ИСКУСТВА: Како да работите во Малта, ама со македонски пасош?
Објавено во: Стил 01 Декември, 2016 12:17
Малта стана земја која се почесто привлекува Македонци.
Ќе заминат како туристи, ќе останат на работа. Ваквите случаи станаа се побројни посебно во летната сезона.
Сепак дали знаевте дека е лесно да се најде работа и без македонски пасош?
Доколку сакате да работите таму, напрво што треба да направите е да поднесете барање за издавање на дозвола за работа до надлежните органи, најдоцна три месеци порано.
Всушност, на истите ќе им се додели лиценца за работа, која можат да ја искористат во услови кога не може да се најде работник од ЕУ земја за конкретното работно место.
Важно е да се нагласи дека дозвола за вработување се добива пред да се започне со работа во Малта, а секој откриен прекршок на оваа законска обврска е подложен на парична казна.
Потребни документи кои треба да бидат доставени од страна на граѓаните кои сакаат да аплицираат за дозвола за вработување да работат во Малта:
-Пријава за дозвола за вработување, соодветно пополнета и потпишана од страна на кандидатот и работодавачот;-Копии на страниците од пасошот кои ги содржат личните податоци, фотографија на кандидатот и а виза за престој во Малта (доколку кандидатот е во Малта кога го поднесува барањето);
-Писмо каде ќе напише детални информации во врска со причината за вработување во Малта;
-Кратка биографија;
-Доказ за квалификации (дипломи, сертификати);
-Една фотографија (со димензии како за пасош);
-Копија од писмото во кое работодавачот потврдува дека на огласот не се пријавил државјанин на ЕУ држава;
-Сите документи мора да бидат на англиски јазик.
Македонците во Малта најчесто се вработуваат во угостителски објекти. Таму заминуваат на свој трошок како туристи, при што имаат дозволен престој во времетраење од 3 месеци.
Во меѓувреме бараат работа, а доколку најдат и работодавачот е задоволен од нив, тогаш самиот им ја продолжува визата за престој до една година. Работа полесно се наоѓа во текот на летниот период, а просечната плата е од 500 до 700 евра. Според искуството на многу Македонци, најдобра опција е да имате некој близок во Малта, каде ќе можете да престојувате додека не најдете работа.
Македонскиот пасош не е проблем, бидејќи како што велат и самите – ретки се државјаните на ЕУ земјите кои доаѓаат да работат таму за таква плата.
„Тука сум три месеци и моето искуство не е многу убаво. За нас Македонците има работа како собарки, шанкери, келнери, градежници, чистачи. Тоа што не работат Малтежаните, тоа го работиме ние. Дипломите не се признаваат, а платите се 800 евра. Немаме некои права како работници, се работи многу“-вели младата А.Ѓ. од Скопје, која работи во градот Бугиба.
Можеби ќе ве интересира
Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се




