24 Ноември, 2024
0.0273

Маја Станковска Костова – Генерален Директор на Кроациа Осигурување Живот

ИНТЕРВЈУ СТАНКОВСКА КОСТОВА: Животното осигурување обезбедува дополнителен извор на приход, но пред сè финансиска сигурност

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Невозможно е да се предвиди иднината и сето она што таа може да го донесе. Секогаш се надеваме на најдоброто, но понекогаш животот нè става во непредвидливи ситуации кои можат да ја загрозат безбедноста, па дури и животот на вашите најблиски. Наместо тоа, може да се обидете да го заштитите она што ви е највредно со полиса за животно осигурување која претставува инвестиција во иднината, но и во финансиската сигурност на целото семејство.

Бројот на осигуреници и на активни договори постојано расте и се добива впечаток дека конечно просечниот Македонец ја сфаќа вредноста на заштита на својот живот и чувството на безбедност која полисата за осигурување им ја дава на неговите најблиски. И покрај позитивниот тренд, во споредба со останатите земји од регионот, сè уште заостануваме и животното осигурување е во рана фаза на развој. Темата е интересна и затоа како редакација се решивме да ја доближиме до јавноста и да направиме интервју со Маја Станковска Костова – генерален директор на „Кроациа осигурување – живот“.

Иако животното осигурување од поодамна постои на македонскиот пазар, но дури во последните неколку години забележуваме значителен пораст на интересот и вложувањето во овој тип осигурување. На што ја припишувате оваа промена на пазарот?

Станковска Костова: Неодамнешното зголемување на интересот и инвестициите во осигурување на живот на македонскиот пазар може да се препише на неколку клучни фактори:

-  Зголемена финансиска писменост. – Континуираните активности на учесниците на осигурителниот сектор за подобрување на финансиската писменост, влијаеја на зголемувањето на свесноста кај населението за важноста на животното осигурување како критична компонента на финансиското планирање.

-  Иновации во производите. - Осигурителните компании развија поприспособени и флексибилни осигурителни производи што ги прави попривлечни и достапни за пошироката публика. Овие нови производи имаат за цел да ги задоволат специфичните потреби и преференции на македонското население, а се во согласност со трендовите во развиените земји.

-  Кампањи за маркетинг и подигање на свеста. - Ефективните маркетинг кампањи од осигурителните компании ја подигнаа свеста за придобивките од животното осигурување. Овие напори помагаат да се демистифицира производот, да се препознаат потребите и бенефитите од поседување на полиса за осигурување на живот.

-  Зголемена доверба во финансиските институции и осигурителната индустрија зајакната со построги регулативи и подобра услуга за клиентите, значајно придонесува клиентите да донесат одлука и да инвестираат во полиса за животно осигурување.

-  Демографски промени. - Стареењето на населението и менувањето на семејните структури влијаат на препознавање на потребата за безбедност и финансиска заштита, поттикнувајќи повеќе луѓе да инвестираат во животно осигурување.

-  Градење на традиција. - Колку повеќе луѓе инвестираат во животно осигурување, толку поприфатен станува концептот во опшеството. Споделувањето на искуство од бенефитите на поседување полиса за осигурување живот и гледањето врсници како си ја обезбедуваат својата финансиска иднина, ги поттикнува другите да го следат примерот. Веќе осигурителните компании на нашиот пазар активно вршат редовна исплата на акумулирани средства по основ на договори за осигурување живот кои завршуваат, со што се потврдува мудрата одлука на клиентите.

Комбинирањето на овие фактори создава средина каде што животното осигурување се гледа како мудра, природна и достапна финансиска одлука.

Какво влијание имаат глобалните услови врз понудата на осигурителните компании? Дали пандемијата од пред неколку години некако влијаеше на условите и пакетите што се нудат на пазарот?

Станковска Костова: Глобалните услови на понудата по пандемијата Ковид-19 значително се променија и влијаеја на осигурителните компании, на нивните услови, пакети и севкупните пазарни стратегии. Пандемијата ја зголеми свесноста за ризик, прекините во синџирот на снабдување ја зголемија свеста за ризиците од континуитетот на деловното работење, ризиците со кои сме соочени во секојдневието и непредвидливите животни ситуации. Зголеменото ниво на ризици и растечките трошоци како резултат на зголемената инфлација, беа инпут за зголемување на премиите за осигурување.

Пандемијата ја зголеми свеста за здравствените ризици, што доведе до зголемена побарувачка за полиси за здравствено и животно осигурување.

Ограничувањата што ги наметна периодот на пандемијата, го забрзаа процесот на дигитализација и многу осигурителни компании ги забрзаа своите стратегии за дигитална трансформација за да понудат онлајн консултации, обработка на штети и виртуелна услуга за клиентите.

 Севкупно, комбинацијата на глобалните предизвици за снабдување и пандемијата, ги натера осигурителните компании да иновираат, да ги преоценуваат ризиците и да ги приспособат своите понуди за подобро да му служат на пазарот што брзо се менува и станува посвесен за ризикот.

Колкаво влијание имаат внатрешните политики и економски случувања на самиот пазар и на побарувачката?

Станковска Костова: Македонскиот осигурителен пазар, како и секој друг, е под значително влијание и на внатрешните политики и на економските движења.

Како што расте економијата и се зголемува нивото на приходи, поединците и бизнисите имаат поголема куповна моќ за купување на незадолжителни осигурителни производи, како што се животно, здравствено осигурување, осигурување на имот, одговорност.

Повисоките стапки на вработеност ја подобруваат финансиската стабилност на поединците што ги прави посклони да инвестираат во осигурување.

За време на периоди на економски раст, бизнисите имаат поголема можност да нудат бенефиции за вработените, вклучително и осигурување. Полисите за осигурување се алатка за мотивирање и задржување на компетентен и клучен кадар во компаниите.

Исто така и регулаторната средина има влијание врз побарувачката на осигурителни производи, регулативата што обезбедува финансиска стабилност на осигурителните компании, транспарентност и заштита на потрошувачите, ја зголемува довербата во осигурителниот сектор и ја зголемува побарувачката.

Внатрешните политики и економските услови играат клучна улога во обликувањето на динамиката на побарувачката и понудата на македонскиот осигурителен пазар. Ефективните регулаторни рамки и стабилното економско опкружување, се од суштинско значење за растот на пазарот.

Кај одредени групи на граѓани и понатаму е евидентен наративот дека вложувањето во животно осигурување не се исплати. Како може да ја промениме перцепцијата дека осигурувањето не е само трошок на џебот на осигуреникот?

Станковска Костова: Промената на перцепцијата дека животното осигурување е само трошок, бара насочен, повеќеслоен пристап. Еве неколку активности кои може да придонесат до промена на перцепцијата:

- Програми за финансиска писменост. -  Спроведување на образовни иницијативи кои ги истакнуваат придобивките од животното осигурување, како на пример обезбедување финансиска сигурност и мир на умот.

- Споделување на примерите од реалниот живот, сведоштва на корисници и постапување по осигурени случаи кои го демонстрираат позитивното влијание на исплатите од животното осигурување преку обезбедување финансиска заштита на семејството, во случај на загуба на член кој имал клучен финансиски придонес.

- Транспарентна комуникација. -  Потребна е јасна, на разбирлив јазик, поедноставна комуникација  за условите за осигурување. Користење на алатки што им помагаат на поединците да ги пресметаат нивните потенцијални придобивки, јасно покажувајќи како животното осигурување може да биде вредно средство. Пренесување на информацијата, како животното осигурување може да биде клучна компонента во планирањето на имотот, помагајќи да се обезбеди брз пристап до средства во несакани случаи. Животното осигурување може да биде составен дел на разновиден финансиски план, начин за диверзификација на финансиското портфолио, придонесувајќи за целокупното финансиско здравје и стабилност.

- Флексибилност и приспособување на договорите за осигурување живот. – Понудата на осигурителниот пазар е разновидна, достапни се различни производи согласно ситуации и потреби на клиентите, а особено е битно да се споделат и можностите за промени и бенефиции што ги нудат производите во текот на траењето на договорот.

Следејќи ги трендовите и условите на финансискиот пазар, достапна е понуда на производи за осигурување живот поврзани со вложување во инвестициски фондови. Клиентите кои се подготвени да преземат ризик од инвестирање, имаат можност да поседуваат осигурување на животот, истовремено да остварат и принос на вложените средства.

Зошто треба да имаме полиса за животно осигурување и кој сè треба да биде осигуран?

Станковска Костова: Животното осигурување е од суштинско значење поради неколку причини:

- Акумулација на приход -  обезбедува извор на приход за вашето семејство, помагајќи му да ги подмири дневните трошоци, трошоците за образование и идните финансиски цели.

- Финансиска сигурност за финансиски зависни лица. - Осигурувањето на живот овозможува семејството да го одржи својот животен стандард во случај на загуба на член кој е главна финансиска поддршка.

- Покриеност на долгот. -  Може да ги отплати долговите како хипотека, автомобилски заеми или лични заеми, олеснувајќи го финансискиот товар на најблиските.

Кој треба да биде осигуран?

Согласно искуството и профилот на осигуреници, сметам дека животното осигурување е задолжително за:

- Примарниот носител на финансиски средства - лицето чиј приход е критичен за одржување на животниот стил на семејството;

- Сопственици на бизниси кои можат да обезбедат континуитет на бизнисот и да ги покријат неподмирените деловни долгови;

- Кредитокорисници - секој што е кредитно задолжен има кредити, заеми, кредитни лимити и сл. за да спречи други лица да бидат оптоварени со неговиот долг.

Што ни носи иднината во полето на животно осигурување? Како ќе влијаат поновите механизми поврзани со животното осигурување, како што се рентното осигурување и ризикоосигурување, во поглед на интересот на потенцијалните осигуреници?

Станковска Костова: Иднината на животното осигурување во Македонија изгледа ветувачка, со неколку трендови и случувања кои се подготвени да ја обликуваат индустријата:

- Зголемена свест и образование. - Како што се подобрува финансиската писменост, повеќе луѓе ќе ја разберат важноста на животното осигурување што очекувано ќе доведе до зголемено прифаќање.

- Прилагодени производи. - Осигурителите може да понудат поприспособени полиси за задоволување на специфичните потреби, привлечни за пошироката публика.

- Рентното осигурување како една од опциите за исплата на ануитети во период на пензионирање, очекувам да има значаен придонес во развој на животното осигурување.

Ануитетите обезбедуваат постојан прилив на приходи за време на пензионирањето. Воведувањето на повеќе опции за ануитет би можело да привлече поединци кои бараат стабилен приход по пензионирањето, што ќе го подобри долгорочното финансиско планирање.

- Ризико осигурување е производ што нуди осигурителна заштита при настанување осигурен случај - смрт на осигуреникот, со релативно ниска премија. Изминативе години ризико осигурувањето сè почесто е дел од понудата на банките – застапници во осигурување, кои го нудат заедно со кредитни производи во насока на заштита на клиентите кои се кредитно задолжени. Компаниите го вклучуваат колективното ризико осигурување како дел од бенефитите за вработените. Очекувам да продолжи трендот на застапеност на ризико осигурувањето.

Сумирано, иднината на животното осигурување во Македонија очекувам да се карактеризира со поголема достапност, разновидност и прилагодување на производите, да се зголеми интересот кај потенцијалните осигуреници, што на крајот ќе создаде посилен осигурителен пазар.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“