Иран e подготвен за соработка со Саудиска Арабија околу конфликтот во Јемен
Објавено во: Свет 31 Март, 2015 19:02
Иран сака сите земји во Јемен да се вратат на преговори, изјави Хосеин Амир Абдулахиан, заменик министер за надворешни работи на Иран, цитиран од „Ројтерс“. Тој додал дека Исламската Република и Саудиска Арабија би можеле да работат заедно за да го решат конфликтот во Јемен.
„Иран и Саудиска Арабија можат да соработуваат за јеменската криза“, изјавил Абдолахиан за новинарите во Кувајт. „Ги повикуваме сите страни во Јемен за смиреност и дијалог“, додал тој.
На прашањето дали има било какви канали за комуникација со својот најголем ривал во регионот заменик министерот за надворешни работи одговорил: „Се обидуваме“. Тој не дал повеќе детали, но запрашан дали Техеран има план за крај на војната во Јемен, одговорил: „Имаме предлог“.
Иран ги поддржува шиитските бунтовници хуси кои ја контролираат јеменската престолнина Сана и кои започнаа офанзива против силите лојални на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади во јужниот пристанишен град Аден. Претседателот ја има поддршката на Саудиска Арабија. Иран од своја страна ги негира обвинувањата дека ги вооружува бунтовниците хуси.
Техеран ја критикуваше Шестдневната операција со воздушни напади, предводена од Саудиска Арабија.
„Саудиските напади над Јемен се стратешка грешка“, изјавил Абдулахаин. „Постигнувањето на политичко решение бара итен прекин на воените операции и започнување на дијалог меѓу сите партии во Јемен“, додал тој.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




