05 Декември, 2025
0.4372

Исплатени 125 милиони денари за субвенции

Објавено во: Агробизнис 18 Септември, 2017 15:39

Добивај вести на Viber

Околу 125 милиони денари се исплатија во текот на минатата недела за субвенции за земјоделство, соопштија од министерството. 

Најголемиот дел или околу 61 милиони денари се за субвенции за дополнителна финансиска поддршка за сертифициран семенски материјал,  35 милиони  денари за субвенција за литар предадено млеко, над 17 милиони денари се субвенции за предаден зеленчук во преработувачки капацитети. 

Остатокот од исплатените субвенции се за различни земјоделски сектори. Во моментов се обработуваат решенијата за исплата на преостанатите субвенции за 2016 година, по што наскоро ќе следува исплата. Од 1 јуни до сега се исплатени над 60 милиони евра за субвенции, кои легнаа директно на сметките на околу 50 илјади земјоделци.

„Во моментов формираните работни групи во МЗШВ, интензивно работат на подготовка на петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која што ќе бидат преточни сите мерки од Програмата на Владата, кои опфаќаат зголемување на субвенциите за земјоделците.  Финансиската поддршка за земјоделството од следната година ќе изнесува 160 милиони евра, сума која што ќе биде соодветено распределна во секоја земјоделска гранка.

Дел од мерките од Програмата на Владата, се реализираа  уште во првите 100 дена. За 10 проценти се зголеми субвенцијата за хектар површини со лозови и овошни насади,  фуражни и градинарски култури, мерка која е дел од најавеното 20 процентно зголемување во следните четери години. Со измени на Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се обезбедија  дополнителни 10 милиони евра за активни мерки за поддршка на земјоделците. Развојот на земјоделството и во следниот период ќе биде во фокусот на Владата, а преку обезбедување на повеќе пари за земјоделците, ќе придонесеме за унапредување на земјоделското производство и крајно на севкупниот економски напредок.

Субвенциите се мерка која што е загарантирана со Законот за земјоделство и рурален развој. Основна цел на субвенциите е развој и модернизирање на земјоделското производство, поради што МЗШВ изминативе три месеци  интензивно работи на долгорочни стратегии за зголемување на ефикасноста на субвенциите и нивниот позитивен импакт во земјоделството.  Фактот што изминатите години се издвојуваа милиони евра за директна финансиска поддршка, а и натаму имаме пораст на увозот на земјоделско-прехрамбени производи, намалување или стагнирање на земјоделски површини, приноси и број на добиток, е доволен доказ дека нешто не е во ред со досегашниот модел на субвенционирање. За таа цел заедно со Светска банка ќе спроведеме анализа на досегашната ефикасност на субвенциите“, соопштија од МЗШВ. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?