05 Декември, 2025
0.1811

Инвестиции: Само Турција ни е спасот!

Објавено во: Економија 14 Декември, 2012 19:24

Добивај вести на Viber

Турција, која во последната декада спроведе мултидимензионална и мултирегионална надворешна економска политика  со своите партнерства на сите четири страни од светот е алката која  може да и помогне на Македонијаво зацврстување и создавање нови економски врски, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на денешниот Форум „Земјите од Западен Балкан - регионална инвестициска дестинација и заеднички настап на трети пазари.

„Како мала земја и како мали компании не можеме ништо да направиме без компаниите во регионот и без компаниите на најмоќната  економија што е најблиску до нашето опкружување, а тоа е турската. Затоа за нас е логично поврзувањето кое денеска го промовираме, бидејќи мислиме дека ваквата алијанса ќе доведе до подобра извозна позиција на нашите компании, рече Азески.

Според Азески, Турција, е земјата која ја има најјаката економија во регионот и е најголема локомотива на економскиот развој, па затоа Македонија мора да ги искористи врските со оваа држава. Тој посочува дека по 2015 година со оперализацијата на железницата под Босфор, стоките кои доаѓаат од Азија преку тој коридор ќе добијат многу значајно место на нашите пазари и обратно.

Затоа вели Азески, Коридорот 8 ќе стане многу стратешка алка за сите нас во наредните пет години и мораме да ја бараме поддршката од Турција.

Претставникот на ДЕИК,  Хасан Хошбен истакна дека Турција има доволно сила за да биде лидер на регионот на економско поле и потенцира дека лани остварила 12 процентен пораст на националната економија. Тој го иднината на Македонија ја гледа во младите од кои  40% се  солидно образовани.

„Доколку успееме да ги  споиме малдите и образовани кадри од Македонија и Турција тоа ќе биде еден вид на генератор за економски развој во споредба со застарената Европа. Македонија привидно изгледа како мал пазар од два милиони, но треба да се гледа како можност за отворање кон еден поширок пазар од 650 милиони. Најпрво самите вие во Македонија треба да поверувате во тоа, а потоа и странските инвеститори, рече Хошбен и додаде дека Македонија треба да почне да размислува за зголемување на својот извоз кон Турција.

Денешниот Форум се одржува на иницијатива на Стопанската комора на Македонија, а со поддршка на Одборот за надворешна трговија и Унијата на трговско-индустриските комори и стоковни берзи на Турција -ДЕИК.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката