06 Октомври, 2024
0.0260

ИНТЕРВЈУ Зоран Петрески: Трошоците за извршителите, во Македонија се најниски!

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

 За седум години колку што постојат извршителите од граѓаните и фирмите во земјава наплатиле 700 милиони евра. Првиот човек на комората на извршители Зоран Петрески вели дека во Македонија се заштитени најранливите категории на граѓани така што постојат бројни ограничувања за граѓаните со минимални примања и иземање од извршување за корисниците на социјална помош, но и дека трошоците воопшто не се големи и истите се најмали во регионот и секако неспоредливи со европските. Фактор:Колкав е бројот на предмети што ги имате во првите пет месеци од годинава? З.Петрески: Комората на извршители изготвува квартални извештаи и за првиот квартал  на 2015 изнесува бројот на поднесени барања за извршување кај 99 извршители изнесува 41 198 Фактор:Дали има зголемување или намалување во однос на лани истиот период? З.Петрески: Споредено со минатите години бројките се идентични со многу мало отстапување во плус-минус 100-200 барања за извршување. Фактор:За колкава сума се предметите во првите пет месеци од годинава? И дали има зголемување или намалување во однос на лани истиот период? З.Петрески: Немаме податок за вкупните побарувања за кои се однесуваат барањата за извршување но трендот е дека имаме намалување на предмети со големи побарувања. Фактор:Колкава е реализацијата во првите три месеци од годинава? И каква е паралелата со лани истиот период? З.Петрески: Вкупно наплатените средства во првиот квартал од 2015 година изнесува 23 630 812 евра  споредено со 2014 година имаме намалување од скоро 3 милиони евра кога сме наплатиле 26 233175 евра СЕ НАМАЛУВААТ ПРЕДМЕТИ СО ГОЛЕМИ ПОБАРУВАЊА Фактор:Каде има зголемување за барања за извршувања, кај поголемите или кај помалиоте суми? З.Петрески: Во континуитет последните неколку години имаме намалување на предметите со големи побарувања што е резултат на зголемена финансиска дисциплина кај правните и физичките лица и имаме благо зголемување на предметите со мали побарувања Фактор:Граѓаните се револтирни и дека земате големи суми за постапките што ги водите. Па може за долг од 1.000 денари да наплатите 10.000 денари? З.Петрески: Извршителите не наплаќаат по сопствено видување туку согласно закон, подзаконски акти, тарифа и секако според извршна исправа која е во прилог на барањето за извршување Извршителите примаат во текот на една година околу 150 000 барања, вакви случаи може да бидат 5-6 во текот на годината. За малите долгови наградата на извршителот изнесува 416 денари по предмет.  Покрај основниот долг од 1000 денари постои и камата, парнични трошоци на доверителот, ДДВ на извршни трошоци и на наградата и секако доколку должникот самиот не ги предизвика трошоците Фактор:Често се случува, граѓаните поскапо да ги чини извршителот и деблокадата на сметките, отколку што бил самиот долг. З.Петрески: Постојат такви случаи но не се согласувам дека тоа е често, ако имаме предвид дека имаме 150 000 барања за извршувања во текот на една година а имаме помалку од 300 претставки може да видите дали тоа е често. Конечно доколку долгот се плати навреме Вие воопшто нема да дојдете кај извршител и нема да имате никакви трошоци. ТРОШОЦИТЕ ЗА ИЗВРШИТЕЛИТЕ НЕ СЕ ГОЛЕМИ Фактор:Има ли некој начин да се намалат трошоците, бидејќи сепак станува збор за големи суми, а јасно е дека граѓаните немале ни мали суми да ги платат? З.Петрески: Извршувањето не постои заради граѓаните кои не можат да платат туку за оние кои не сакаат да платат односно на секој можен начин ги избегнуваат обврските. Република Македонија  ги заштитила најранливите категории на граѓани така што постојат бројни ограничувања за граѓаните со минимални примања и иземање од извршување за корисниците на социјална помош. Трошоците воопшто не се големи и истите се најмали во регионот и секако неспоредливи со европските. Наједноставен начин да се избегнат трошоците е да се плати долгот навреме а доколку тоа не е случај да се реагира кај извршителот по приемот на налогот тоагаш трошоците се минимални. Секое избегнување и нереагирање на повикот на извршителот ги зголемува трошоците неколкукратно. Фактор:Има ли опција, да не се плаќа за деблокадата на сметките. Постоеше некоја иницјатива на оваа тема?   З.Петрески: Деблокадата ја наплаќаат носителите на платен промет и тоа не е во надлежност на извршителите. Фактор:Дали сметката смее да биде целосно блокирана? З.Петрески: Законот за извршување предвидува блокада на сметка како кај правните така и кај физичките лица. Блокадата е секако целосна, со блокирање на една сметка кај носител на платен промет се блокираат сите сметки на должникот и со тоа истите се повлекуваат во висина на долгот. Ограничување постои за средствата кои се од плата или социјална помош и во ваквите случаи должникот треба да достави потврда од работодавец за висината на платата или потврда од центарот за социјални работи дека е корисник на постојана социјална помош. Во тој случај Извршителот може да задржи само 1/3 од плата доколку должникот нема други задршки и врши повраток на две третини од средствата, кај социјалната помош средствата се враќаат во целост. Фактор:Колку отписот на долговите помогна да се намалат извршните решенија? З.Петрески: Проектот на владата на РМ за еднократен отпис на долговите сеуште трае.  Извршителите секојдневно примаат такви решенија со кои се отпишуваат долговите со што  бројни предмети на најранливите категории се затвараат. 700 МИЛИОНИ ЕВРА НАПЛАТЕНИ ЗА 9 ГОДИНИ Фактор:Во кои градови имаат најмногу работа извршителите? Кој е градот со најмногу должници? З.Петрески: Скопје, секако сепак тука е центарот на економската активност во Република Македонија и тука се склучуваат најмногу договори има најмногу пресуди и со самото тоа и најмногу должници. Фактор:Колку пари имате наплатено како извршители откога постоите? З.Петрески: Извршителите во својето деветгодишно постоење имаат наплатено над 700 милиони евра. Тоа се средства на доверителите и за толку пари е намален внатрешниот долг на република Македонија. Значи ова се средства кои се вратени во стопанството и на граѓаните кои биле доверители. Фактор:Има ли приговори против извршителите и како завршуваат? З.Петрески: Законот за извршување предвидува судска заштита во извршувањето што значи дека при превземањето на дејствијата од страна на извршителот должникот или доверителот има право на приговор доколку смета дека извршителот не постапува согласно со законот, по приговорот одлучува претседателот на основниот суд на конкретното подрачје, процентот на усвоени приговори е помал од 2 проценти. С.Н. Фото академик.мк

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта