05 Декември, 2025
0.0580

ИСКРЕНА ПРИКАЗНА НА ДОКТОРКАТА ОД КУМАНОВО: КОВИД-19 не е шега, болеста не треба да се крие

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Март, 2020 10:33

Добивај вести на Viber

На фејсбук се огласи докторката од Куманово, Гордана Николиќ, за која беше утврдено дека е позитивна на коронавирусот. 

Таа искрено ја раскажа својата приказна, нагласувајќи дека тоа не е нешто што треба да се крие.

„Драги мои фб пријатели Ковид -19, не е шега!!! Да, ПОЗИТИВЕН ми е тестот на Ковид -19 . Денес дознав .Шок , секако....не сакам да верувам. Немам написмено, ама ми соопштија . Ова не се крие, се кажува, допрва ќе има случаи. Но, за нас медицинските лица тоа е нешто за што знаеме дека може да ни се случи, данок на професијата, космонаутската заштитна маска доцна ја купив значи.. Можам само да претпоставувам од кого го добив, не да тврдам. За тоа епидемиолозите ќе се погрижат., ако можат воопшто да најдат. Имав контакт, службено и со заболената која почина, имав контакти и со "здрави" луѓе на работа. Не шетав никаде надвор од МК. Не знаеме кој е носител , а е навидум здрав. Никој не сака свесно да пренесе некому, затоа СЕДЕТЕ ДОМА , вие кои не морате да одите на работа. Не одете на кафе по комшии, правете муабет на растојание од 2 метра ако веќе морате. Користете мобилен за муабет. Јас еве сега ќе бидам во карантин дома, нема да излегувам од дома, да не ми се плашат прво комшиите во влезот. Нема ни во лифт да се возам да знаат. Кеси со храна и друго пред врата ќе ми оставаат мои блиски и откако ќе си заминат ќе ја земам кесата . Не се плашам за мене, се плашам за другите. И се си мислам дека ова е лош сон, ама не е. Реалност е. Отидов да пијам чај и сок од лимони, да правам смути, да пијам суплементи. За сега сум ок, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг сипмтом. Цел живот нешто се борам и еве пак.Чувајте се. Постот го пишувам за доброто на сите“, напиша докторката на својот фејсбук профил.

Таа и утрово напиша каква е нејзината здравствена состојба, објавувајќи фотографија со снегот надвор, за кој вели дека ќе му се радува само од тераса.

Утринска самовизита. Немам покачена температура, лесно поткашлувам, лесна главоболка, ноќеска грозница без температура. Затнат нос, намален апетит, изгубен осет за вкус . Мед, чај и сок од лимони , денот може да почне. Да не пишувам поединечно во порака како сум за сите кои ме мислат. :) Снегот е преубав....ама јас од тераса ќе му се радувам“, вели докторка Николиќ.

И посакуваме брзо оздравување.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски