Инвеститорот Интерсофт секоја сабота организира отворен ден за посета на комплексот Ветрило
Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2016 10:55
Со цел подобро информирање на заинтересираните клиенти за карактеристиките на комплексот Ветрило, Друштвото за градежништво, проектирање и инженеринг ИНТЕРСОФТ ЛТД Скопје организира отворен ден за посетители.
Отворен ден се организира секоја сабота, од 10-15 часот, започнувајќи од оваа, 26-ти ноември. Посетителите на лице место ќе можат да видат до каде е процесот на градба, да го разгледаат целиот простор во комплексот, да го почувствуваат мирот и тишината со кои плени ова место, да го видат внатрешниот распоред во една индивидуална куќа, местото планирано за двор, да се информираат за начинот на градба, за статиката на објектот, и за се друго што ги интересира. Сите прашања се добродојдени, и секако во интерес на правилно инфомирање.
Општина Сопиште, која се вбројува во средно големи општини според површината, се наоѓа во централниот дел на Република Македонија, зафаќа површина од 223,53 м2. Географски, Физичко-географските услови во рамките на општината се изразито варијабилни при што некои од нив (клима, растителен и животински свет) се јавуваат како промотори за развој на населбите, а други (хидролошко-хидрографски одлики) како инхибитори
И покрај ридско-планинскиот карактер и периферната поставеност во однос на Скопската котлина, општината Сопиште сепак има поволна географска положба, пред сè поради непосредната близина на Скопје.Во целина просторот се карактеризира со преод меѓу умерно-континентална и планинска клима, заради својата присојна поставеност поседува помали температурни осцилации, поголеми врнежи, поинтензивно осончување и мала честина на магли.Значаен дел од општината е под шума (40%).
Во срцето на општината непосредно до Општинската зграда на само 6,5км близина од урбаниот центар на главниот град, во местото викано Ветрила, опкружени со мир тишина и зеленило, го сместивме нашиот комплекс Ветрило.
Составен од 18 објекти за семејно домување, за сите кои сакаат да ги уживаат погодностите на Сопиште и убавиот поглед кој го овозможува оваа локација.
Идеални живеалишта за среќен, спокоен и здрав семеен живот во чиста и еколошка средина.“Ветрило” е новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина и почист воздух.
ЖИВЕЕЊЕ НИЗ СВЕЖИНА ДОМА ЗА СВОЈА ДУША
Првите 8 објекти се веќе во завршна фаза на изработка се средуваат фасадите, завршните работи и поставување на инсталации. Паралелно се работи на инфрастуктурата и партерното уредување.

Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




