Инвестициите на Макстил оваа година ќе надминат 14 милиони евра
Објавено во: Мои пари 11 Април, 2023 11:42
Макстил АД Скопје за оваа година планира да започне обемна инвестициска програма вредна 14.623.800 евра. Компанијата овие средства ќе ги насочи за унапредување на производствените процеси, за зголемување на безбедноста и заштита при работа за вработените, за зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на производите. Инвестициите ќе започнат оваа година, а дел од нив ќе имаат и подолг рок на имплементација од 12 месеци.
„Работењето во изминатите неколку години во период на здравствена, економска и енергетска криза и во вонредни услови и како се справивме со сите предизвици, ни го зацврсти уверувањето за значењето на Макстил за домашната индустрија и економија но и за важноста производните процеси постојано да се унапредуваат. Сите овие случувања ги дефинираа стратешките инвестиции во Макстил. Затоа за оваа година испланиравме голема инвестициска програма што ги опфаќа најсуштинските и најважните елементи од работата на компанијата, унапредување на производните процеси за зголемување на продуктивноста и капацитетите, обезбедување максимална безбедност и заштита на вработените, енергетска ефикасност како долгорочна стратегија, но и зголемен квалитет на производите со што ќе изградиме поголема конкурентност на пазарот“, велат од Макстил.
Покрај вложувањето во работењето на компанијата, Макстил, исто така продолжува со програмата за општествена одговорност преку активен ангажман во заедницата.
Инвестицискиот план е веќе одобрен од Одборот на Директори на Макстил и неговата реализација започнува од вториот квартал на годината.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




