Исчезна момче од Аеродром, внук на Љубе Бошковски?! - Пријателите го бараат преку социјалните мрежи
Објавено во: Македонија 06 Март, 2023
На социјалните мрежи се шири вест за киднапирање на момче од општина Аеродром.
Според пишувањата на „Твитер“ станува збор за Самоил Костадиновски од Ново Лисиче, тој наводно бил киднапиран во близина на чешката амбасада.
ММС.мк објави дека станува збор за внук на политичарот Љубе Бошковски.
Тие стапиле во контакт со семејството Бошковски, за потврда на информацијата. Сопругата на Бошковски, Виолета, потврдила дека станува збор за нејзин внук од брат. - Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, кај што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имале тројца луѓе. Потоа кажале дека тоа се случило кај чешката амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен - вели Бошковска и додава дека семејството не знае која е причината, односно тој дома не зборувал дека имал некакви проблеми.
На социјалните мрежи се шири апел за помош од граѓаните за негово пронаоѓање.
— ИсповедитеНаДемијан (@IspovediDemijan) March 6, 2023
- На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира МВР.