05 Декември, 2025
0.0642

ИПА проект од 1,1 милион евра за техничка помош на МИОА

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2013 13:59

Добивај вести на Viber

Капацитетите на националниот систем за координација на обуките во јавната администрација ќе се зајакнуваат со  1,1 милион евра, обезбедени од Европската унија. Преку ИПА проектот за техничка помош што го почна денеска Министерството за информатичко општество и администрација во наредните 18 месеци ќе добие помош за зајакнување на сопствените капацитети и за обуките што се спроведуваат во целата администрација.

Во проектот се вклучени експерти  од  компании од Австрија,  Шпанија и Италија.  Со нивна помош во  наредните 18 месеци  очекуваме да бидат спроведени голем број обуки предвидени со Стратегијата за реформа на јавната администрација што Владата ја донесе пред неколку години, изјави министерот за информацичко општество и администрација Иво Ивановски.

Финансиите што се добиваат преку проектот, појасни, ќе бидат корисни и по донесувањето на новиот закон за јавна администрација, со што ќе има сериозни  измени и подобрувања во начинот на кој функционира администрацијата.

- Овие средства ќе бидат  корисни за да се направат обуките на раководителите бидејќи тие ќе мора најсоодветно да ја  познаваат материјата што ќе ја опфаќа новиот закон за амдинистрација. Дополнително, тие ќе треба да ги спроведуваат реформите што ќе бидат  предложени во овој закон, посочи министерот Ивановски.

Според него, финансиите од ИПА проектот се добредојдени и поради тоа што се во период кога се прават големи напори администрацијата  да биде поефикасна, поуслужно ориентирана, а со тоа граѓаните да бидат многу  позадоволни од услугите кои ги добиваат од сите државни институции.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј