05 Декември, 2025
0.0436

Инвестирањето во земјоделство и руралниот развој приоритет за Балканот

Објавено во: Агробизнис 19 Јануари, 2013 19:59

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчo Димовски на првиот ден од меѓународниот саем за храна, земјоделство и хортикултура „Зелена недела“ одржа билатерални средби со повече свои колеги, соопштија од ресорното Министерство. За време на средбите се разговарало за реализацијата на билатералните договори во земјоделството, како и за интензивирање и продлабочување на досегашната соработка во оваа област. „Имав навистина успешни средби со моите колеги од Словенија, Србија, Хрватска и БиХ. Досегашната успешна соработка помеѓу нашите министерства продолжува и понатаму“, изјави министерот Димовски. Во текот на утрешниот ден министерот Димовски ќе земе збор и на Самитот на министри за земјоделство, кој е дел од „Зелена недела“ . Во фокусот на годинашниот Самит на министри е прифаќањето на фактот дека земјоделството игра клучна улога во исхраната на популација која на глобално ниво сè повеќе расте и дека е неразделно поврзано со искоренувањето на сиромаштијата, особено во земјите во развој. Исто така ќе се стави акцент дека инвестирањето во одржливо земјоделство и рурален развој е од суштинско значење за да се оствари правото на соодветна храна.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?