ИНТЕРВЈУ Златко Муцунски: Кој ќе преживее, тој ќе раскажува!
Објавено во: Економија 29 Јули, 2013
Надолниот тренд по кој е тргната целата европска економија во последниве години продолжи. Кој ќе преживее ќе раскажува. Куповната моќ е драстично намалена, но потребата за мобилност е сеуште тука – вели во ексклузивно интервју за “Фактор“ Златко Муцунски, директор на “Порше – Македонија“. Компанијата “Порше – Македонија“ сепак успева да се справи со кризата. Нашата земја има огромен потенцијал за продажба на нови автомобили, и ние, наместо да се жалиме на економската криза, ги засукавме ракавите и правиме се што можеме за да го искористиме тој потенцијал и да испорачаме ново возило за секое семејство во земјава вели Муцунски.
ФАКТОР: Како ја оценувате состојбата во автомобилскиот бизнис во земјава?
МУЦУНСКИ: Состојбата во автомобилскиот бизнис веќе неколку години е непроменета. Истата продолжува спирално да се движи надолу. Верувам дека овој период во историјата ќе биде забележан како најнеповолен период за автомобилската индустрија. Куповната моќ на граѓаните и ликвидноста на компаниите е сеуште сериозно погодена од економската криза и автомобилскиот бизнис се бори да опстои. Она што нас не радува е што во оваа неповолна ситуација ние успеавме да ги детектираме нашите слаби страни, да ги поправиме, и сплотени и силни да застанеме пред нашите клиенти и да им помогнеме да дојдат до нов автомобил. Бидејки во услови на криза , на граѓаните и компаниите им е уште повеќе потребна мобилност, а ние им нудиме соодветни финансиски инструмени за да им го овозможиме тоа.
ФАКТОР: Кризата не го заобиколи ниту овој бизнис, како сето тоа се одрази врз работата, понудата и побарувачката на автомобили. Каква е куповната моќ во земјава за да се платат задоволството за престиж и луксуз?
МУЦУНСКИ: Како што реков надолниот тренд по кој целата европска економија е тргната во последниве години продолжи. Кој ќе преживее ќе раскажува. Куповната моќ е драстично намалена, но потребата за мобилност е сеуште тука. Во нашите салони нудиме возила за сечиј вкус и сечии потреби - од мали, компактни, практични возила, до раскошни лимузини и робусни џипови. Ние секогаш сме тука да ги задоволиме барањата и потребите на клиентите,што секако е предизвик да се стори. Нас не радува што секојдневно им посакуваме добредојде на клиенти и за едните и за другите видови возила, и за оние кои се сметаат како потреба и за оние кои се сметаат за задоволство. ФАКТОР: Вашата компанија е импортер на познати марки на автомобили кои по дефиниција ги имаат вградено сите високи стандарди. За што најмногу се интересира и прашува купувачот во вашите салони – за цената или за предностите на возилото ? МУЦУНСКИ: Нашите клиенти пред се се интересираат за предностите на возилото, како што се удобноста, безбедноста и напредната технологија. Морам да напоменам дека ние сме секогаш во чекор со времето и нашите возила се истакнуваат со модерен дизајн и врвна технологија. Дополнителната опрема дава можност за ставање личен печат на возилото и секое возило е како создадено за клиентот. Кога ќе го пронајде вистинското возило, клиентот знае дека ние сме нивен партнер од доверба, и кога доаѓа ред за финансиите, нашите клиенти ја добиваат најдобрата можна цена и соодветен финансиски инструмент за отплата на тоа возило. Цената за квалитет, ексклузива и безбедност е во втор план.ФАКТОР: Владата најави повеќе странски инвестиции во автомобилскиот сектор во земјава. Дали тие на било каков начин би влијаеле врз автомобилскиот бизнис во македонија ?
МУЦУНСКИ: Порше Македонија е 100% странска инвестиција со Фолксваген АГ како свој сопственик. Досегашната инвестиција на Фолксваген во Македонија, која изнесува околу 10 милиони евра во сервисно продажни капацитети за Фолксваген и Ауди, и успехот на Порше Македонија на пазарот за кратко време постоење е доказ за позитивното влијание на странските инвестиции врз автомобилскиот бизнис.
Горди сме што сме прв избор за мобилност на скоро сите странски компании што започнуваат бизнис во нашата земја, што пред се се должи на професионалноста во пристапот и со високите стандарди во работењето. Од своите почетоци до сега Порше Македонија постојано инвестира во тренинзи на вработените и во проширување на капацитетите, а сето тоа под капата на концернот Фолксваген. Ние се радуваме на повеќе странски инвестиции во автомобилскиот сектор, тие се моторот на технолошкиот развој на секоја земја и тоа би значело јакнење на производната база на нашата земја, би се овозможиле поголеми вработувања и земјата би тргнала напред. ФАКТОР: Една од водечките автомобилски индустрии – германската, прикажа пад на производството за 4,7%. Како овие трендови во моќните економии влијаат врз бизнисот дома ? МУЦУНСКИ: Сметам дека географијата во автомобилската индустрија игра малку помала улога отколку во другите индустрии. Имено кај нас продажбата повеке зависи од релацијата продавач - клиент, отколку конкретно од падот на германската автомобилска индустрија. Нашата земја има огромен потенцијал за продажба на нови автомобили, и ние, наместо да се жалиме на економската криза, ги засукавме ракавите и правиме се што можеме за да го искористиме тој потенцијал и да испорачаме ново возило за секое семејство во земјава. ФАКТОР: Во мај беше регистрирана намалена побарувачка за автомобили на ниво на Европската унија. Се проценува дека годинава може да биде една од налошите во последните 30 години за продажба на автомобили во Западна Европа. Какви состојби се очекуваат во втората половина од годинава во земјава ? Колку состојбата во Европа директно го засега и домашниот автомобилски бизнис? МУЦУНСКИ: Точно е дека продажбата е намалена и дека овој период е еден од најтешките периоди за продажба на нови возила со оглед на фактот дека куповната моќ на клиентите е мошне кревка. Економската криза во Европа ја намали и куповната моќ на нашите економски работници кои соочувајки се со неизвесна иднина на работното место исто така тешко се решаваат за купување на материјални добра. Но, сепак, ова не е нова ситуација и ние научивме како да се справуваме со неа, како да допреме до нашите клиенти и да им ги понудиме нашите возила. ФАКТОР: Која е најновата марка на софистициран, трендовски и атрактивен автомобил што се нуди на продажба во вашите салони?МУЦУНСКИ: Новата Шкода, фасцинанта секој ден е новото возило чиј елегантен дизајн, комфорна внатрешност, напредна технологија, одлична опрема е она што ги мами воздишките на нашите клиенти. Секако легендата наречена Голф, е секогаш присутна во нашите салони, сега со Голф 7 –избран за европски и светски автомобил на годината а Ауди ве повикува во нови авантури со новата А3 спортбек.цф
ФАКТОР: “Порше“ е еден од водечките автомобилски брендови. Вашата компанија и официјално стана увозник на оваа престижна марка. Дали и на кој начин планирате јакнење или проширување на бизнисот во земјава ?
МУЦУНСКИ: Да, официјално сме увозници и на брендот Порше, што значи дека за љубителите на луксуз и брзина , ги донесовме овие возила на дофат на раката. На овој бренд му создадовме достоен дом, и ги проширивме сервисните и продажни капацитети. Ја продолжуваме нашата мисија за вмрежување и создавање трајни врски со клиентите.
Д.А.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.