ИСКУСТВО ОД ЈАПОНИЈА: Пензионерите можат да заработат до 40 евра на час
Објавено во: Економија 04 Септември, 2025 19:15
Според различни медиуми, услугата на баба за изнајмување во Јапонија чини околу 19 до 21 евро на час, а со трошоците за пристигнување, вкупниот износ е од 38 до 41 евро на час. Клиентите се на различна возраст.
Имено, осаменоста и изолацијата на старите лица станаа исклучително голем проблем таму, па бабите нудат прегратки, разговор, совети и топол оброк, а за возврат добиваат работа, односно финансиска компензација.
Оваа иницијатива за изнајмување баби во Јапонија создава нови работни места во општество кое често ги занемарува искуството и вештините на постарите жени. Инаку, 69-годишната Таеко Каџи од Токио нуди животни совети на секој што ќе ја вработи, подготвува оброци и помага со домашните работи доколку сака.
Според податоците од 2024 година, учеството на жените во постојан работен однос е сè уште највисоко во возрасната група од 25 до 34 години. Се очекува бројот на постари жени на пазарот да расте бидејќи тие често немаат работно искуство поради паузи во кариерата. Малкумина од нив можат да живеат само од својата пензија. Бидејќи Јапонија има едно од најстарите популации во светот, постои растечка потреба од иновации што ги комбинираат грижата, заедницата и вработувањето, објавува „Послован дневник“.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





