19 Декември, 2025
0.0362

Исламизација или демократизација: Ердоган ги врати шамиите во државните институции

Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2013 18:51

Добивај вести на Viber

Откако премиерот на Турциј,а Реџеп Таип Ердоган го најави пакетот мерки за „демократизација “ на државата, властите одлучија- од денес се укинува забраната за носење на шамии за жените вработени во државната администрација. Пакетот мерки Ердоган го претстави на 30 септември, а оваа мерката е дел од пакетот демократски реформи. „Денеска отстранивме една архаична состојба, што противречеше на духот на Републиката, ова е чекор кон нормализација,“ изјави Ердоган. Тој во своето обраќање пред парламентарната група на неговата Партија на правдата и развојот, истакна дека Турсција е република на сите 76 милиони жители на државата. „Жените со шамии се рамноправни членови на републиката, исто колку што и тие што не ги носат“, посочи премиерот. Со уставните реформи, најбројни во новата историја на Турција меѓу другото,  е предвидено да може да се изведува настава во приватните училишта и на друг јазик, освен турскиот, намалување на цезусот потребен за влез на некоја партија во парламентот, се даваат новите права за курдите и останатите малцинства.Содржината на пакетот уставни реформи ги третира најчувствителни општествени прашања во земјата и ова се најголеми уставни реформи од времето на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк Опозицијата ја критикуваше мерката, сметајќи дека таа претставува нов симбол кон исламска, а не секуларна Турција.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен