со коронавирус и линија Ало докторе.)
Во ЈЗУ Здравствен Дом Скопје од почетокот на пандемијата функционира бесплатната линија 080000203 која работи 24 часа со лекари кои се достапни за сите прашања и нејаснотии во врска со корона вирусот .
Телефонската линија Ало докторе , која се наоѓа во базата на Итна помош функционира исто 24 часа за медицински совет,каде граѓаните може да добијат совет од специјалисти од различни дејности и секако доколку има потреба , лицето кое се јавува може да биде пренасочено кон 194 доколку состојбата налага пациентот да добие итна помош .
Јавувањата се од најразличен карактер , од прашања за хронични заболувања, респираторни симптоми ,,кардиоваскуларни симптоми,симптоми на болка , многу чести се прашањата за психолошка подршка и прашања кои сега се најчести односно поврзани со Ковид-19 .
Како субспецијалист по психијатрија, може ли да ни кажете колку актуелната пандемија може да го загрози менталното здравје на човекот? Може ли по сето ова да се очекува и „пандемија“ од болести кои ќе го загрозат менталното и психичкото здравје на луѓето?
Актуелната состојба и те како влијае на менталното здравје кај сите граѓани во нашата држава. Оваа кризна состојба која влева чувство на страв, небезбедност, несигурност, на која се надоврзува зголемена вознемиреност и напнатост присутна е секојдневно како грижа не само за сегашноста туку и за тоа што ќе следи и во иднина. Стравот, лозје чува, наша позната поговорка со која скоро сите сме се соочиле. Што значи тоа? Стравот е базична емоција. Тој сам по себе не е штетен, корисен е. Неговата улога е да не заштити од некоја опасност, опасност за нашето ментално или телесно здравје. Во оваа смисла на зборот, стравот има заштитничка улога, но доколку тој се појави, а не сме реално загрозени и се достигне степен на паника, тогаш не само што не е корисен, туку тој е штетен.
Покрај оваа долготрајна вознемиреност, силниот страв ја троши нашата ментална енергија која ни е потребна за справување со реалните тешкотии. Сето ова погоре кажано зависи во целост од индивидуалните карактеристики на една личност.
Како психијатар, моја препорака е следење на препораките што се упатуваат од Министерството за здравство, прифаќање на дадената ситуација, адаптација, социјално функционирање на поинаков начин од вообичаеното и секако ако се има потреба, да се побара помош од стручни лица. Во моментов во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, функционираат неколку телефонски линии за помош и информации кои што им се потребни на граѓаните а се со цел, поддршка и стручна помош поврзана со моменталната состојба.
Што ќе препорача Комисијата за заразни болести за претстојните три празнични дена, ќе има ли повторно долг карантински викенд?
Комисијата за заразни болести секојдневно одржува состаноци поради актуелната состојба во која се наоѓаме , секојдневно се даваат предлози и мерки за постапување кои понатаму се проследуваат до Владата на РСМ .
Во однос на престојните три празнични дена, секако за добро на сите нас ,за наша заштита мојот предлог е движењето да биде ограничено од четврток од 19 часот до понеделник до 5 часот се со цел полесно и побрзо да ја надминеме оваа ситуација .
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.