26 Мај, 2024
0.0270

Ирачкиот премиер доби дозвола да дејствува против турските војници во земјата

Објавено во: Балкан 08 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Владејачкиот Ирачки национален сојуз „Инс“ му даде зелено светло на премиерот Хајдар ал Абад за одмазднички мерки против Турција, ако Анкара се откаже да ги повлече своите војници од територијата на арапската република, соопштуваат ирачки медиуми.

Станува збор за „сите неопходни мерки за заштита на границите и суверенитетот на земјата, вклучувајќи го и своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН и Арапската лига“. Исто така се можни и економски санкции, но детали за нив не се објавени.

„Партнерите во Инс одлучија целосно да ги поддржат активностите на премиерот, во согласност со уставот“, се вели во заедничкото соопштение на коалицијата.

Премиерот Хајдар ал Абад веќе издал наредба за усогласување на ирачките вооружени сили во состојба на готовност.

На 4 декември Турција испратила свои трупи - околу 150 војници, тенкови и артилерија во камп на курдските војници крај ирачкиот град Мосул.

Анкара тврди дека војската е испратена за да ги тренира курдските борци за борба против борците на „Исламска држава“, под чиј надзор се наоѓа Мосул.

Уште следниот ден - 5 декември - Багдад остро реагираше и побара од Турција веднаш да го повлече воениот контингент, исто така и да не внесува воена артилерија, освен ако тоа не е усогласено со ирачките власти.

На 6 декември ирачкиот претседател Фуад Маасум исто така, побарал повлекување на турските војници и го нарекол нивниот влез како „кршење на меѓународните норми и право“. Тој и даде 48 часа на Анкара за да ги повлече војниците.

Можеби ќе ве интересира

КАКО СЕ СЛАВЕШЕ НЕКОГАШ ДЕНОТ НА МЛАДОСТА: Се славеше младоста, убавината, изградбата на социјализмот, достигнувањата на НОБ, а најмногу самиот Јосип Броз Тито

КАКО СЕ СЛАВЕШЕ НЕКОГАШ ДЕНОТ НА МЛАДОСТА: Се славеше младоста, убавината, изградбата на социјализмот, достигнувањата на НОБ, а најмногу самиот Јосип Броз Тито

АКО САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ВО ГРЦИЈА, ЕВЕ КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ: Минималецот е 830 евра

АКО САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ВО ГРЦИЈА, ЕВЕ КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ: Минималецот е 830 евра

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ НА ПАЗАРИТЕ И МАРКЕТИТЕ ВО СОЛУН: Некои производи поевтини отколку кај нас!

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ НА ПАЗАРИТЕ И МАРКЕТИТЕ ВО СОЛУН: Некои производи поевтини отколку кај нас!

„ЌЕ ИМАМЕ СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ, А СО НИВ И ТОРНАДА“: Директорот на српската УХМР објасни какви катастрофи можат да бидат погубни во Србија

„ЌЕ ИМАМЕ СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ, А СО НИВ И ТОРНАДА“: Директорот на српската УХМР објасни какви катастрофи можат да бидат погубни во Србија

Стотици луѓе спијат пред Острог поради оваа чудесна причина: Верниците опишуваат неверојатни искуства од посетата на овој манастир

Стотици луѓе спијат пред Острог поради оваа чудесна причина: Верниците опишуваат неверојатни искуства од посетата на овој манастир

„176 ТЕЛА ПАЃАА ОД НЕБОТО КАКО ДОЖД“: Два авиони во лет се судрија над Загреб, ова никогаш не се заборава

„176 ТЕЛА ПАЃАА ОД НЕБОТО КАКО ДОЖД“: Два авиони во лет се судрија над Загреб, ова никогаш не се заборава

БУРЕКЏИИТЕ СЕ ПЛАТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ХИРУРЗИТЕ: Плата и 100.000 денари, а работници нема

БУРЕКЏИИТЕ СЕ ПЛАТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ХИРУРЗИТЕ: Плата и 100.000 денари, а работници нема

КАКО РАБОТНИЦИТЕ ВО ФАБРИКИТЕ НА СФРЈ НАВИСТИНА ЗЕМАА СТАНОВИ И КОЈ МАМЕШЕ: Еве што се случи со работниците, што се случи со менаџерите

КАКО РАБОТНИЦИТЕ ВО ФАБРИКИТЕ НА СФРЈ НАВИСТИНА ЗЕМАА СТАНОВИ И КОЈ МАМЕШЕ: Еве што се случи со работниците, што се случи со менаџерите

МАКЕДОНИЈА ГО РАЗОЧАРА ВУЧИЌ: За српскиот претседател Грција има повеќе 'рбет од нас

МАКЕДОНИЈА ГО РАЗОЧАРА ВУЧИЌ: За српскиот претседател Грција има повеќе 'рбет од нас