Исплатени 209 милиони денари субвенции за сточарите
Објавено во: Агробизнис
03 Април, 2013 15:43
Добивај вести на Viber
На 616 сточари денеска им се исплатени 98 милиони денари за одгледување овци. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по грло, за сите категории овци, плус 700 денари за секое задржано женско јагне, соопшти денеска министерството.
На 2.589 сточари им се исплатени 52 милиони денари за одгледување говеда. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 2.700 денари по грло.
Вчера за одгледување пчели на 1.349 одгледувачи им беа исплатени 55 милиони денари. Мерката изнесува 600 денари субвенција по презимено пчелно семејство.
Владата на Република Македонија и Министерството за финансии со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство, наведуваат во соопштението.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?