26 Ноември, 2024
0.0273

ДИРЕКТОРОТ ВО ФОРБС, РЕНДАЛ ЛЕЈН, ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ФАКТОР: А зошто не би можел некој нов Фејсбук да никне во Македонија

Објавено во: Економија, Интервјуа 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

За околу една година има шанси Скопје да биде домаќин на еден голем светски настан. Престижниот Форбс размислува во земјава да го организира следниот Самит „30 под 30“, мега ивент кој ќе биде посветен на младите успешни и иновативни луѓе, лидери, кои го менуваат светот и чии идеи, деловен дух и креативност се и тоа како значајни за светскиот економски развој. А дека и Македонија има такви млади креативци со помалку од 30 години од својот животен век, веќе се покажа во изминатите години, кога наши успешни деловни луѓе се најдоа на листата на Форбс „30 под 30“. Токму со цел да го опипа пулсот и да стартува со првичното планирање на овој голем настан, но и да го почувствува економскиот пулс на земјава и можните начини како да и се помогне и таа да се поврзе со светската економија, во Скопје во изминатите неколку дена престојуваше Рандал Лејн, главен контент директор на Форбс Медиа и уредник на Форбс Магазин. Лејн самиот за себе ќе напише дека силно верува во претприемачкиот капитализам и во размислувањето засновано на пазарот, кои според него, можат да ги решат светските проблеми. Ова е негова втора позиција во Форбс - помеѓу 1991 и 1997 година бил репортер со пет насловни страници, како и соработник уредник и началник на бирото во Вашингтон. Богатата кариера на Рендал ветува дека настанот несомнено ќе биде професионално и креативно организиран, а за таа цел тој имаше средби со првите луѓе на бизнисот и на власта во земјава. Се разговарало за економските перспективи, а Рендал лично, има голема верба во неколкуте вакцини кои се во напредна фаза и кои според него, ќе му помогнат на светот да ја надмине една од најголемите кризи на денешницата – ковид пандемијата, која силно удри  врз економијата. Во екслузивното интервју што Рендал го даде за Фактор, а кој во земјава дојде на покана Аријана и Бојан Коскарови од „Creative Hub“, тој говори за новата надеж за светската економија за уште поголем раст и креирање на подобри биснис решенија откако кризата ќе помине. Тоа ќе биде шанса, потенцира овој уредник и новинар, за изнаоѓање на креативни решенија како да одиме чекор понатаму и не само да се вратиме на старите патеки, туку нештата да ги направиме уште подобри. Разговаравме и за листата „30 под 30“, нашите млади луѓе кои веќе се испишани во нејзината историја, но и што и потребно за таму да се влезе...И конечно, прашува Лејн, зошто не би можел и некој нов Фејсбук да никне во Македонија....

Господине Лејн, ја знаеме Вашата професионална биографија, но кажете ни Вие нешто повеќе за себе.

Лејн: Јас сум новинар целиот свој живот. Почнав да работам во Форбс откако го завршив факултетот. Почнав како репортер, поточно како факт чекер и брзо напредував, односно веќе во 20-тите години станав шеф на сектор. Ми се отвораа и нови можности, конкретно во две компании, работев во нив, но потоа повторно се вратив во Форбс. Од пред девет години сум повторно таму како уредник, со идеја да ги промовирам најдобрите светски бизнис брендови и индивидуи од целиот свет, вклучувајќи ја и листата „30 под 30“, која предизвикува најголем интерес, за младите луѓе кои го менуваат светот, со моќта што ја поседуваат.

И неколкумина Македонци успеаја да влезат на листата „30 под 30“. Во 2019 година на листата на Форбс „30 под 30“ беа избрани Аријана и Бојан Каскарови, а во 2018 година таму се најдоа Нина Ангеловска, која подоцна стана и министерка за финансии, како и Жарко Димитриоски. Какви критериуми треба да исполнат младите луѓе за да се најдат на оваа листа, зошто е таа значајна?

Лејн: Има неколку млади луѓе од Македонија кои се на листата „30 под 30“ и главната причина што сум тука е настанот кој претстои во Скопје, а тоа е „Самитот 30 под 30“, со идеја тука да ги донесеме најдобрите млади умови и лидери, премиери, министри од регионот, и други лидери, кои ќе се фокусираат на можностите на Македонија и на Балканот. Најдобрите млади менаџери од Европа и светот, да помогнат во забрзување на растот преку привлекување на вниманието врз оваа земја, а во таа мисија Форбс, кој е водечкиот медиум за бизнис во светот, може многу да помогне.

Кога можеме да го очекуваме тој настан во земјава?

Лејн: Се надеваме дека тоа ќе биде кога ќе помине ковид кризата, можеби следната есен или следната зима, отприлика за една година од сега. Сакаме да бидеме сигурни дека се е подготвено за еден таков успешен настан, сакаме да бидеме сигурни дека тоа ќе биде во време кога ковид кризата ќе биде минато. Се надеваме дека големо олеснување ќе биде пристигнувањето на вакцината и стекнувањето на колективниот имунитет. Искрено се надеваме дека светот ќе има шанса да се ресетира и да оди нанапред, што е една голема шанса во последнава декада.

Имавте средби со првите луѓе на Стопансксата комора на Македонија и со владини претставници. Што мислите за земјава, за нејзините перспективи?

Лејн: Прво, да кажам дека ова е многу убава земја. Луѓето се прекрасни, има многу позитивна енергија, и ми беше задоволство да бидат тука, да научам, да слушам, да видиме кои се можностите, што всушност е мисијата на Форбс.

Што сметате за ковид кризата, кога таа ќе замине и ќе престане да удира врз економијата? Ова Ве прашувам и од причина што некои земји веќе почнаа да воведуваат, а други планираат нови рестриктивни мерки?

Лејн: За ова постојано разговараме, вклучително и со луѓето кои ги водат светски познатите фармацевтски компании. Тие се прилично убедени дека вакцината ќе ја имаме веќе на стартот на следната година, за неколку месеци. Состојбата е различна во секоја земја, но долгорочното решение за кризата доаѓа, и секоја земја треба самостојно да одлучи какви ќе и бидат краткорочните решенија. Но, ние сме цврсто убедени дека работите ќе дојдат во нормала за една година од сега. Има и надеж, има и решение. Има многу вакцини за кои гледаме дека имаат потенцијал. Многу различни компании и цели тимови работат на вакцината. И од овие причини ние навистина сме убедени дека помошта доаѓа, за сите нас.

Колку време и треба на светската економија за да се врати на претходните патеки на раст?

Лејн: Вие веќе гледате дека нештата почнуваат да стануваат малку подобри од она што беше на почетокот на кризата, во пролетта. Тоа е нешто повеќе од тоа дека луѓето ќе станат поздрави, што секако е најважната работа. Многу е поважно што луѓето психолошки ќе бидат пооптимистични и ќе се чувствуваат многу побезбедно, а тоа ќе доведе до поголем раст. Така што, јас мислам дека имаме шанса дека наредната година, особено кон крајот на наредната година, да се случи вистински раст. А тоа ќе биде и можност уште еднаш да се размисли како нештата да се направат подобри. Еден ваков настан, каков што ќе биде Самитот „30 под 30“ ќе биде навистина од огромен интерес, бидејќи тоа ќе се случи во вистинско време кога луѓето ќе бидат во потрага по нови идеи, каде што нема да биде доволно само да се вратиме таму каде што бевме, туку да направиме да биде подобро. А тоа е многу возбодливо.

Поради кризата во земјава има голем број отпуштања. Во Владата се подготвува нов сет мерки. Какви мерки ни се потребни, кои вистински би ни помогнале, во споредба со мерките во светот? На пример, во САД има субвенции за младите луѓе?

Лејн: Форбс верува дека бизнисите се тие кои ќе ја придвижат економија, а владите имаат улога да ги поддржуваат, да помогнат и да осигураат дека постои фер и безбеден систем. Сметам дека со мерките што многу влади ги презедоа, голем дел од луѓето ќе имаат можност и натаму да си ги платат кириите, ќе можат да се прехранат. Тоа е неопходно за целата економија и за целото општество. Но, како одиме понатаму, владите треба да се охрабрат да носат политики кои ќе бидат помалку бирократски, се со цел бизнисите да можат да се рестартираат многу полесно. И луѓето да можат да ги имплементираат тие мерки без главоболки. Има многу луѓе кои постојано доаѓаат со нови идеи, тие сакаат да помогнат да се забрза растот и владите треба тоа да им го олеснат. Потребни се политики што ќе ги поддржат малите бизниси. Треба да се охрабри образованието, за да можат луѓето да се стекнат со вештини да си ги рестартираат своите претпријатија. Тоа е многу важно.

Многу компании сега се префрлија на работа од дома, дали тоа може да го замени физичкото присуство?

Лејн: Мислам дека работењето од дома е иднината. Сметам дека е така, бидејќи многу од работодавците веќе се уверија дека вработените се попродуктивни кога работат од дома. Но, тоа не може да важи за секоја компанија и за секое работно место. Но, може да важи за многу компании и работни места. Кога вработените не мора да потрошат два часа дневно за одење и враќање од работа, тие имаат повеќе време за да сработат повеќе задачи, така заштедуваат и пари, и на крајот, така се посреќни, и тоа е добро за сите. Затоа мислам дека пандемијата промени многу нешта, некои никогаш нема повторно да се вратат на истото, а некои промени се добри. Технологијата отиде многу брзо напред, се функционира на платформите како што се Зум, Гуглмит и други. Тоа секако ќе се случеше, но можеби ќе поминеа дваесетина години, а сега сето ова се случи за дваесетина недели. Луѓето гледаат дека многу работи можат да се направат исто, или дури и подобро. Значи, се штеди многу време и не мора да се функционира на стариот начин. Сепак, состаноците лице в лице, како и нештата да ги видите одблизу, никогаш нема да исчезнат. Затоа и јас сум тука.

Каде ја гледате таа можност земјатв да успее да достигне побрз раст од околу 6 отсто, за да го достигнеме тој европски стандард на живот?

Лејн: Во технологијата. И тоа во сите бизниси. Се може да се оствари преку технологијата. Затоа листата „30 под 30“ е толку многу важна. Тоа се млади инвентивни луѓе кои ги освојуваат новите технологии и се вклучуваат во глобалните мрежи. Порано растот се должеше само на компаниите со висока технологија, а сега технологијата мора да ја има во секоја компанија. Дури и компаниите кои не се ИТ, се прилагодуваат на промените и функционираат, и тука се можностите за раст. Имате компании, како на пример Зум, кои не постоеле до пред неколку години, а сега таа вреди повеќе од некоја цела индустрија. Бидејќи тоа е нова идеја. Нема причина зошто некој нов Фејсбук или нов Убер не би почнал токму во Македонија. Бидејќи светот еглобален, идеите се глобални. Тоа е и идејата зошто настанот „30 под 30“ ќе биде организиран тука, бидејќи во иднина такви значајни компании можат да бидат создадени и тука. Тоа да биде мотивација за младите луѓе. Или некои компании да инвестираат тука или да бидат база за регионот. Балканот е мсето каде што има многу потенцијал за раст.

Колку влезот во НАТО, но и стартот на преговорите со ЕУ, ќе ни помогнат како држава за повисок економски раст?

Лејн: Ова е глобален свет. Колку повеќе некоја земја или економија е поврзана, толку има повеќе можности. Ние во Форбс многу повеќе веруваме во слободна трговија. Кога имате повеќе тарифи, тоа значи и повисоки даноци. Колку повеќе имате слободна трговија, толку е полесно е за бизнисот и подобро се води бизнис. НАТО е важен бидејќи има одбранбен систем и има степен на одредени одговорности. Земјите членки на НАТО го разбираат бизнисот, тоа се здрави држави со силни демоократии и силен капиталистички систем. Тоа е клуб на земји кои веруваат во исти идеи на слобода, економска и политичка, и тоа е добро.

Дали не е неопходно владеење на правото?

Лејн: Нема сомнение дека мора да има владеење на правото, инаку нема бизнис. Ако инвеститорите не гледаат владеење на правото, тогаш парите ќе си одт надвор од земјата. Владеење на правото и фер отворен пазар, шанса за за конкуренција, за сите. Важно е и популацијата да биде високо едуцирана, така ќе биде вработлива. Едноставно е, но многу земји имаат проблем со тоа и не можат да растат. Но, Македонија е дефинитивно земја која е во позиција да расте. И ако ние можеме да помогнеме и да бидеме дел од тоа, со задоволство тоа ќе го направиме.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво