25 Април, 2024
0.0359

ИНТЕРВЈУ СТАНКОВСКИ: УНИБанка започна трговија со инвестициско злато

Објавено во: Финансии 30 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

УНИБанка е прва банка на македонскиот пазар која ја воведе услугата увоз и тргување со инвестицискo злато, што вклучува тргување со златни плочки и монети со највисока чистота, креирајќи уште еден нов епитет кој покрај веќе постојните ќе ја направи препознатлива со епитетот * the bank of gold*, вели во интервју за Фактор, Ѕвонко Станковски, директор на Дирекција за трезор во Уни Банка. Дециден е дека нивната цел е да се создаде инветициски амбиент кај постојните и новите клиенти со запознавање со предностите од инвестирање во инвестициско злато и движење на цените на благородните метали на светските берзи и тоа од високо едуциран и професионален персонал на банката, кои се спремни да понудат специјализирани услуги првенствено за инвестирање во инвестициско злато.

Што има третман на  инвестициско злато?

Станковски: За разлика од традиционално препознатливиот производ кој се нуди на нашиот пазар како златен накит и монети, инвестициското злато е првенствено инвестиција која овозможува долгорочна заштита од инфлаторни движења и дава можност за купување и продажба во секој момент. Воедно служи како средство за заштита и деверзификација на портфолиото на граѓаните од идни непредвидени ризични настани. Инвестицискo злато вклучува златни плочки со чистота од  999.9/1000 (24 карати) и златни монети со чистотаод 900/1000 (22 карати) и со поголема чистота. Истото е сертифициран и стандардизиран производ кој е предмет на трговија на сите финансиски центри во светот и согласно стандардот “London Good Delivery” првенствено се тргува на London Bullion Market Association (LBMA).

Дефиниција за инвестициско злато – злато во форма на прачки или плочки со тежина прифатена од пазарите за благородни метали и со финост еднаква или поголема од најмалку 995 промили (илјадити делови), независно дали е обезбедено со хартии од вредност и златни монети со финост еднаква или поголема од 900 промили (илјадити делови) што се исковани по 1800 година, кои во земјата на потекло се или биле законски платежни средства и вообичаено се продаваат по цена што не надминува повеќе од 80 отсто од вредноста на златото на слободниот пазар кое е содржано во монетата. Златните монети продадени заради нумизматички цели нема да се сметаат за инвестициско злато.


Од каде и како се набавува инвестициското злато?

Станковски: Банката набавува инвестициско злато од странски водечки рафинерии за благородни метали од Швајцарија и Германија и реномирани светски познати дилери на злато. Набавката се одвива преку овластени дилери за тргување со благородни метали на  платформи за тргување со инвестициско злато по моментално котирани берзански цени. Се тргува со широк асортиман на производи од инвестициско злато, кои се со стандарден квалитет, форма, тежина, димензии и финост од 999,9/1000 (24 карати). Активноста на тргувањето е доверена на тимот од високо стручни, едуцирани и лиценцирани дилери за трговија со благородни метали -  инвестициско злато.

Како се инвестира во производи од инвестициско злато?

Станковски: Клиентите резиденти физички и правни лица кои се заинтересирани за овој вид на инвестиција можат да ја посетат веб страницата на банката: www.unibank.mk, каде ќе ги добијат првични информации, да се обратат телефонски или на меил, но секако да ги посетат експозитурите на банката каде ќе добијат стручни совети за инвестирање во инвестициско злато, движење на цените на благородните метали и детални информации за производите на банката кои се моментално на продажба, а истите се изложени во просториите на експозитурите.

Клиентот е пожелно да има трансакциска сметка во банката и слободни средства кои планира да ги инвестира во инветициско злато. По направениот избор на производ од понудениот асортиман и извршената уплата, производот се превзема од благајната на банката. Доколку клиентот изрази желба банката нуди можност за чување на вредносниците во личен сеф.

Какви производи им нуди банката на своите клиенти?

Станковски: Се набавуваат голем број на стандардизирани производи од најпознати светски брендови  и истите се достапни на клиентите на банката и тоа како:

Монети од типот: Австриски дукат, Американски орел и други монети со различна големина,  тежина и чистотаод  900/1000 (22 карати)  до  999,9/1000 (24 карати).

Златни плочки со финост од 999,9/1000 (24 карати) од: 2, 2.5, 5, 10, 20, 50, 100 и 500 грама, 1 и 12,5 килограми и ¼, ½, една унца (31,1035 грама), 5, 10 и 1000 унци по коректни цени што вклучуваат набавна берзанска цена со зголемен трошок за набавка, осигурување и маржа.


Дали банката прифаќа индивидуални нарачки од клиенти?

Станковски: Да, при нарачка на поголем износ или кога клиентите на банката сакаат да инвестираат во продукти кои се нудат на продажба, но во моментот нема доволна количина или асортиман кој би го избрал клиентот. Продуктите се набавуваат веднаш по договарање на количината на бараните производи  по однапред договорени услови и фиксирана цена. Испораката е за неколку работни денови.

Дали клиентите кои купиле инвестициско злато може да го продадат?

Станковски: Главна карактеристика на инвестициското злато е можноста да се тргува и да се замени за готовина во секој момент по пазарна цена. Банката нуди можност за  купување на продуктите во секој момент по тековна пазарна куповна цена, првенствено за производи од инвестициско злато купени од банката или производи изработени од признати ковачници од London Bullion Market Association (LBMA).

Дали инвестициското злато може да е предмет на залог за кредит?

Станковски: Како стандаризиран и сертифициран производ инвестициското злато е прифатливо за колатерал за кредитни производи кои банката планира да ги понуди за физички и правни лица. Проценката на колатералот е согласно пазарна цена и проценка на идните движења на цената на инвестициското злато на пазарот на благородни метали.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот