24 Ноември, 2024
0.0298

Гоце Вангеловски, Директор на финансии Битолска млекара АД

Вангеловски: Општествените пред компаниските цели, придонесот за ликвидноста на државата во време на криза беше само прва одлука

Објавено во: Економија, Интервјуа 06 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Неизвесноста и непредвидливоста на настаните е најголем „непријател” на бизнисот, па затоа не може прецизно да се каже колкавo ќе биде конечното влијание на оваа криза за нашата компанија, но и за прехранбената индустрија, воопшто вели во интервју за Фактор, Гоце Вангеловски директор на финансии на Битолска млекара АД. Очекувањата се секторот да се опоравува постепено, а во моментов производството се одвива непречено.

Оваа компанија беше една од малкуте кои веднаш одговорија на повикот на Министерството за финансии и предвремено ги плати обврските по основ на данокот на добивка во износ од 15 милиони денари. 

Вангеловски: Никој во светот не се подготвуваше за Ковид – 19 вирусот. Бидејќи се појави прво на азискиот континент, овој вирус за сите делуваше далечно и дека нема да има влијание на остатокот на светот или барем не во овој обем. Но, за кус временски период епидемијата се претвори во пандемија предизвикувајќи голем удар на социјалното и економското окружување на сите континенти: затворање на малопродажни објекти, производствени капацитети, отежнато движење на луѓето и стоките, тешкотии во извршување на услугите - defacto се забави целиот живот.

Ова силно влијаеше и на економското окружување и во нашата земја, каде сите овие случувања имаа сериозно влијание и врз буџетот на државата. Сите показатели и предвидувања покажуваат намалена економска активност, а со тоа и намалени приходи во буџетот. Без силен и стабилен буџет, државата ќе биде без капацитети за справување со пандемијата. Не треба ни да помислуваме, како би изгледала оваа криза и можностите за справување со кризата, доколку државата не може да ги поддржи мерките и активностите кои ги преземаат со соодветна ликвидност.

Со желба да се помогне во овие тешки моменти, во Бимилк, одлучивме дека еден од начините да се помогне е предвремената уплата на данокот од добивка, бидејќи на тој начин директно помагаме во ликвидноста на буџетот. Секако, не помалку важни се и директните донации во здравствениот сектор, па затоа Бимилк издвои средства и за помош на здравствениот систем, како на локално ниво во Битола, така и на централно ниво преку Министерството за здравство. Како социјално одговорна компанија, сметавме дека ова е најмалку што можевме да направиме во една ваква вонредна состојба.

Како аконтативното плаќање на данокот на добивка за цела година ќе се одрази финансиски на компанијата, посебно поради фактот што за производството во прехранбената индустрија потребни се обртни средства за набавка на суровини и репроматеријали, а истовремено обезбедувањето пари зависи од приливот на средства од продажбата на производите?

Вангеловски: Предвремените плаќања можат да предизвикаат недостиг во паричните текови, но со соодветно планирање, ваквите состојби може успешно да се надминат. Ова посебно доаѓа до израз во компанија како Бимилк, која се занимава со производство на основни прехранбени производи. Дополнително, над 1.000 семејства зависат од работењето на Бимилк, фармери, вработени, соработници, што претставува голема одговорност, па затоа управувањето со ликвидноста има посебно значење во нашата компанија. Соодветно ги прилагодивме нашите планови, ги одложивме несуштинските трошења, за многу краток временски период ги преземавме сите неопходни мерки за нормално и стабилно работење на компанијата и на тој начин предвремената уплата на данокот од добивка нема да предизвика ликвидносни проблеми.

Мерките кои ги преземавме во изминатиот период, обезбедуваат непречено функционирање на компанијата и во вакви услови. Набавени се и договорени набавки за сите репроматеријали за подолг временски период и на тој начин сметаме дека сме спремни за задоволување на потребите на потрошувачите доколку вонредната состојба трае и подолг временски период, а и доколку се зголеми побарувачката за нашите производи.

Како моменталната состојба со кризата во земјава се одразува на производството на Битолска млекара и особено на пласманот на производите, бидејќи многу од вашите потрошувачи, како ресторани, кафетерии, училишни мензи и други не работат?

Вангеловски: Нашите очекувања се дека опоравувањето на HoReCa и PeReCa секторот ќе се одвива постепено и дека ќе биде потребен период од најмалку неколку месеци за повторно да се вратат на претходното ниво на работење. Секако, ова има влијание на побарувачката, како и на определени производи од нашата палета.

Од друга страна, произведуваме основни прехранбени производи, па рестриктивните мерки предизвикаа зголемена побарувачка кај останатите продажни канали. За многу кратко време успеавме да се прилагодиме на барањата на пазарот, па недостатоците во еден дел од продажните канали, успеавме да ги надополниме преку продажба во други продажни канали. На тој начин успеавме навремено да произведеме и да ги испорачаме бараните производи на пазарот.


Обединетите Нации предупредија на опасноста која ја претставува пандемијата за глобалниот ланец на снабдување со храна, поради затворање на границите, ограничување на движењето и транспортот. Дали во овој поглед Битолска млекара има проблеми при обезбедувањето на репроматеријали неопходни за производството?

Вангеловски: Денес немаме проблеми во обезбедувањето на репроматеријали за производство, но средината на март не беше таква состојбата. Одеднаш се воведоа забрани за влез и излез од државите од нашето окружување и со тоа се отежна транспортот на репроматеријалите. Меѓутоа, мерките кои ги презема Владата, алармирањето и инсистирањето за решавање на проблемите од страна на Стопанската комора и Здруженијата на превозници, за релативно брзо време обезбедија проток на стоките преку граничните премини и на тој начин се обезбеди непречено производство. Сè уште има држави од каде доставувањето на производите оди отежнато и со определени застои, но сепак транспортот се спроведува. Накратко кажано, транспортот на репроматеријали се одвива непречено, но со мали одложувања, кои не предизвикуваат проблеми во производствениот процес.

Веројатно веќе имате анализи за последиците од кризата предизвикана од пандемијата. Какви се вашите проценки за ударот што ќе го има компанијата и општо прехранбената индустрија од ова?

Венгеловски: Да, имаме изработено неколку сценарија и сите тие имаат една заедничка констатација, а тоа е неизвесноста за иднината. Сепак, Европа се справува веројатно со најголемата криза од Втората светска војна и никој не може со сигурност да каже до кога ќе трае ваквата состојба, дали ќе има повторни пикови на пандемијата, па дури не може со сигурност да се каже дали пикот е воопшто постигнат. Познато е дека неизвесноста и непредвидливоста на настаните е најголем „непријател” на бизнисот, па затоа не можеме со доволно ниво на уверување да кажеме колкав финално ќе биде импактот од оваа криза, не само за нашата компанија или прехранбената индустрија, туку и за целата економија. Едно е сигурно, дека порано или подоцна негативните импакти веројатно нема да ја одминат и прехранбената индустрија.

Во врска со Бимилк, каде произведуваме млеко и млечни производи, влијанието не е толку големо како во другите дејности, кои едноставно некои од нив мораа дури и да ги стопираат своите операции. Состојбата во нашата индустрија е далеку од некое такво сценарио, но сепак големите економски шокови неминовно предизвикуваат проблеми и кај нас.

Во текот на кризата некои од каналите на продажба покажаа значителен раст во продажбата, други канали едноставно застанаа. Ваквите шокови секогаш се непожелни во бизнисот. Но преземавме мерки и ќе успееме успешно да се избориме со кризната состојба и со предизвиците кои ни претстојат. Ваквиот пристап, на навремено предвидување на можните сценарија, ни дава флексибилност во работењето и имаме можност за кратко време да одговориме на потребите на пазарот.

Она што е најважно, откупот на млеко се одвива непречено, нема застој во производството, исплатата кон фармерите се одвива со темпо како и пред Ковид – 19 кризата, па дури сме подготвени и за зголемување на откупувачките капацитети на млеко. На тој начин, сакаме да подржиме развој на фармерството, што претставува основа на нашето работење.

А.Т.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“