18 Декември, 2025
0.0430

Исламската држава престана да црпи нафта во Сирија во страв од бомбардирањата

Објавено во: Свет 26 Септември, 2014 19:06

Добивај вести на Viber

Исламската држава престана да вади нафта од шест нафтени полиња во Сирија, кои ги држи под контрола во источната покраин Деир Езор, во страв од нови воздушни напади од меѓународната коалиција. Како што потврдиле претставници на џихадистичката организација, извлекувањето на нафтата е прекинато од безбедносни причини. Работата е запрена насите полиња, освен на полето Конеко, од кое се испорачува природен гас потребен за производство на струја во шест покраини. Веќе неколку месеци Исламската држава ги контролира најважните нафтени полиња во Деир Езор и произведува повеќе нафта отколку сириската Влад. Сириското Министерство за нафта проценува дека џихадистите црпат 80.000 барели нафта на ден, додека државното производство на Сирија паднало на само 17.000 барели на ден. Според независни извори, Исламската држава сепак произведува помалку - околу 50.000 барели на ден во Сирија. Сепак, пресметките се дека терористите контролираатседум полиња и две рафинерии во северен Ирак и шест од десет нафтени полиња во Сирија. Нафтата е еден од нивните главни извори на финансирање. Авионите на САД и арапските земји и денеска трет ден по ред ги нападнаа нафтените капацитети на Исламската држава во Сирија, во обид да им попречат на џихадистите да го користат вредниот енергенс.  

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина