Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Дизелдорф говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата
Објавено во: Мои пари 14 Март, 2023 12:27
Раководителот на Секторот за истражување и развој во БРАКО, Никола Маркоски, единствен од Северна Македонија и регионот учествуваше на Конференцијата за електрични и батериски системи за непатнички возила и машини, која што се одржа во Дизелдорф.
Маркоски ги запозна присутните со предизвиците со кои се соочи тимот на БРАКО при преминот од електрично возило кон возило на водород, како и иновативните инженерски и технички решенија кои беа изнајдени во процесот.

Возилото на БРАКО за одржување хигиена во урбани средини на погон на водород е целосно развиено во БРАКО и единствено такво возило во светот, така што искуството при неговото развивање наиде на интерес кај стручниот форум на конференцијата во Германија.

На конференцијата беше посветено посебно внимание и на новите начини за рециклирање на батериските системи од електричните возила. За разлика од нив, возилата на водород не оставаат електронски отпад, односно загадувањето и потребата од рециклирање кај нив е нула.

Никола Маркоски е магистер по применета физика, кој своето образование го стекнал на светски познатите универзитети во Москва и Минхен, а во БРАКО раководи со тим од дванаесет инженери задолжени за истражување и развој во компанијата, која произведува широка палета, вклучително и високотехнолошки производи.

Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




