ИНВЕСТИТОР: Рускиот милијардер Дерипаска ја тужи Црна Гора
Објавено во: Балкан 13 Март, 2014 10:45
Првото барање за решавање на спорот компанијата го поднесе уште во август лани, но бидејќи не успеале да се договорат со црногорската Влада случајот стигна на арбитража.
Од Владата во Подгорица ги отфрлија обвинувањата дека незаконито се мешале во работата на КАП и ги обвинија странските инвеститори за неспособно работење.
„Заради лошо управување, долговите на КАП надминаа 350 милиони евра. Државата на КАП му даде и 135 милиони евра гаранции за да земе кредити и да ја надмине кризата кон крајот на 2008. Но заради несоодветно менаџирање, гаранциите беа активирани и кредитите паднаа на товар на даночните обврзници“, соопштија од црногорската Влада.
Во јули лани Владата на Црна Гора прогласи стечај на КАП, а во октомври беше прогласен банкрот на комбинатот кој потона во долгови што изнесуваа 10% од вкупниот БДП на оваа земја. Имотот на КАП му беше продаден на претпријатието Унипром од Никшиќ, кое се занимава со производство на течен метал.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




