ИПАРД програмата со промени и можности за поголема искористеност на ЕУ средствата
Објавено во: Агробизнис 26 Март, 2013
Пари за купување најсовремена механизација, за изградба, не само за реновирање пластеници и оранжерии, за обнова на млекарници, фарми, преработувачки капацитети во месната индустрија, како и за изградба, не само за реновирање објекти за рурален туризам, се дел од измените на ИПАРД програмата. Нивната имплементација ќе стартува со следниот јавен повик што треба да биде објавен во јуни годинава.
Според изјавите на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, намалена е границата за аплицирање што овозможува ИПАРД барања да поднесуваат и поситните земјоделци, но зголемена е и сумата за поголемите проекти.
- Можностите се сега многу поголеми. За оние кои сакаат да изградат нови оранжерии границата на дозволени трошоци е подигната на повеќе од 2 милиона евра. Ќе може да се користат и средства за изградба на нови објекти во руралните средини со капацитет до 30 соби и 70 легла во насока на развој на туризмот и нови вработувања за што сметаме дека ќе има голем интерес. Оттука, очекуваме на наредните огласи да се јават поголем број апликанти и искористеноста на средствата да биде многу поголема, истакна Коњановски по средбата со претставниците на Сојузот на стопанските комори.
Досега, бројот на апликации беше прилично низок, 70 до 90 по јавен повик.
- Сега ќе биде сосема поинаку. Очекуваме по околу 1.000 апликации што ќе значи и многу посериозна апсорпција на средства, напомена директорот на Платежната агенција Тони Димовски.
Досега тракторите воопшто не беа дел од ИПАРД програмата. Механизацијата се кофинансираше преку Програмата за рурален развој.
Сојузот на стопански комори ги поздрави измените и побара од Министерството за земјоделство да формира координативно тело од сертифицирани советодавни фирми кои ќе им нудат консултантски услуги на сите заинтересирани агро-бизнис фирми за изработување програми за користење ИПАРД средства.
На Македонија и остануваат неколку десетици милиони евра од периодот 2012/13 година, како и сумата од изминатиот период која се префрла со одредени правила на ЕУ. Можно е дел да бидат загубени, но во тек е креирањето на ИПАРД 2 каде интерактивно соработуваме во однос на мерките и начинот на аплицирање.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.